ВМРО-ДПМНЕ го обвини СДСМ околу поддршката за граѓански здруженија и спортски клубови, СДСМ возврати со контра напад

Февруари 10, 2024
битола википедија битола википедија

 ВМРО-ДПМНЕ го обвини СДСМ околу поддршката за граѓански здруженија и спортски клубови, СДСМ возврати со контра напад.

 Од ВМРО-ДПМНЕ објави- 

-Во интерес на јавноста, а посебно во интерес на спортските клубови и здруженија на граѓани, сакам да ве известам дека петок (09.02.2024) комисијата за финансии и буџет имаше седница, на која како точки на дневен ред се најдоа два повици:
1. ЈАВЕН ПОВИК за доделување на финансиски средства од Буџетот на општина Битола на здруженија на граѓани и фондации за 2024 година
2.ЈАВЕН ПОВИК за доделување на финансиски средства од буџетот на општина Битола на спортски клубови, спортски здруженија и спортисти за 2024 година.
После дискусијата за јавните повици претседателката на советот заедно со советниците на СДС гласаа воздржано за распишување на овие два повици за поддршка на здруженијата за граѓани и спортските клубови во Битола.
За распишувањето на овие два повици не постои никаква законска пречка истите да бидат распишани. Ова е уште едно кочење од страна на советниците од СДС и ПОИНАКУ.
Прв пат во историјата на општина Битола јавните повици за поддршка на здруженијата за граѓани и спортски клубови не доби поддршка од т.н ново мнозинство кое очигледно интересот им е само кочење и деструкција, овјави Зоран Петковски, советник на ВМРО-ДПМНЕ.
 
 
На Фејсбук страната на СДСМ Битола возвратија-
 
"Шверцерите на незаконски акти", Тони Коњановски и Борче Димитровски, денес на Комисијата за спорт во Советот на Општина Битола се обидоа да прошверцуваат одлуки за распишување на јавни повици за здруженија на граѓани и за спортски здруженија и покрај тоа што (би требало да) знаат дека:
- Јавните повици обично траат 15 дена, по што се носи одлука за пристигнатите апликации,
- Изборите ќе бидат распишани за 5 дена од денес и согласно закон не може во време на избори да се вршат такви исплати кои не се редовни, месечни.
Оттаму, се поставуваат прашањата:
- Зошто Коњановски сака три месеци да држи во фиока апликации и барања за финансиски исплати од буџетот на Општина Битола?
- Дали Коњановски има намера да врши притисок врз апликантите во текот на изборниот процес и да ветува исплати по завршувањето на изборите во мај?
- Зошто Коњановски мисли дека може бесконечно да манипулира со битолчани и да ги есапи за недоветни?
- Кој ќе биде сега пак крив што шверцерските одлуки не поминаа? Советниците, Цацко или Бранко?
Ако Коњановски барем малку се посветеше на обврските наместо на ваквите циркуски игри што секојдневно ги приредува, можеби Битола немаше да изгледа како последна паланка во Македонија!
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани