2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

НЕОЛИБЕРАЛНА БЕЗДНА

Мај 10, 2020

Пишува: д-р Александар Литовски, историчар

 

Живееме и ќе живееме во време на безнадежност! Ако 20. век беше време на големи и моќни хуманистички очекувања и утопии, со корона-пандемијата и безалтернативниот капитализам, 21. век е и ќе биде време на безнадежност и беспомошност на човекот. Живееме во време на општества без идеологии, времево кое нема борби за идеи, туку само борби за интереси и профитНив ги водатсопствениците на крупниот капитал организирани во криминални картели, а преку политичките партии, кои се самонарекуваат демократски“, а се, во најдобар случај, хиерархократскиОд нив, константно ширениот масовен страв од тероризмот, комунизмот, анархизмот, епидемиите, мигрантите, поинаквите..., го овозможува популизмот, милитаризмот, фашизмот и, константно,ги уништува идејата за хуманистичкото општество и идеалот за „слободниот човек.

Јасно е дека корона-пандемијата тешко ќе го загрозипостојниот светски економски систем, не затоа што предизвикува „рецесија“ (цехот повторно ќе го платат сиромашните, како што било за време на сите војни и големи несреќи низ историјата), туку затоа што поттикнува на будење на паметта кај луѓето за нееднаквоста, безмилосната експлоатација и неправдатаНа пример: како сега да им кажете на луѓето и да ви поверуваат дека здравството и образованието треба да се приватизираат, кога државното здравство го поднесе најголемиот товар на борбата со пандемијата?!

Упатените брифираат дека со децении наназад, на едно глобално ниво, ниту капиталот, ниту државите, не вложуваат доволно средства во здравството (особено нема големи пари во јавно-здравствениот сектор, а нема ниту во истражувачкиот и дијагностичкиот здравствен сегмент). Дека се неманамера да се направи нешто во подигнувањето на животниот стандард на светско ниво, е факт кој на сите им е познат. И, сето ова, воопшто не е за чудење, оти капиталот и капиталистите немаат ниту хумана етика, ниту непрофитна мотивација. Но, за чудење се најголем дел од луѓето во светот кои абдицирале пред банкарите и капиталистите, па молчешкумсе движат кон мелницата на човечко месо викана корпоративен капитализам и дозволуваат таа да ги сомеле. Имено, пазарот во основа е хаотичен процес кој брзо еволуира, и на кого воопшто не му е „грижа“ за животите на луѓето. Зарем човештвото некогаш решило хаотичните процеси на кои не може да влијае да решаваат за неговата сегашност и иднина? Или тоа неколкумина најбогати го решаваат во име на сето човештво? ВпрочемОскар Давичо во една прилика во 1985 година убаво предупредил: „Додека на Земјата има буржоазија, дотогаш во одредени неприлики ќе има и фашизам, како нејзин очајнички и безуспешен обид да се одржи со терор“.

Денес кога смртта ја гледаме со сопствените очи како редум коси околу нас, а совеста на мнозинството молчи,не само за осакатеното здравство заради што секојдневно умираат милиони, туку и за масовните воени губилишта низ светотсе чини дека преќутно, преку недавањето никаков отпор, или преку „демократското“ гласање, луѓето ја препуштаат својата судбина во рацете на плутократијата, или, поправо речено, на нивните политички претставници и на таков начин го овозможуваат државниот неофашизам. Тоа што тие претставници,во оваа „чичолона-демократија“, се, сè почесто, некомпетентни и полуписмени циркузанти, кои бараат луѓето да вбризгуваат средства за дезинфекција како лек против корона-вирусот, е само дополнителна причина зошто глобалниот светски поредок треба што поскоро да пропадне.

Како и да е, глобалната неолиберална лудачко-политичка циркуска точка, мора да заврши катастрофално. Во бездна. Прашањето е само колкава цена ќе се плати во уништени природни ресурси и загубени човечки животи преку војни или пандемии. Да се надеваме дека сето ово што се случува околу нас, ќе предизвика освестување и дека работите ќе почнат да се менуваат. Најверојатно таа промена, тоа отстранување од историската сцена на криминалците и човекојадците со бели крагни и ролекс часовници, ќе биде грубо и безмилосно, но на таквото сценарио не смее сентиментално да се гледа. Напротив, хуманите чувства тука не би биле на свое место. Едноставно, исчезнувањето на канцерогениот неолиберализам, кој секојдневно остава зад себе милијарди жртви, кој му ја краде и уништува иднината на човештвото, од економско-политичката сцена е неизбежен дел од историскиот процес, и тоа треба да се посака и поздрави.    

 

 

(Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на Апла.мк. Затоа Апла.мк не сноси одоговорност за содржината на истите)

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани