2win800x200

Три години локална власт (пишува Валентин Груевски)

Октомври 08, 2020

 

Уште неколку дена ќе се направат скоро три години од последните локални избори и промената на локалната власт во Битола, кога после дванаесет  годишно владеење на Вмро-Дпмне, власта ја презеде Коалицијата за Живот во Македонија, со убедлива разлика во бројот на гласови и победа во првиот круг за градоначалник и мнозинство во Битолскиот совет. Ваквите датуми се добри за анализа за тоа што е направено, што не се направило, што можеше да се направи и каде се грешките и пропустите и дали нешто може да се направи во преостанатиот период. Некој ќе речи дека можеше и многу повеќе, некој ќе кажи дека ништо не е сторено, дека можеше и повеќе, дека многу е направено, дека се работи многу подомаќинско од претходно, дека очекувањата беа многу поголеми. Аголот од кој се гледа може да биде различен и можеби затоа и се различни перцепциите, но денешната цел ми е да набројам што се заврши во текот на оваа власт, што се почна и што ќе се почни, без при тоа да навлегувам дали е тоа доволно или не е доволно. Оставам на секој сам да цени и проценува.

ОФИЦЕРСКИ

Офицерскиот дом полека но сигруно си го добива стариот, препознатлив лик, и повторно ќе претставува битолска гордост. Најубавиот дел на Битола, си го добива стариот сјај и ќе биде прекрасно место со кое сите ќе се гордееме. Киното „Манаки“ е готово и набрзо ќе биде пуштено во употреба, супер ентериер и одлично озвучување. Битола доби и полигон за полагање, не треба да заборавиме дека осум години нашите деца полагаа во Ресен и Прилеп. Во тек е акцијата за доделување на 2,5 милиони евра за инвертери, со основна цел за почист воздух и поздрава животна средина за сите. Стадионот се финализира, 4500 илјади седишта, рефлектори, напролет и ноќен натпревар. Кугланата е при крај, 250.000 евра, за модерни европски кугларски натпреварувања. Започна и тендерот за спортската сала. Ќе има нов кров и нова дограма. Базенот во ОУ „Даме Груев“ се гради, се реконструираше Ќумурното игралиште, а се обновија игралиштата во ОУ „Св.Кирил и Методиј“, на Тепсија, наскоро во Буковски, ОУ „Тодор Ангелевски“, во паркот кај ОУ„Стив Наумов“.

ДЕТСКИ ГРАДИНКИ

Во детските градинки и училишта огромни вложувања. Само во овој месец вложени 200.000 евра, за купување на опрема за следење на on line настава. 2,5 милиони евра за враќање на долговите на училиштата. Обновени скоро сите градинки, нови средства, нови играчки, нови клупи, нови покриви на градинките „Пролет“ и „Коца Василева“. Нов покрив и на Стопанско училиште, ново еколошко греење во ОУ „Св. Кирил и Методиј“, нови врати и прозорци во огромен број на училишта, подновени училници и занимални. Најважна работа, извадени сите можни дозволи, обезбедени средства за изградба на нова градинка по најнови стандарди, во поранешната касарна, за 250 деца, со што дефинитивно ќе се намали редот за чекање во градинките. По „Партизанска“ и „Илинденска“, наскоро започнува и реконструкцијата на  „Борис Кидрич“ („Димитар Илиевски Мурато“) и „Рузвелтова“, влезот од Охрид, ќе се спојува улицата што поминува покрај Градскиот стадион, ќе се реконструираат и многу други улици. Обиколницата е реконструирана, и подигната заштитна ограда, решено е фрлањето на ѓубре и шут. Поплочени се многу тротоари, чикмаци и мали улички. ЈП „Пазари“ е првото претпријатие кое произведува струја за сопствени потреби, ја реконструираше зградата а наскоро започнува и изработката на нови настрешници и поплочување на делот под бижутеријата. Новото осветлување покрива сега веќе голем дел од градот, до напролет и целиот град. Ова се само дел од поголемите работи кои се направени во овој период, а индивидуалната проценка ја оставам на секој од нас.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани