АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Постојат луѓе кои секогаш можат да кажат што би направиле со некоја ситуација која не е нивна, и не ја преживеале во тој контекст. Точно знаат како би реагирале да се таму од таа перспектива. Кога навистина ќе дојдат во таква, па и слична тогаш се лутат на оние другите кои од туѓите чевли кажуваат коа е најправилна одлука. И, секоја чест на оние исклучоци (каде бил секој од нас) кои се само поддршка на патот “по кој тешко се оди” пропратен со страдање, додека не се даде време и пронајде другото поглавје од животот.
На животните патеки не постои правилно и погрешно. Не е ничија работа да суди зошто некој останува во ,,лош", брак, зошто некој не работи, зошто некој дал отказ, зошто некој останува со партнер кој го изневерил, зошто некој постојано се истакнува, зошто во нечии живот кој не е ваш, постои нешто. Ако не е ваше, тогаш немате право да се мешате во одлуки кои не знаете дали се добри за личноста која ги носи. Во туѓите чевли многу е лесно, секогаш е полесно!!! Гарантирам!
Она што може ние да го научиме, а што ни го пружа НЛП како алат се “перцептуални позиции.” Тоа е начин да ,,влеземе,, целосно во туѓите чевли, во релации кои нам ни се важни со цел да видиме, слушнеме и почувствуваме како се чувствува другата личност во однос на дадена ситуација со нас. На тој начин освестуваме наше манифестирано однесување, тон и боја на глас – што значи на каков начин се обраќаме, кои емоции ни се читаат преку невербалниот говор, како другата страна се чувствува поради тоа. Од туѓите чевли можеме да влеземе во ,,неутрални,, од каде ги согледуваме двете страни. Додека сме насочени на нечии постапки за кои ние ,,знаеме,, како треба, подобро да се насочиме кон себе, со цел да дознаеме како не треба и не сакаме да се однесуваме со дадена личност, важна за нас во слична или иста ситуација.
На тој начин полесно ќе допреме до луѓето кои нам ни се важни, ќе развиеме емпатија и сочувство, но ќе добиеме јасна слика каква личност сакаме да бидеме.
Пишува: м-р Билјана Галовска, НЛП тренер, предавач на Бизнис Академија Смилевски
Инфо: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
(Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на Апла.мк. Затоа Апла.мк не сноси одоговорност за содржината на истите)