Акциска контрола на СВР Битола
затекнати 13 малолетници во угостителски објекти,интернет кафе и билјард клуб во Битола.
На 17/18.02.2023 година во времето од 23.00 до 04.00 часот полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола и ПС ОН спроведоа акциска контрола на повеќе локации и објекти во Битола лоцирани на Широк Сокак" на ул. Солунска" и во комплекс „ Пелагонка 2“ во Битола за откривање на присуство на малолетници после 24часот.При акциската контрола во објектите се затекнати 13малолетници.Констатирани се два прекршоци по чл. 21 од ЗППЈРМ.
Во кафе бар лоциран во комплекс „Пелагонка 2“ Битола,во изнајмен објект за роденденска забава, затекнати се деца при што истите се алкотестирани во присуство на родители и кај истите е утврдено присуство на алкохол .Со потврда децата се предадени на родителите.