Изјава на советникот во Советот на Општина Битола од ВМРО-Народна партија, Кире Климески
Тони Коњановски на 7 oктомври 2021 година за време на кампањата за локалните избори ветуваше:
поддршка за доброволните противпожарни друштва
современи услови за пожарникарите вработени во ТППЕ Битола
нов објект –изградба на пожарна во касарната.
После 2 години изгубено време на народот од лагите на локалната власт и 0 денари вложени пари во Пожарната ќе кажеме дека:
нема поддршка за доброволните против пожарни друштва
советниците на ДПМНЕ не гласаа за отстапување на дотраените ПП возила на ДПД
советниците на ДПМНЕ не ја гласаа ниту годишната програма за вработување во Пожарната
нема современи услови за пожарникарите
ништо не е инвестирано за подобрување на условите во ТППЕ Битола
Туку има само неисплатени прекувремени саати на пожарникарите кои своите права си ги бараат преку тужби.
нема нов објект на Пожарната во кругот на Касарната
нема локација за изградба на Пожарна во кругот на Касарната
нема ниту средства обезбедени за нејзина изградба
Овој плакат го оставаме тука, да сведочи за лагите на Коњановски и за изневерените очекувања на пожарникарите.
Коњановски не ја оправда довербата на битолчани. Напротив ги разочара и ги изневери и пожарникарите и битолчани.