АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 17.07.2023, во рамки на „Безбедно лето 2023“, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола спроведоа акциска контрола, при што на ул.„Караорман" во Битола беа пронајдени и одземени нелегално исечени дрва. Дрвната маса е предадена на Шумска полиција за понатамошна постапка, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
При акциска контрола на СВР Битола во Битола , Ресен и Прилеп затекнати малолетници во угостителски објекти после 24 часот и конзумирање алкохол
Синоќа за време на пладневната пауза засега непознат сторител (или сторители) се обидел да го вандализира Мечо при што е направена мала материјална штета. Настанот е пријавен во полицијата чии припадници направија увид на лице место и очекуваме сторителот или сторителите да бидат пронајдени и соодветно санкционирани.
Се известуваат граѓаните кои живеат на улиците од населба Баир, ул. Мукос, ул. Девејани , ул. 8ма и сите кои поради дефект на водоводната мрежа на ден 12.07.2023, кои беа опфатени со овај дефект дека ситуацијата е нормализирана и дека водата е безбедна за пиење.
Ближи 17. издание на Балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум фест-музика и традиција“ 2023. Ќе започне на 18.07 на платото на Офицерски дом со промоција на новиот албум на групата „Баклава“ во 20.30 ч. во Офицерски дом-КИЦ Битола, а вечерта продолжува со Loxandra Ensemble - Λωξάντρα од Грција во 21.30 ч асот. Оваа година за прв пат има Локум фест-ОФФ Програма , првата вечер во Вино бар Буре на Магнолија со Баклава и гостите од Грција.
„Нашата пасија за откривање на традиционалните музички спомени и звуци на конзулска Битола, ни ги носи нашите 'битолчани' од Њујорк, Elias ladino ensemble, а соработката со Државниот архив-одд.Битола ни донесува прекрасна изложба на фотографии од музичкиот живот на битолските евреи. Втората вечер ја затвораме со познатиот македонско-словенечки мајстор на саксофон Васко Атанасовски и промоција на неговиот албум на балканска музика„Мелем“ со пеачката Добрила Грашеска“, посочија организаторите на фестивалот.
Саат-кулата во Битола ја добива највисоката верификација и се вбројува во редот на културни добра со најголема културно-општествена важност на градот.
Полицијата до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против А.В.(20) од Кичево, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, казниво по член 288 од Кривичниот законик.
Според СВР Битола, на 11.07.2023 година во периодот од 19.00 до 19.20 часот, во Казнено-поправната установа Затвор Битола, пријавениот предизвикал пожар во ќелијата каде издржувал казна притвор, при што просторијата била опожарена, а биле оштетени и други простории во притворското одделение.
По пожарот 18 протвореници од Битола биле преместени во други притворски одделенија во Затвор-Скопје и во Затвор-Охрид, со полициска асистенција, а на неколкумина чувари поради вдишен чад им била укажана лекарска помош.