2win800x200

УГОРЕ ВИСОКО, УДОЛУ ДЛАБОКО (пишува Димитар Пипилевски)

Август 11, 2020

Пред нас претстои сериозен тест во врска со отпочнувањето на наставата. Нема да заземам страна (впрочем тоа и насловот го кажува), туку само ќе ги анализирам позитивните и негативните страни на трите возможни солуции за понатамошниот тек на образовниот процес.

НАСТАВА СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО

Иако ова, во редовни услови, е најдобриот начин, сепак, како би биле сигурни дека е сосема безбеден. Доколку наставата се одвива нормално, ризикот за пренесување на вирусот е огромен. Доколку, пак, одделенијата се поделат во групи има сосема други импликации. Имено, треба да се земе предвид дека многу од наставниците часовите ги одржуваат во повеќе училишта, а постојат и т.н. комбинирани паралелки каде распоредот ќе биде проблем.

ОНЛАЈН НАСТАВА

Иако ова е, можеби, најбезбедниот начин, квалитетот на наставата ќе биде слаб- многу од методите, како и педагошко-психолошките мерки нема да е возможно да се спроведат. Наставата ќе биде исклучиво фронтална, што не дава добри резултати. Треба да се земе предвид и финансиската импликација-не секој има компјутер и пристап до интернет. А што со оние семејства кои имаат два и повеќе ученици или двата родители се наставници?

КОМБИНИРАНА НАСТАВА

Оваа можност, би рекол, е скоро и невозможна. МОН како модел ги зема чистите паралелки, не мислејќи притоа дека постојат подрачни училишта каде паралелките се комбинирани (еден наставник предава во сите пет одделенија). Како што реков на почетокот, не би фаворизирал или напаѓал ниедна од можностите, но фактотот дека МОН имаше доволно време (цел летен распуст) да направи стратегија и скратени програми, МОН не си ја изврши задачата, односно, како и секогаш, доцни. Почитувани, ниедна Влада досега не го стави образованието во фокусот кој го заслужува. Доколку не сфатиме дека образованието е најважниот столб во општеството, ова никогаш нема да можеме да ја наречеме држава.

 

П. С. Оваа состојба ќе помине, а потоа-нов закон за основно и средно образование (последниот беше само шминка на претходниот) и нови наставни програми кои ќе го задоволат пазарот на трудот и ќе обезбедат функционална писменост на учениците.

Димитар Пипилевски наставник по германски јазик

 

(Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на Апла.мк. Затоа Апла.мк не сноси одоговорност за содржината на истите)

 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани