АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Постојат луѓе кои личниот развој и се поврзано со него го негираат, омаловажуваат и коментираат. Постојат и други кои можат својот живот да го поделат на пред и потоа.Некои пак не чувствуваат потреба за личен развој. Други се гладни за знаење и се впуштаат во тој предизвик. Има еден дел кој е во допир со безброј информации и не знаe точно што е тоа, а еден дел ,,знаат се'', и не им треба ништо. Колку за информација – сите се во право. Светот е предвиден да биде таков, спој на различности кои се надополнуваат.
Сепак за оние кои сакаат да знаат, личниот раст и развој всушност се однесува на клучните сфери од нашето живеење, односно нивна анализа и преиспитување. Во нив вообичаено влегува- семејна, емотивна област, кариера, пријатели, опкружување, социјален живот, слободно време итн. Се преиспитуваат областите во кои се има чувство дека не сме доволно успешни, со цел да се дознае на кој начин Вие сами го попречувате развојот и да можете да преземате конкретни акции во таа насока. Се согледувате себеси од друга перспектива, ја прифаќате ситуацијата или опкружувањето кое не можете да го промените, но секогаш се прашувате “како јас да се разберам себеси, но и другите луѓе”? И, кога нема да оправдате нeчии постапки, Вие може низ личниот развој да ги прифатите како такви. Низ цел тој процес важно е да се соочите со вашите фрустрации, да откриете кои сте Вие, да бидете искрени пред себе и да одбирате каде, колку и на каков начин ќе ја изразувате вашата искреност, став и доверба, да работите на клучните точки кои ќе ви дадат поголема самодоверба и да еволуирате низ потешкотиите каде ќе добиете друга перспектива.
Личниот развој помага да не се задлабочуваме во прашањето “зошто”, туку во стратегијата која ќе ја градиме на “како”. Тој помага во обединување на умот,телото и духот во едно единство и “ги учи” како да си помагаат кога излегуваат од баланс. Исто така личниот развој ја поттикнува сопствената вера, ја активира љубовта кон себе и дава промена во која се свртувате кон самите себе повеќе,отколку кон другите луѓе. Личниот развој има многу патишта, но сите водат кон вашата цел. Кој и начин да го изберете, добро е истиот да ви одговара и го буди потенцијалот во Вас. Коучингот е една од можностите кои ви стојат на располагање.
Пишува м-р Билјана Галовска- НЛП тренер & професионален коуч, предавач на Бизнис Академија Смилевски Битола