2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Советничката од ВМРО-ДПМНЕ Викторија Христовска на денешната седница изнесе сет мерки за помош на бизнис заедницата во тешката ситуација со ковид-19, за кои рече дека и претходно ги предлагале како советници од опозицијата, но се немало слух, па време е да се стават во функција.

„Намалување на данокот на имот до законскиот минимум, намалување на данокот на пренос на промет на недвижнини од 3 на 2 проценти, што е и законски минимум. Предлагаме намалување на комуналната такса, односно фирмарината да биде на законскиот минимум, знаејќи дека е за сите објекти и дека таму се правеа законски измени, веќе е време да се имплементира. Ослободување од надоместокот за поставување на урбана опрема од 1.1.2020 до 31.12 2020 и ослободување на хотелиерите од плаќање на туристичка такса во истиот период и така знаеме дека туристичката сезона беше крахирана и ова е со цел да им се помогне на хотелиерите“, рече советничката Христовска.

Претседателот на Советот Валентин Груевски одговори дека пакет економски меркии и тоа како се потребни во овој период, но дел се содржани во четвртиот сет на мерки од Владата, а некои донесени и претходно од Советот на Општина Битола.

„Намалување на данокот на имот на минимум, тој данок во Општина Битола е на минимум и не може да оди подолу. Законски е од од 0,1 до 0,3 проценти, Општина Битола во 2005 година кога претседател на Советот беше Зоран Коњановски висината на стапката ја утврди на 0,1 процент, не може помалку. Во однос на преносот на недвижности од 3 на 2 проценти, се работи за променлива категорија во која наследниците од прв ред не плаќаат ваков данок, а наследниците од втор ред го плаќаат минимумот од 2 проценти оти минимумот е од 2 до 4 и од трет ред е три проценти. За комуналната такса како Совет донесовме одлука со која таа е сведена на законскиот минимум 5 денари од метар квадратен и не можеме да одиме подолу, а има важност до 15 ноември. Потоа субјектите ќе поднесуваат посебни елеборати за зимската сезона, а ние имаме можност за следниот период од 6 месеци да ја продолжиме одлуката. Хотелиерите, пак, плаќаат такса само ако имаат гости, ако немаат не“, рече Груевски.

Корисниците на деловни простории во градот ќе бидат ослободени од комуналната такса за месеците додека трае вонредната состојба, а потоа до 15 ноември таа ќе изнесува 5 денари. Владата вчера ја прифати иницијативата на градоначалничката на Битола Наташа Петровска и донесе одлука со која се овозможи намалување на комуналната такса за корисниците на деловните простории.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани