2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

За моливот, јајцата, пицата и бугарските пасоши (статус на Златко Талевски, НВО активист)

Октомври 16, 2020

Сцена 1 Бугарија 1987 година. Моите родители беа на викенд во Велинград, на бањи. Продадоа нешто фармерки и мастики за џвакање, па викендот им дојде џабе. На бегање не знам што им текна, купија нешто училишен прибор: моливи, тетратки, режала. Јас уште во основно, си имав TOZ Загреб HB моливи, тетратки од Кочани, најубави. На враќање на граница, цариникот (митничарот) им го виде приборот и им го одзеде. Буквално им рече: „Ако вие купувате прибор, ќе нема за б'лгарските деца, со што ќе пишуваат тие? Се е броено, ќе снема за нив“. Не разбрав баш, ама тоа ти било планска економија. И ич не ми беше жал за некакви нови моливи.

Сцена 2 Бугарија 1997. Шетаме со брат ми во Софија и бараме бугарски касети и ЦД-иња со странска рок музика да купиме, ефтини беа. Јас гладен како пес. Гледам дуќан и редица луѓе чекаат, а пишува ПИЦА. А, реков тамам, ќе чекам и јас. Не сум баш вака навикнат да чекам ред, ама гладен сум, што ќе правам. Скоро ми дојде редот и што ќе видам. Чекаат ред за ЈАјца, не за Пица. Р латиница однопаку Я, па ИЦА. ЯИЦА ----јајца! Чекаат ред за ЈАЈЦА!

Сцена 3 Македонија 2007 типичен Македонец - абе да се пишам јас Бугарин, имам од дедо ми некои документи на бугарски, ќе земам пасош, па ќе заминам Европа. Овде то е, не се живеј. И онака виза нема да ми дадат со нашиот пасош. Чекам 2-3 години, плаќам куп пари и конечно дојде денот. Палам колата, одам во Софија, го барам шалтерот (пише 105) и му велам „Екскјуз ми, ај хев то гет мај паспорт“. А службеникот ми вели – „Как'в Б’лгарин ште б'деш ти бе, не го знаеш јазикот.... аааајјј нати го пашапорто и со ум“. ЕУ ХИР АЈ КОМ!

Сцена 4 Бугарија 2017. Море ефтини коли. Возени од баба во Германија со гаранција на КМ. Нема зелен картон, регистрација ефтина. Плус нема патарини има вињетки. Ќе ги возам на бугарски таблици, па ќе одам еднаш годишно до Благоевград за регистрација, чудо големо. Абе комфорот не е ист, ова е машина и пол. Спие колата. Плус се на кирилица таблиците, не се познава многу разлика. И најважно, не чекам ред на граница за во Лидл до Лерин. Има вентијаги на попуст.

Сцена 5 Македонија 2020. Денес мешовита историска македонско-бугарска комисија имаше состанок во Скопје. Нема договор за Гоце Делчев. Има мал напредок, ама уште мора да се разговара, за да се расчисти нашиот, македонски пат кон ЕУ.

П. С. Ееееее, да си земев еден бугарски молив и да си напишев пријава за пашапорт, да си напраев една кајгана дури чекав, па со пасошот, да си возев со колата на кирилица таблици до ЕУ? Или НЕ,ммм? 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани