2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

БИТОЛА Е ЉУБОВ (пишува Валентин Груевски)

Ноември 04, 2020

 

       4-ти Ноември. Празник на Битола и битолчани. Ден кога пред 76 години, партизанските единици влегоа во градот и овде заврши Втората светска војна. Ден кога непријателот беше поразен, а заедно со него и домашните предавници. Битола беше ослободена, а ние и ден денес уживаме во привилегиите за кои некои други ги дадоа и своите животи. Заслужуваат почит, и секогаш ќе ја имаат.

Насловот на денешното писание е позајмен од еден мој пријател (се надевам нема да ми забележи), и денес нема место за недобри работи, за анализа на омразата, за хејтерчињата (многу се изналутија, се препознаја), за лаги и манипулации, за туѓи лажни вести, за несериозните оправдувања, за одговарање на плукачките политики. Денес е ден за убави работи.

          АКО ОДАМ ВО БИТОЛА

          Ако одам во Битола

          ќе прошетам по Широк Сокак......, 

се легендарните први два стиха од песната која стана белег на градот и која постои веќе 30 години. Нема битолчанец кој не ги знае стиховите, кој не ја знае наизуст цела, и на кого не му поминуваат морници кога ќе ги слушне првите тонови. Песната е толку одомаќинета што сите мислат дека е народна, дека некој ја испеал кој знае кога и каде, ама таа има потпис и печат.

Кога во пријавените за наградата, се појави името на авторот, Петар Георгиев-Калица, знаев дека го имаме добитникот на овогодишната награда, а кога целиот управен  фонд на „4-ти Ноември“, составен од претставници на пет политички партии, едногласно, на тајно гласање, му ја додели наградата, се уверив дека чувството во првиот момент не ме излажало. 

           ГРАДОТ СЕ САКА

Градот се сака не само поради песната, се сака и поради многу други работи. Се сака и поради Сатот, „Свети Димитрија“, Стаклената, Џамиите, Епинал, Домот, Кркардаш, Тумбе Кафе, Моликата, Копанки-сигурен сум дека ќе се изгради, Нижеполе, Трново, Смолево, духот на пазарот, се сака и поради ракометот, фудбалот, скијањето, чкембарите, се сака поради огромниот број на луѓе кои оставиле печат во него во сите области. Горди сме и на Бајрот, на Јенимаале, на Карпош, Буковски, Брусничко, легендарното Лавци, се сака поради духот кој го има, поради меѓусебното познавање, поради маалските дружби.

Битола е љубов и поради Офицерски. Преубавиот објект, се привршува, и за разлика од скопските ново создадени чуда, на него нема стиропор. Уникатен е. Се сака и поради Лемго, ама се гори од желба да го крениме повторно шампионскиот пехар. Под Тумбе Кафе го паметиме и Хајдук, Партизан, Ѕвезда, Селта ама сакаме и  европски натпревар под рефлектори, ја сакаме пак Серенада на Широк Сокак и Интерфест. Битола е љубов, ама со големо Љ, и поради луѓето кои живеат во него, кои си го познаваат и си го сакаат градот.

            Ах мори моме, како да речам, за Солуна, за Стамбола неа не давам.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани