2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

ГЛАДОТ КАЈ МАКЕДОНЦИТЕ (Пишува Светлана Петковска)

Октомври 30, 2019

Дали сме за ЕУ?

Доручекот в хотел ќе не издаде.

Не сме!

Мојот драг Чепреганов вели дека многу од работите се запишани во нашата колективна меморија. На пример ГЛАДОТ кај Македонците. Долго, долго сме биле гладни, или ненајадени, или поткаснати, сити скоро никогаш, барем до пред неколку десетлетија. Тоа се запишало во нашата колективна меморија.

ГЛАД.

И денес колективната меморија вели дека сме сеуште гладни, иако по некои податоци 30-40% сме со прекумерна тежина. Ама, ние сме гладни и кога сме сити...или така ни се чини.

Одиме како туристи во хотел надвор од Македонија. Спиење со појадок на репертоарот. Појадок од бајките. Странците си земаат едно чинивче со мусли, го попаруваат со врела вода, или најпосно млеко и си доручкуваат. Потоа кафе (или чај) и за крај едно мандаринче, по можност најмалото. Толку за доручек. Ќе поткаснат нешто попатно, за вечера во некој ресторан.

НИЕ.

На доручек во хотелот одиме со најголемата расположива торба, чанта или што и да е, но никако да не е провидна. Стратегија. Доручкуваме: две јајца на око, едно во кајгана, едно варено (ако остане, ќе му го однесам на маж ми дома, не се расипува по патот), 4-5 путерчиња (па Мегле се, дома сум на Кристал маргарин), банана, портокал, мандарина (јаболко-не благодарам, преку глава ми е од ресенски јаболка), три-четири кроасани, 5-6 лажици павлака, кафе (ако не ми се бендиса, ке си порачам друго), сувомаснати од сите видови (дома купувам по 50 грама), па кашкавалќе од сите видови, вода-не благодарам, има џус, лажица мед, малку мармалатче колку за проба, а за почеток голема овошна салата. Да, да, сето ова за доручек.

Ја јадиме овошанта (тешка е за транспорт), потоа некое сендвиче, а сето останато го прибирам во онаа големата, непровидна торба која си ја носам намерно, од дома, ама кога келнерот ќе се заврти со грбот кон мене. Се снабдувам со јадење за цел ден, бесплатно, се разбира. Не ќе одам по ресторани кога овде е бесплатно. Е сега, треба малку лукавост, ама ја имаме.

ГЛАДНИ СМЕ И КОГА НЕ СМЕ. Тоа ни е во колективната меморија.

ЕУ? Далеку сме од ЕУ. Треба да се научиме и во хотел, како дома, да јадеме како луѓе.

И ова да не заборавам. Додека се сликаме по белосветските чудесии, торбата со доручекот од хотелот, ЗАДОЛЖИТЕЛНО да ни е преку рамо. За секој случај, да не ни се пријади!!!

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани