2win800x200

Ситните работи го прават животот(пишува Валентин Груевски)

Март 19, 2021

 

Ситните работи го прават животот. Некогаш свесно, а некогаш несвесно се радуваме на многу мали нешта, работи кои не прават  многу посреќни на дневна основа, работи кои го исполнуваат нашиот живот, кои ни помагаат да живееме подобро, да сме похумани, да се почитуваме малку повеќе, да си помагаме малку повеќе еден на друг.  Секој од нас ја видел радоста и среќата во нечии очи, кога некому помогнал, му подарил нешто, му олеснил десетина минути од денот.

Кога навечер сте легнале и сте ги затвориле очите, сте се почувствувале радосно  дека денес на некого сте му кажале или Ви кажал  Добро утро, некој срдечно Ви исподелиле комплименти за вашето однесување, кога сте успеале да ги игнорирате на пример простите коментари, навреди кои некој ви ги испратил или пак сте го слушнале чудесниот збор 'Благодарам 'од некој од кој не сте го очекувале.

       ВО ЖИВОТОТ

Нема мали и големи работи што ги правиме за луѓето. Во животот постојат само ,,работи“ што ги правиме за ,,среќа“ на некој друг. А таа среќа има различни мерила за различни места и за различни луѓе. За некого е среќа денес да заработи еден милион, а за некого 200 денари, со кои ќе ги купи основните потреби. За некого е среќа денес да купи костум од 1.000 евра, ама има и задоволни луѓе кои денес ќе купат обична маица од 300 денари. За некого е неизмерна среќа денес да уплати одмор во странство, а некој ќе биде радосен и да го отпуштат од болница. На некој му треба и нов автопат за својата скапа кола, ама некој е задоволен и со макадам.  Различни луѓе, различни мерила на среќа.

Претпоставувам дека жителите од Буковски ливади кои побарале од „Нискоградба“ да им го санира мовчето, сакале само да си обезбедат сигурен премин, сакале децата да им поминуваат безбедно, да ги елиминираат опасностите и побарале некој да им го поправи преминот. На тие луѓе во тој момент тоа им требало и тоа сакале да им се направи, и побарале од некој во кој веруваат, од некој за кој мислеле дека ќе им одговори на повикот, и кој ќе ја слушне нивната желба.

       НИСКОГРАДБА

Сакајќи да им излезе во пресрет, со свои средства и со свои луѓе, го санирала мовчето, притоа добивајќи јавни пофалби од мештаните и од жителите кои живеат во тој дел. Луѓето се задоволни и среќни, и „Нискоградба“ тоа го објавува на својот ФБ профил. Ситна работа за претпријатието, ама голема за мештаните. И ниту некој направи криминал, ниту некој ги скри парите, ниту некој потроши државни пари. Апсолутно ништо. Ама зошто имало слика?  Нели треба сите да бидат транспарентни?

И тогаш тргнува лавината. Тргнуваат омаловажувањата, сеирџизмот, „бесењето“ на луѓето, па се анализира се и сешто. Се споредуваат светски мостови, светски автопати, се прават анализи и се меша, сȇ и сешто. Ама, никој да ги праша луѓето кои живеат таму. Дури и еден од мештаните, како со срам напишал на ФБ, дека тие го побарале тоа, дека се благодарни, ама зарем имаме време да ги слушаме нивните барања. Ги замислувам постовите, ако некој кажеше дека власта не му го санира мовчето кое чини стотина евра, па ќе имаше уште повеќе душегрижници кои ќе обвинуваа за негрижа и за немарност.

Не можам да го скријам впечатокот дека  истите кои зборуваа дека треба да се уништи  „Плодност“, да се запали „Епинал“,  кои не плашеа со мигрантите, и никако не можат да ги скријат своите дневни фрустрации ја покренаа целата хајка. Ама, сами ќе заглават во лудилото кое со сите сили го произведуваат.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани