2win800x200

СВР Битола - За брзо возење санкционирани 30 возачи

Јануари 25, 2023

Во текот на вчерашниот ден (24.01.2023) на територијата на СВР Битола спроведена e акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 30 возачи. Од нив 23 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 7 возачи надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. 

Акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани