2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Полицијата го приведе, а Оливер Ристески демантира дека крадел дрва во полициски час

Април 13, 2020

Оливер Ристески, претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ во Општина Могила влезе во билтенот на МВР, откако викендов за време на полициски час бил затекнат како се движи во атарот на селото Древеник и како влече исечени дрва заедно со други лица. Тој и уште тројца други мажи биле лишени од слобода и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава од полицијата. Носителот на листата на ГДУ во 4-тата изборна единица, Добре Митрев, пак, ја шокираше јавноста со свој фејсбук статус, во кој изнесе информација дека претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ-Могила, Оливер Ристески, бил фатен за време на полициски час како краде дрва.

Ристески во разговор за Апла.мк демантира дека крадел дрва, туку вели дека е домаќин човек кој со својата фамилија бил на нивата со лозје и ги сечел пенушките. Според него целата оваа ситуација е исценирана политичка хајка, зошто ВМРО ДПМНЕ убедливо победува на сите избори во Општина Могила.

-Бев на моето лозје, го копачевме со две од моите четири деца, сечевме пенушки од лозите за во каминот, полицијата не затекна во атарот на Долно Српци, а министерот за земјоделство кажа дека за движење во атарот не ни треба дозвола за движење во полициски час. Нас не застана полицијата, се сомневам само заради мене, зошто во исто време покрај нас поминаа уште десет трактори и заминаа без проблем. Јас сум домаќин човек со имот и сум дипломиран правник, многу добро ги знам сите закони. Полицијата по ова не приведе и не пушти дома, па сега на суд нека докажат дека сме краделе дрва. Алатот што го имав во тракторот беше за сечење на виновата лоза. Сигурно со фамилијата и децата нема да одиме да крадиме дрва, изјави за Апла.мк Ристески.  

олки

Во полицискиот извештај стои дека:

-На ден 11.04.2020 во 13.30 часот В.Т. вработен во Шумска полиција пријави дека од с.Древеник кон с.Долно Српци се движеле неколку трактори натоварени со дрва, кои не застанеле на даден знак од страна на шумарот во тоа подрачје. По пријавата од Шумска полиција на лице место е излезено од страна на шумар од ЈП Национални шуми, кој ги затекнал лицата во атар на с. Древеник, каде што ги влечеле исечените стебла и таму ги собирале, за потоа да ги пренесуваат. Од страна на шумарот им било кажано дека ќе биде изготвен записник и ќе го документира настанот, а против сите лица ќе биде поднесен соодветен поднесок од страна на надлежните служби на ЈП Национални шуми. Потоа лицата заминале од местото на настанот, а веднаш по пријавата од страна на Полициски службеници од СВР Битола било излезено на терен во атарот на с.Долно Српци, каде биле забележани лицата: О.Р.(44), К.С.(54), Г.С.(30), тројцата од Д.Српци, и М.И.(65) од Прилеп. Истите не поседувале соодветна дозвола за движење за време на мерката за забрана на  движење. Лицата беа лишени од слобода во 15.30, и против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Митрев од ГДУ пак пишува -

Се поставува прашањето, ако еден претседател на ОК на една општина направил ваков кривичен, срамен и недозволив акт, каков пример им дава на своите слебеници и на каков начин има план да ја води својата општина, доколку дојде до некаква функција? Дали за ваквиот тип на луѓе ќе важи правото и законот како и за обичните кои не се претседатели или водачи на одредени партии и движења? Дали партијата ВМРО-ДПМНЕ планира да преземе било какви чекори и да го исчисти својот срам во општина Могила? 

Замислете само во опозициско време, претседател се дрзнал да краде дрва, како би било во позициско? Се надевам дека одговорните институции ќе го решат овој случај и соодветно ќе одговорат на криминалот кој е направен“, пишува на фејсбук Митрев.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани