Webp.net gifmaker

ВМРО -НП ВО БИТОЛА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК ЌЕ ЈА ПОДДРЖИ НАТАША ПЕТРОВСКА ОД СДСМ

Октомври 05, 2017

ВМРО -НП ВО БИТОЛА  ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК ЌЕ ЈА ПОДДРЖИ НАТАША ПЕТРОВСКА ОД СДСМ

Членството од ВМРО-НП од Битола одлучи на престојните локални избори  да даде поддршка на Наташа Петровска како кандидат за градоначалник. Партискиот огранок отвори нов штаб  и членството вчера се сретна со Петровска. 
-ВМРО-НП е демократска партија и ни даде слобода сами да одлучиме кого ќе поддржиме на престојните локални избори. За нас подобар кандидат е Наташа Петровска од СДСМ и одлучивме неа да и пружиме поддршка - рече Кире Климевски од ВМРО-НП. 
Тој додава дека Горан Невеновски деновиве без никакви консултаци со нив, дал своја лична изјава дека ќе го поддржи Зоран Илиоски, додека останатите членови во партијата во Битола  застануваат за Петровска.

Преку Центарот за комуникации на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, со соопштение се огласи Горан Невеновски, претседател на ОК на ВМРО-НП, кој уште еднаш ја потврди поддршката на раководството на оваа партија за Илиоски.

-Александар Делов носител на листа на Павле Трајанов на последните парламентарни избори и Кире Климевски, шеф на изборниот штаб на Љубе Бошковски, подржани од неколку членови на ВМРО-НП, организирале приватна забава на која искажале поддршка на СДСМ. Ставот на општинското раководство на ВМРО-НП е јасен и целата поддршка на овие локлани избори ја даваме на Зоран Илиоски и партијата ВМРО-ДПМНЕ, пишува Невеновски во соопштението.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани