АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Видео снимка од наводно илјадници руски војници кои се спуштаат со падобрани над украинскиот град Харков се појави на социјалните мрежи. Видеото за кратко време стана многу вирално, а го презедоа и дел од македонските портали (тука и тука). Според објавеното, освен со тенкови, авиони и со хеликоптери, руските војници со падобрани слетувале на украинска територија.
Нашата проверка покажа дека станува збор за видео старо најмалку 8 до 10 години.
На социјалната мрежа Твитер се појави чудесно видео на кое се гледа како небото над Украина е начичкано со падобрани, а на прв поглед, ако се земе предвид формата на падобранските крила, целата таа слика наликува на море преполно со медузи, стои во написите.
Снимката од корисникот на Твитер која ја презеле нашите портали е тргната, но истата може да се погледне тука. Таа исто така стана вирална и на Јутјуб (тука, тука, тука).
Видеото не е ново и не прикажува руски падобранци кои се спуштаат над Харков. Видеото може да се најде на Јутјуб, објавено во 2018 година, како снимка од воена вежба во Восток.
Истото видео го најдовме и на Фејсбук, споделено од Фејсбук страната Made in Russia на 18 септември 2016 година. Според објавата, видеото е направено во 2014 година.
https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2022/02/screenshot-2022-02-24-190535-300x147.jpg 300w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2022/02/screenshot-2022-02-24-190535-768x377.jpg 768w" alt="" width="870" height="427" class="aligncenter wp-image-121227 size-full b-loaded" style="clear: both; display: block; margin: 15px auto 25px;" />Од сето ова можеме да заклучиме дека видеото за кое се тврди дека прикажува илјадници руски падобранци кои слетуваат над Харков, нема никаква врска со нападот на Русија на Украина кој почна на 24 февруари 2022 година.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар