2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

С О О П Ш Т Е Н И Е !

Се известуваат пензионерите од Општина Битола, Новаци и Могила – членови на Здружението на пензионери Битола, дека во мeсец септември и почетокот на октомври ке се организира и реализира планираната есенска екскурзија.
Сите заинтересирани пензионери можат да се пријавуваат кај председателите на ограноците и да презентираат лична карта и талон од пензијата.
Предност ќе имаат пензионери кои досега не ги искористиле планираните екскурзии.
Времето и релацијата на екскурзијата ги договараат председателите на ограноците со пензионерите.
 
Здружение на пензионери Битола

Новоформираната Национална установа Оркестар за џез-музика, која освен што доби од Владата трајна адреса во Националната опера и балет, добива и финансиски средства преку програмата ТАВ, со кои доделениот објект ќе биде соодветно реновиран. Проценетата проектантска вредност на реновирањето е околу 200 илјади евра (11.714.709,00 ден.), од кои 10 милиони денари се обезбедени преку програмата ТАВ, а преостанатите 1 милион 714 илјади денари ги обезбедува Министерството за култура. 

Започнува еден од најважните инфраструктурни проекти во историјата на Македонија. Во село Горна Бањица денеска ќе се изврши минирање со што стартуваат градежните работи на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за пробивање на трасата на автопатот Гостивар Букојчани (30,1 километар) на Коридорот 8.

„Ако не го направиме исчекорот во евроинтеграциите заедно со нашите соседи од Западен Балкан, на нашата држава и се заканува повторна изолација. А тоа значи и пропуштена шанса за напредок и обратно, назад и нова темница, во којашто уште долго ќе се лута“ рече премиерот Димитар Ковачевски на свечената академија по повод 8 Септември во Филхармонија.

Турско-американскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ кој го гради автопатот Прилеп –Битола, што е дел од коридорот 10 д,, во Битола организира Саем за вработување.

„Отпочнавме кампања за вработување, досега имаме 250 вработени, планираме до крајот на следната година да имаме околу 2000. Почнавме со Тетово, Гостивар, па сега сме во Битола, продолжуваме со Прилеп. Имате среќа да живеете во едно од најубавите места во Македонија. Набргу ќе имате и нов пат меѓу Прилеп и Битола. Нудиме многу можности за луѓето кои ќе работат со нас. Нудиме повеќе позиции и ќе ни биде многу драго заедно да создаваме поубава Македонија“, рече Џош Бекер, проект менаџер на „Бехтел и Енка“.

Саемот се одржа во Офицерскиот дом, а на него присуствиваа и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за Државни патишта, Ејуп Рустеми.

„После 32 години независност на државата,токму в очи празникот 8 Септември, ние имаме можност да зборуваме за старт на градежните работи на автопатот кој три децении го очекуваат битолчани. Драго ми е што имаме силен изведувач на работите, тоа е конзорциумот „Бехтел и Енка“ од кој можеме многу да научиме, а тоа знаење понатаму да го насочиме кон нашата оператива за да работиме на овој начин на кој работат тие. Ова значи градба на државата и градба на инфраструктурата во Пелагонискиот Регион“, рече Бочварски.

Директорот на ЈП за Државни патишта, Ејуп Рустеми, изјави дека по потпишувањето на договорите со компанијата за изградба на коридорите 8 и 10 д интензивно се работи на геомеханичките истражувања кои се при крај, избрни се проектанти, при крај се урбанистичките проекти кои ќе треба да ги одобри Министерството за транспорт и врски.

„Апелираме да се пријават што повеќе луѓе на огласот што го имаат објавено зашто целта наша е 51 процент во изградбата на патишатата да бидат искорисени наши капацитети од работна сила“, рече Рустеми.

 

Привршува рехабилитацијата на регионалниот пат Битола- грчка граница кој цели 40 години не беше преасфалтиран, преполн  дупки, крпеници не беше безбеден за сообраќај. 
 Министерот Благој Бочварски денес изврши увид врз инфраструктурниот зафат и најави дека до октомври ќе биде и официјално пуштен во употреба. Реконструкцијата на12, 7 километри пат чини 3, 27 милиони евра обезбедени од ЕБОР. 
 
Бочварски уште најави дека на пролет идната 2024 година ќе биде готов и експресниот пат  со делницата Градско - Дренобо и Дреново- Фариш.
 
,, Убеден сум дека тој пат ќе значи подобро инфраструктурно поврзување на овој крај со Скопје, ќе ја зголеми економската активност на овој регион и ќе ја зголеми безбедноста. Таму се одвиваат силни градежни активности. Вториот тунел е пробиен,  се минира теренот, на првата делница Градско- Дреното се започнати асфалтните работи, нема застој", рече Бочварски. 

Испреговаравме добар македонски пакет со Бугарија. Од моментот на отварање на поглавјата, отстапи ли Бугарија од договореното, се обиде ли да не блокира по идентитетска основа, оваа наша македонска влада ќе ги прекине преговорите со ЕУ и ќе иницира поништивање на одлуката на Уставот.

Но, ние добро знаеме дека тоа нема да се случи, бидејќи нашата позиција во ЕУ е се посилна и со отварање на поглавјата ќе стане уште посилна, бидејќи Ние сме Европа, рече заменик претседателот на Валдата за економски прашања, Бојан Маричиќ на Отворената трибина „ЕУ за македонското културно наследство“.  што се одржа во Битола. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани