2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Денес во атарот на село Снегово над битолската населба Баир во организирана акција на  Шумската полиција разбиена е група дрвокрадци. Во акцијата се запленети 3 шпедитери натоварени со околу 3 м3 огревни дрва, и истите се предадени во ШПС Кајмакчалан Битола. За сторителите се поднесени соодветни пријави, информираат за апла.мк од Шумската полиција

После многу протести, договори и преговори, конечно некој   од надлежните одговори на барањата на Шумската полиција. За првпат после 22 години шумските полицајци  добија  за 30 проценти повисока плата. Со ова покачување основната плата на еден шумски полицаец изнесува околу 23.000 денари и плус другите додатоци. Од Независниот синдикат  на шумската полиција велат дека министерот за земјоделство, Аријанит Хоџа, за неочакувано краток период започнал со реалзиација на дадените ветувања за повисоки палти, подобрување на условите и правата на Шумксата полиција,.

Битолчанецот  Никола Гаговски, е избран за нов претседател на Независниот синдикат на шумската полиција и администрација, на вонредното изборно  собрание што се одржа вчера во Штип. Гаговски работи  во шумската полициска станица во Битола.

Вчерашното Собрание беше свикано бидејќи досегашната претседателка Аница Симонова од ШПС, Крива Паланка е назначена за началник на Секторот шумска полиција при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Р. Македонија.  Во изборот за претседател на Синдикатот беа шест кандидати, од кои со мнозинство гласови е избран Гаговски.  

Вчера  на Собранието беше изгласано и ново претседателство.  

Страница 4 од 4

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани