СЕ УДАВИ 13 ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ВО БАЗЕНОТ ДОВЛЕЏИК ВО БИТОЛА

Јуни 12, 2019

Девојче се удави во базенот „Довлеџик“ во Битола. Од Битолската полиција потврдуваат дека имаат таква пријава, а детали за случајот ќе објават подоцна.

Не се знае точно дали девојчето влегло во базентот да се капи или пак, се лизнало.  Базенот се уште не е отворен за оваа сезона. Инаку е во сопственот на Јавното претпријатие „Стрежево“ од Битола, но со него стопанисува приватниот концесионер „Мега Груп“ на кого под закуп го издала уште претходната власт на 12 април 2017 година. Табла со името на концесионерот е поставена кај базенот. 

 

Од Јавното претпријатие „Стрежево“ изразија големо жалење за загубата на млад човечки живот. 

Директорот Менде Граматковски вели дека базенот е даден под концесија на приватната компанија „Мега Груп“ уште пред две години од претходната власт. grup 1

„Одговорноста не е наша зашто базенот е издаден под концесија и немаме обврска ние да поставуваме обезбедување. Се прашуваме зошто кога е даден базенот на приватен концесионер и таму се изведуваат активности за престојната сезона не поставиле обезбедување? Нашиот диспејџер има обврска да ја следи водата во каналот, а не и да го обезбедува базенот. По ова на детална анализа ќе подлежи договорот со концесионерот“ рече директорот Менде Граматковски. 

Починатото девеојче е на возраст околу 13 години и било  донесено е на Ургентното одделение во безживотна состојба без никакви знаци на живот, соопштија од Битолската болница.

„И покрај упорноста на екипита на Ургентното одделение и извршената реанимацијата се беше безуспешно, за жал. Девојчето за краток период ќе биде пренесено на патологија.Случајот понатаму го превзема МВР и обвинителството“, соопшти Сузана Конеска, портпарол на Болницата. 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани