2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

ОД НИВНИТЕ ПЛАТИ, ДА СЕ КУПАТ ВРАТИ

Декември 12, 2017

Зошто не се жртвуваше една Новогодишна забава на плоштадот Магнолија за да се купат врати во средното Медицинско училиште во Битола? Зошто наместо концерт на Хераклеја не се пренаменија парите за тоалети кои не протекуваат, па училниците да не мора да учат во смрдеа на моч? Зошто место за коктели и репрезентации парите не завршија  за обезбедување на школите, купување на хигиенски средства, нагледни материјали? Место за екстерното тестирање да се користеа за одблокирање на сметките на школите.  

 

Низ искрешната врата во средното Медицинско училиште се прикажа мизерниот лик на нашето образование. Слично изгледаше и средното Музичко училиште во Битола додека учениците не снимија видео-клипче и не го испратија на BBC. Минатата година екс министерката за култура Елизабета Канческа  Милевска присуствуваше на промоција на фасада од Нижото музичко училиште во Битола која не парираше на внатрешноста од објектот, на старите училници, ходници, инвентар. Во градот уште има училишта кои се греат со пречки на дрва. Школото во  Поешево се изгради без оџак, па се доградуваше. Во ресенско Избишта „тоалетот“ е во руиниран објект кој секој момент ќе им падне врз глава. Пред избори видовме како се лепи стар паркет од спортската сала „Младост“ низ училишни сали во градот...

Родителите со години плаќаат од свој џеб за обезбедување на школите, за нагледни средства, молерисување, сапуни за раце. Тоалетна хартија во вецињата е луксуз. Поради недостиг на хигиенски средства, во дел од школите и ходниците баздат на мочка. 

Долгот на битолските училишта се искачи на 4,5 милиони евра! Долговите и блокираните сметки се провлекуваа шест-седум години. Во повеќе наврати на седниците на Советот тогашната опозиција критикуваше дека состојбата во школите е лоша. Се кажуваше дека немаат пари инвентар да набават, светилка да заменат, табла да купат. Наспроти ова на  едни исти директори мандатот им беше продолжуван од страна на  екс-градоначалникот Владимир Талески, а некои беа и соучесници со него во случајот „Транспортер“.

Сегашната градоначалничка во јуни годинава како советник од локалната опозиција од говорница кажа: „Член 91 од Законот за средно образование покажува дека една личност може два пати да биде именувана за директор во истата институција. Нашата Општина оваа законска одредба не ја испочитувала. Ние имаме директори кои обавиле два директорски мандати во својата образовна институција, а им се доделуваа решенија од страна на градоначалникот за в.д. директор. Ќе го земам за пример, Медицинското училиште каде што вакво решение е доделено на 11.1. 2016, 8.7. 2016, 21.1 2017 година значи трикаратно се овозможувало некој да биде назначен за в.д директор. Сличен пример имаме и во гиманзијата ‘Јосип Броз Тито’. Целта била да се остават за директори оние кои се политички подобни“.

На ваквите дискусии не само што не одговарија директорите присутни на седницата, туку и  советниците од тогашната локална власт наместо со проблемот се занимаваа со историјата: „Им кажавте ли на децата дека од следната година ќе изучуваат нова историја, им кажавте ли дека таа историја ќе ја пишуваат бугарските историчари и политичари, им кажавте ли на децата дека од следната година цар Самоил ќе биде бугарски цар?“,  рече тогаш Игор Хаџиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Токму поради дефокусирањето од проблемот кое траеше со години, денес не може само од екс-директорката на средното Медицинско училиште да се бара вина.  Одговорноста треба да биде колективна, да ја понесат сите партиски кадри од претходната власт кои можеа да одлучуваат за промена на состојбите, а не презедоа ништо.

 

Треба некој да понесе одговорност за долговите, блокираните сметки, лошите состојби во образованието. И сега парашувам дали заради лошата ситуација што ја оставија во образованието, ќе се солидаризираат екс министерот за образование, екс-директори по школите, па и бивши раководни кадри во градот од областа на образованието, да се откажат од платите, како актерите од претставите поради притворените во Шутка, па со нивни пари да се подзакрпи нешто од партал-образованието што го оставија? Ќе се откаже ли и Талеси од актерската плата за да се купи врата во Медицинското училиште?

Објавено од  Ж.Здравковска во најновиот број на весникот „Его“

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани