2win800x200

Драган Велјанов - СДСМ потоп, ДУИ пирова победа, ВМРО-ДПМНЕ пред голема одговорност

Мај 11, 2024

Граѓанскиот активист Драган Велјанов од Битола, направи анализа на резултатите од двојни избори, парламентарни и претседателски. 

Според него на избори СДСМ доживеа потоа, ДУИ пирова победа,  а за ВМРО оваа голема доверба од граѓаните значи уште поголема одговорност за успешно раководење со државата.

Сума сумарум:
На ниво на држава имаме поголем одзив за гласање, иако бројот на новозапишани гласачи е многу мал. Бројот на неважечките гласачки ливчиња е исто така намален што зборува за повисока одговорност на граѓаните и подобар избор на кандидати. Бројот на освоени мандати во однос на различните етникуми останува непроменет, за разлика од претходниот циклус кога 12 мандати беа префрлени од македонскиот во албанскиот блок.
Кај македонците ВМРО успеа да преземи 16 мандати од СДСМ на која дополнително и беа одземени уште 4 мандати од Левица и 6 мандати од ЗНАМ.
Кај албанците ДУИ успеа да преземи 3 мандати од ВРЕДИ ако се земат во предвид освоените мандати на партиите кои се дел од овие коалиции. Што значи, кај македонците се случи дебакл на владејачката партија, а кај албанците се издвојува пирова победа на владејачката партија која по сѐ изгледа дека нема да биде дел од новата влада.
Во Битола имаме повисок одзив за гласање, иако имаме драстичен пад на вкупно запишаните гласачи што треба малку повеќе да не подзамисли. Добро е што бројот на неважечките гласачки ливчиња е намален. Во врска со резултатите од гласањето, имаме повторно прелевање на 1 мандат од македонскиот во албанскиот блок кај ДУИ (само да потсетам дека на минатите избори имавме прелевање на 2 мандати).
Кај владејачката партија СДСМ се случи потоп со што изгубија 5 мандати од кои 2 мандати се прелеаа во ВМРО, по еден во ЛЕВИЦА и ЗНАМ, а 1 мандат како што кажав во ДУИ. Битоа е еден вид на репер за тоа како би се одвивале политичките движења на државно ниво и токму затоа на СДСМ во Битола многу пати му беа доделувани жолти картони од кои не успеаја да извлечат заклучоци и затоа овој резултат беше повеќе од очекуван. Како ќе успеат да се рестартираат и дали воопшто ќе успеат со оглед на нивниот слаб кадровски капацитет останува да видиме, а за ВМРО оваа голема доверба од граѓаните значи уште поголема одговорност за успешно раководење со државата.
Оваа голема поддршка е повеќе револт кон СДСМ отколку признание за нивните реформи и кадровски промени за некаква нова енергија или нова политика. Да бидам искрен дека во нивните редови не се случи никаква промена на оние истите кадри од времето на Двојче, дури и 2/3 од предложените пратеници останаа исти од претходниот пратенички состав. Очигледно е дека тоа на граѓаните не му пречи, како мене што ми пречи на пример, ама што е тука е. Посакувам успех во практицирањето на власта, иако не очекувам некаква драстична промена во курсот на власта кон Битола, дури сметам дека оваа промена нема ама баш ништо да ни значи нас како град. Дај боже да не сум во право, ама еден познат актер во еден филм има речено: "Мој ме инстинкт никад не вара". Да не бидам песимист и да го завршам овој пост со надеж дека Битола полека ќе се придвижи кон оној примат во државата кој насилно и е одземен од сите досегашни владејачки структури во ова наша драга Македонија.
Секое добро!
Низ бројки Велјанов анализира - 
Ајде да ја погледнеме споредбата на резултатите од овие парламентарни избори со тие во 2020 година:
МАКЕДОНИЈА:
?️Бројот на запишани гласачи ⬆️ пораснал за 1087 гласачи
* 1.814.263 (2020) - 1.815.350 (2024)
?️Вкупно гласале ⬆️ повеќе 62.682гласачи
* 943.750 (2020) - 1.006.432 (2024)
?️Бројот на неважечки ливчиња ⬇️ паднал за 4.090 гласачи
* 31.564 (2020) - 27.474 (2024)
?️Бројот на Македонски мандати останува ист -88
* 88 (2020) - 88 (2024)
- 42 СДСМ - 58 ВМРО
- 44 ВМРО - 18 СДСМ
- 2 ЛЕВИЦА - 6 ЛЕВИЦА
- 6 ЗНАМ
?️Бројот на Албански мандати исто така останува ист -32
* 32 (2020) - 32 (2024)
- 15 ДУИ - 19 ДУИ
- 4 БЕСА - 13 ВРЕДИ
- 12 АЛИЈАНСА
- 1 ДПА
БИТОЛА:
?️Бројот на запишани гласачи ⬇️ паднал за 3.711 гласачи
* 79.606 (2020) - 75.895 (2024)
?️Вкупно гласале ⬆️ повеќе 1.620 гласачи
* 45.762 (2020) - 47.382 (2024)
?️Бројот на неважечки ливчиња ⬇️ паднал за 269 гласачи
* 1.700 (2020) - 1.431 (2024)
?️Бројот на Македонски мандати во И.Е 5 ⬇️ се намали за 1 мандат
* 16 (2020) - 15 (2024)
- 8 СДСМ - 10 ВМРО
- 8 ВМРО - 3 СДСМ
- 1 ЛЕВИЦА
- 1 ЗНАМ
?️Бројот на Албански мандати во И.Е.5 ⬆️ се зголеми за 1 мандат
* 4 (2020) - 5 (2024)
- 3 ДУИ - 4 ДУИ
- 1 АЛИЈАНСА - 1 ВРЕДИ
?️Бројот на гласови за добитните пратенички места кај:
* СДСМ се намалил ⬇️ за 10.216 гласови
- 19.605 (2020) - 9.389 (2024)
* ВМРО се зголемил ⬇️ за 5.104 гласови
- 19.501 (2020) - 24.605 (2024)
* ЛЕВИЦА освои 4.926 гласа
* ЗНАМ освои 3.830 гласа
* ДУИ се зголемил ⬆️ за 75 гласови
- 1.586 (2020) - 1.661 (2024)
* ВРЕДИ се зголемил ⬆️ за 280 гласови
- 396 (2020) - 676 (2024)
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани