АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Продолжува бранот на покачувања на платите во земјава. По наставниците, администрацијата, здравствените работници покачување ќе има и за вработените во УЈП.
Вработените во УЈП ќе ги добијат бараните покачувања на платите за 30%, со што синдикатот се откажа од генералниот штрајк
„Вработените во УЈП беа јасни во своите намери и ставови, законски основ за зголемување на плати којшто 14 години не им беа зголемувани. Се најде начин, се утврди дека со закон следи, помирувачот даде такви препораки, се постигна договор, се оствари правото на зголемување на плати, протестите престанаа и е безпредметно организирање на генерален штрајк“, изјави за Канал 5, Васе Недановски, претседател на Синдикатот.
Денеска исто така директорката на УЈП Сања Лукаревска соопшти дека постигнале договор со синдикатот и веќе следната недела, како што рече во гостување во емисијата Клик плус на ТВ 21, парите ќе бидат исплатени, откако добиле позитивно мислење од Министерството за финансии.
„Го потпишавме колективникот договор, помеѓу работодавачот, односно УЈП и репрезентативниот синдикат на УЈП „Солидарност“ и истиот го доставивме до министерството за финансии кадешто добивме и позитивно мислење. Сите оние протести кои што беа во 2 часа во текот на работниот ден како и најавата за генерален штрајк веќе не се опасност во делот на работењето на УЈП“, изјави Лукаревска.
(Содржините се објавуваат во рамки на проектот Зајанкување на прогресивните и продемократски дигитални медиуми во Република Северна Македонија )
Извор Центар.мк
Линк https://centar.mk/
За неколку месевци од денес ќе има нова влада и реалност и согласно нашата политика ќе има реалокација на средства од централниот буџет назад кон општините, и тоа ќе биде коалициски договор и доколку некој не се согласи со тоа ќе ја нема можноста да биде со нас во коалиција, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Битола. Средствата ќе се користат за големи инвестициски проекти, меѓу кои повторно во игра е покриен базен, кој досега го ветувале многу политичари, но остана неизграден.
„Според тој план 11,5 милиони евра годишно ќе бидат реалоцирани за проекти во Битола. Тоа значи 46 милиони евра за 4 годишен мандат за капитални инвестиции, и плус средствата што ги има Општината планирани во својот буџет. Тоа ќе биде голем инвестициски циклус, ќе опфаќа многу улици, многу нов асфалт, канализации, водоводи, спортски комплект кој е ветуван и конечно треба да биде направен. Она што ќе ги израдува најмалите , базен кој го планираме конечно да се направи тука, влезовите, училиште, градинаки“, рече Мицкоски.
Тој заедно со градоначалникот Тони Коњановски, претставници од локалната власт, пратеници од ВМРО-ДПМНЕ го посетија паркингот кој се реконструира кај Спортската сала „Боро Чурлевски“, слата каде исто се изведуваат реконструктирвни зафати и просторот што партерно се уредува кај Офицерскиот дом.
„Битола изминатите месеци е вистинско градилиште, на 15 локации во моментов се работи почитувајќи ги препораките од министерството за заштита при работа на високите температури. Партерното се уредуваат 2100 квадрати кои ќе ја дооформат целата структура на Офицерскиот дом, инвестиција вредна над 20 милиони денари, со ново осветлување, одвод, наводнување... Се реконструира паркингот кај спортската сала изградена 1975 година од кога датира и паркинг просторот. Оваа локлана самоуправа со помош на јавните претпријатија и изведувачи комплетно ќе го ревитализира паркинг просторот. Го изведуваме со нови 245 места за возила, со нов влез. Во салата се вршат подготовки за шампионатот и настапите на нашата гордост Еурофарм Пелистер кој во септември ги започнува натпреварите за Лигата на шампиони“, рече Коњановски.
НАбројувајќи ги проектите што ги реалзиираат рече дека и улица Зборска се асфалтираше, за ден- два асфалт ќе добие и уште една нова улица во Касарната, работите на Драгорска се при крај и уште на десетина други улици во Недопирливи.
„Се работи и во руралните средини Лажец, Егри, Оптичари, Логоварди во кои првпат после долги години се направија нови краци и улици на добробит на жителите на Пелагонија. Или вкупно досега во овој изминат период повеќе од 5 километри патна инфраструктура се направени“, додаде битолскиот градоначалник.
„Претприемништвото како предизвик“ е програма наменета за македонските и албанските туристички чинители и потенцијални туристички чинители имплементирана од Младински кулурен центар – Битола во рамките на проектот SMART4YOU2.
Програмата опфаќа активности за јакнење на капацитетите на локалните даватели на услуги и уметници од прекуграничен регион на Пелагонија и Корча со цел да обезбедат висококвалитетни туристички услуги и производи.
Вчера заврши пакетот кој опфаќа активности за јакнење на капацитетите на 25 туристички оператори и потенцијални туристички оператори од регионот на Пелагонија и Корча преку три циклуси на обуки. Во наредниот период продолжуваме со активности за менторство и вмрежување.
Овој пакет на активности ги истражува можностите во туристичкиот сектор, ги наведеува учесниците да разберат што е потребно за да се биде туристички претприемач, да знаат што треба да имаат подготвено пред да го идентификуваат својот бизнис како туристички бизнис, што подразбира туристички пакет и туристичка понуда во локалната заедница.
Наши учесници се лица кои веќе имаат туристички бизнис и истите се поставени пред предизвикот за да ја подобрат својата работа и да станат конкурентни на пазарот, лица кои сакаат да истражуваат нови идеи и лица кои имаат клучна улога за развојот на туризмот во локалната средина. Оваа мешовита група ги има сите предиспозиции за да придонесе во голема мера за развој на прекуграничниот туризам во регионот на Пелагонија и Корча.
Програмата ја реализираме во рамките на проектот SMART4YOU2, како дел од партнерството кое што го сочинуваат Општина Битола, Општина Пустец, НУ „Завод и музеј“ - Битола, Директоратот за културно наследство – Корча и Младинскиот културен центар - Битола.
Проектот SMART4YOU2 се имплементира во рамките на ИПА програмата за прекугранична сорaботка помеѓу Северна Македонија и Албанија, и е ко-финансиран од страна на Европската унија и Министерството за локална самоуправа.
Собранието на Здружението на пензионери од Битола ја одржа четвртата седница на која беше разгледан полугодишниот финансиски извештај за работата на Здружението од први јануари до 30 јуни 2023 година.
На седницата беше истакнато дека вкупните приходи се во согласност со планираните, додека вкупните расходи за овој период се во согласност со реализираните активности планирани со годишната програма. Полугодишниот финансиски ивештај на Здружението на пензионери беше едногласно усвоен.