2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

2021 година кога мислевме, се надевавме, дека со тоа што дојде оваа најочекувана година, ќе завршат нашите маки со ковидот. Не! Можеби само почнавме поинаку да гледаме на пандемијата, да бидеме повнимателни, да не ги вадиме маските од носот и устата. И да, да ја очекуваме ВАКЦИНАТА, било која, било каква, произведена од било кој, нека ја има произведено и самиот ѓавол, само нека дојде и кај нас. Да не се чувствуваме како тринаесетто прасе за кое нема цицка на маторицата-мајка.

Светот почна нагло да се вакцинира, слики од боцнати рамења гледаме секојдневно, во очекување дека и нашето рамено ќе дојде на ред. Некои доктори (не сите) се дупнаа (ставија вакцини). Некои медиумски работници (не сите) исто се дупнаа (вакцинираа). Но, многу малку дупнати.

Македонците, Македончиштата и Македончињата кои живеат во светот, почнаа со дупење на рамената, гледаме по социјалниве медиуми. Македонците во Македонија тешко дека во догледно време ќе го разголат раменото за да се вклучат во семејството дупнати со вакцина за коронавирусот.

Па, затоа ми паѓа на ум една лудост. Си велам: како не се најдоа десетина умни и богати Македончишта, да седнат на зум, да се издоговорат и да излобираат по Астриве, Џонсониве, Спутнициве и ред други како и да се викаат, да порачаат (па и да ги платат, зошто да не) два милиони вакцини, за нивниов род да се спаси. Македонци од Македонија и од дијаспората, заедно. Сигурно ќе се најдат десетина-дваесет кои можат ова да го направат. За себе и за своите во стари крај. Надвор од напорите кои ги прават надлежните.

Во 2021 не треба веење на знамиња, да заврши ова чудо, потоа нека си продолжат со старите навики и потреби.

Во 2021 треба ВАКЦИНА. За сојов МАКЕДОНСКИ да не се сотри, за да преживееме, како најстар, библиски сој на светот (нели така си се фалиме).

Дали ќе се изнајде маж кој ќе го стави својот образ, својот авторитет, па и својот џеб ако сакате, во одбрана на МАКЕДОНСКОТ СОЈ.

Прашање на столетието, на милениумот можеби.

Каде сте Македончиња, каде сте, кај отидовте?

Денес, 15 години без него. Не само јас, не моето семејство, туку и Битола, Македонија, радијата во дијаспората. И се си велам дека јас сум најмалку засегната, малку повеќе Марија-Магдалена, а најмногу Битола и мојата Македонија. Реално. Без патетика, оти тој ич, ама ич не ја сакаше патетиката. Дури и се смееше на неа. Знам, ако беше жив, вчера на насловна страна на Дневник, ќе осамнеа текстови за нови афери.  200 проценти така ќе беше. Можеби затоа го нема ни него, ни неговиот „Дневник“. Многу тешко, многу убаво и многу интересно беше да се живее со новинар. Да стравуваш над секое зборче, запирка, точка, реченица... Да те носат на суд последните во општеството. Денес да ти ја кажат веста, а утре да порекнат дека ти ја кажале. Да живееш за вест. Да возиш скапано фичо, а тие кои ги величаш, за кои пишуваш афирмативни текстови на најскапо платените страници во твојот омилен весник, да фрчат со џипови. Ама, така е кога си ја сакаш професијата. Кога живееш за неа. Кога УМИРАШ, во буквален смисол, за неа. Уште долго по неговата смрт, ми се јавуваа од Австралија да прашуваат дали е вистина, или само едноставно не сака повеќе да пишува. Камо да беше второво...

Пак ќе речам: мене ми е тешко еднаш, на неговата ќерка пет пати, на Битола и Македонија сто пати. И пак си велам некаде горе е на насловна. Тој едноставно така знае, никако поинаку!

Организација на жена од Битола ја испочитува традицијата и заврти мазник со паре. Да го најде парето среќа имаше претседателката Светлана Петковска. Досега не испуштила ни една Василица да врти мазник со членките од Организацијата, но среќата да ѝ падне парето и се насмевна дури по 30 години. Петковска смета дека годинава ќе биде наклонета кон женскиот активизам и борбата за поголеми женски права. 

На 17 октомври во далечната 1944 година група хумани жени, полни со ентузијазам и верба дека ќе го променат светот на подобро, го формираа битолскиот одбор на Антифашистичкиот сојуз на жените на Македонија. На чело на групата беше Анча Ристевска, голем активист за човекови права, а и се придружиле Вангелика Поповска од Бистрица, Даница Хаџипопова и Константина Пулевска од Битола.

Дали сме за ЕУ?

Доручекот в хотел ќе не издаде.

Не сме!

Мојот драг Чепреганов вели дека многу од работите се запишани во нашата колективна меморија. На пример ГЛАДОТ кај Македонците. Долго, долго сме биле гладни, или ненајадени, или поткаснати, сити скоро никогаш, барем до пред неколку десетлетија. Тоа се запишало во нашата колективна меморија.

ГЛАД.

И денес колективната меморија вели дека сме сеуште гладни, иако по некои податоци 30-40% сме со прекумерна тежина. Ама, ние сме гладни и кога сме сити...или така ни се чини.

Одиме како туристи во хотел надвор од Македонија. Спиење со појадок на репертоарот. Појадок од бајките. Странците си земаат едно чинивче со мусли, го попаруваат со врела вода, или најпосно млеко и си доручкуваат. Потоа кафе (или чај) и за крај едно мандаринче, по можност најмалото. Толку за доручек. Ќе поткаснат нешто попатно, за вечера во некој ресторан.

НИЕ.

На доручек во хотелот одиме со најголемата расположива торба, чанта или што и да е, но никако да не е провидна. Стратегија. Доручкуваме: две јајца на око, едно во кајгана, едно варено (ако остане, ќе му го однесам на маж ми дома, не се расипува по патот), 4-5 путерчиња (па Мегле се, дома сум на Кристал маргарин), банана, портокал, мандарина (јаболко-не благодарам, преку глава ми е од ресенски јаболка), три-четири кроасани, 5-6 лажици павлака, кафе (ако не ми се бендиса, ке си порачам друго), сувомаснати од сите видови (дома купувам по 50 грама), па кашкавалќе од сите видови, вода-не благодарам, има џус, лажица мед, малку мармалатче колку за проба, а за почеток голема овошна салата. Да, да, сето ова за доручек.

Ја јадиме овошанта (тешка е за транспорт), потоа некое сендвиче, а сето останато го прибирам во онаа големата, непровидна торба која си ја носам намерно, од дома, ама кога келнерот ќе се заврти со грбот кон мене. Се снабдувам со јадење за цел ден, бесплатно, се разбира. Не ќе одам по ресторани кога овде е бесплатно. Е сега, треба малку лукавост, ама ја имаме.

ГЛАДНИ СМЕ И КОГА НЕ СМЕ. Тоа ни е во колективната меморија.

ЕУ? Далеку сме од ЕУ. Треба да се научиме и во хотел, како дома, да јадеме како луѓе.

И ова да не заборавам. Додека се сликаме по белосветските чудесии, торбата со доручекот од хотелот, ЗАДОЛЖИТЕЛНО да ни е преку рамо. За секој случај, да не ни се пријади!!!

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани