2win800x200

А Армијата да воспостави ред на чекање и во Битола?

Април 13, 2020

Морам да влезам оти одам на погреб, рече еден постар битолачанец за преку ред да велезе во маркетот каде чекав иако целиот беше облечен во бело и часот беше 12,30 односно време кога за него е почнат полицискиот час.

Други повозрасни битолчани собрани пред една банка во Битола, токму пред почетокот на полицискиот час за нив, бараа да се отвори специјално шалтер да можат на време да ги платат сметките или да ја добијат потребната услуга. Додека чекаа надвор не држеа растојание од две метри иако на вратата пишуваше со големи букви. Чекаа на купче, еден до друг, си разговараа за хотелот на Спанаќовци, а кога еден од присутните им рече да се раздалечат почанаа да коментираат дека дале –зеле во животот и да се споболат не било проблем.

Потоа, Градскиот саат отчука дванаесет часот, пладне и почеток на забараната за движење на постарите лица. Но, некои од нив си седеа по парковите уживајќи на пролетното сонце, а други со колички на тркалца купуваа производи во пзараот и по маркетите. Не видов дека некој ги сопре.

Уште немаше 13 часот, а деца со велосипеди се возеа низ улиците. Некои помали беа излезени со родителите. Откако дојде времето слободно да се движат, можеа да се видат како шетаат низ Широк Сокак во групи од по двајца до тројца. Ако гупата беше поголема се делеше на два дела, едните понапред, а другите поназад, како да се одделно.

Битолачни денес ги наполнаа улиците откако викендот го поминаа затворени дома, со исклучук на оние кои се одважија да излезат надвор и дел добија кривични пријави, опомени, а имаше и приведени. Денес на Широк Сокак имаше фреквенција на движење како пред појавата на коронавирусот, само што луѓето не се збираа по кафулиња и ресторани кои уште не работат. Полно беше и шеталиштето.

Редици и пред маркетите. Луѓето со списоци во рацете. Купуваат уште од сега за Велигден, да ги избегнеле гужвите. Иако дел од маркетите имаат прикачено упатства на вратите да не влегуваат повеќе од неколку купувачи, скоро секаде имаше обиди некој да влезе преку ред. Или треба да остават нешто или договор прават со сопственикот и слични оправдувања. Во оние продавници каде нема редар , а продавачот не стои на врата, попусто ви е и да чекате ред, зашто други ќе влегуваат преку вас како да не го виделе натписот.

Плаќањето на касите е приказна за себе. Иако и таму е обележано да се чека на растојание, најголемиот дел од граѓаните немаат трпение. Па, се туркаат, се лепат до другите купувачи за да платат побрзо, додваат пари преку грбот на другите, прашуваат за производи и слично, а не носат ни маски.

Според ситуацијата, не е лошо Армијата и во Битола да постави ред на чекање кога ние сами не можеме да го воспоставиме. 

Ж.З.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани