АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„Татко од Кавадарци ја силувал својата 7 годишна ќерка“; „лице со двојно македонско и холандско државјанство во Гевгелија извршил полово дејствие врз 12 годишно дете“; 70-годишник извршил друго полово дејствие спрема 11-годишно девојче на кое му одржувал дополнителни часови“, полицаец од Демир Капија го силувал својот 17-годишен син, соопштуваат од ОЈО, во изминатите неполни три месеци.
Во врска со протестите на пензионерите со ниски пензии Извршниот одбор на Здружението на пензионери Битола,Новаци и Могила одржа седница на 14.08.2023 год. следните:
ПРЕПОРАКИ И МИСЛЕЊЕ
1.ЗП Битола заедно со Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија и другите членки, континуирано работи и се грижи за подобрување на материјалната положба на корисниците на пензија,во соработка со надлежните државни органи. Една од основните задачи на Сојузот и на здруженијата на пензионери е подобрување на материјалната положба на корисниците на пензија,во соработка со надлежните државни органи. Особено внимание се посветува на корисниците на пензија со ниски пензиски примања..
2. Како ЗП Битола ги подржуваме барањата на пензионери во делот за донесување на минималната пензија и одредување на висината, но исто така тоа препорачуваме таа да биде реална, финансиски издржана, во рамките на институциите и законот, без да го наруши пензискиот фонд и редовното исплакање на пензиите.
3. Демократско право на секого е да протестира, но не ги подржуваме насилните неконтролирани протести од група пензионери кои недолично и насилно се однесуваат и влегуваат во просториите на Здруженијата на пензионери.
4. Ги подржуваме Предлозите за зголемување на најниските пензии, кои ги подготви Сојузот и ги предлага да се решат во рамките на пензискиот систем, а не со посебен закон. Предлозите се доставени до Министерството за труд и социјална политика за нивно разгледување и постапување.
Со Законот за пензиско и инвалидско осигурување се врши усогласување на пензиите два пати во годината со 50%од порастот на платите и 50% од порастот на трошоците на животот во претходното полугодие, според податоци објавени од Државниот завод за статистика со директна примена од страна на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија.
5. Во изминатиот период Сојузот во соработка со Министерството за труд и социјална политика и други надлежни органи, презеде повеќе активности за подобрување на материјалната положба на корисниците со ниски пензии и тоа:
-покрај пензијата беше доделувана и соодветна парична помош,
-беше субвенционирана електричната енергија,
- беа обезбедени пакети со прехранбени производи
-ослободување од плаќање на партиципација за болничко лекување за корисници на пензија чии примања изнесуваат до 14.500 денари,
5. Како здружение на пензионери Битола сакаме на пензионерите да им објасниме каде се трошат парите од нивната чланарина која ја плаќа секој пензионер 170,00 ден. за кое прашуваат повеке пати
-140,00 ден. се однесуваат за солидарна помош на семејството во случај на смрт на пензионерот. Овие средства одат на посебна сметка во Пензискиот фонд, кој ги сервисира, и исплака и исклучиво се наменети за оваа намена и за ништо друго не можат да се користат.
- Од 30,00 ден. чланарина , 27,5 ден. се за здруженијата а 2,5, ден. остануваат во СЗПМ.
ЗП Битола Согласно годишната програмата за работа и финасиските средства во буџетот ги планира активностите во здружението за тековната година, а воглавно се следните:
Здружението на пензионери Битола е отворено за соработка со сите пензионери и ги прифака иницијативите за подобрување стандардот на пензионерите, но тоа да биде преку институциите на системот.
Здружение на пензионери
Битола
Во решението на Второстепената комисија за одлучување на инспекциски надзор никаде не пишува дека претседателката била во право со прекинувањето на седницата, таму има само технички забелешки, рече градоначалникот Тони Коњановски одговарајќи на новинарско прашање во врска со решението на второстепниот орган со кое е уважена жалбата на Илиевска, а понишетно решението на инспекторот од 18 мај годинава со кое Илиевска од независната граѓанска иницијатива Поинаку беше опоменета дека згрешила што ја прекинала 26. седница.
На обвинувањата на Илиевска дека веќе неколку месеци нарушена е комуникацијата меѓу Советот и градоначалникот Коњановски рече: „Постојано ги повикувам и советниците и координаторите на советничките групи. Мојата врата е отворена. Не знам како лично да се поканат, велам вратата за сите е отворена, јавно ги повикав сите и ќе оствариме средба за рабалансот. Не гледам зошто некој се осетил обесправен“, рече тој.
За ребалансот на буџетот со амандманите од опозицијата изгласан на 11 јули рече дека не може да се вчита во финансиската рамка на Министерството за финансии, па треба да се отповика и да се изгласа новопредложениот ребаланс кој ги содржи сите оние прелози што можат да се покријат финансиски.
„Ребалансот не може да се вчита зашто буџетската рамка ја надминуваше за 116 милиони денари и како известување го добивме од Министерството за финансии, па ребалансот е вратен назад, направивме нов, рекомпониравме, уваживме дел од предлозите, за некои ќе разговареме на координатирвниот состанок пред седницата. Се за добробит на граѓаните, да не одиме преку судски инстанци. Градот не смее да биде блокиран. Пратен е предлог ребалансот во рокот кој е законски предвиден 20 дена пред седницата на разгледување и сите предлози кои можат да се вчитат ќе бидет прифатени“, рече градоначалникот на Битола.
Ж.З.
„Пред фактите и боговите молчат. Инсекцискиот надзор кој беше пристигнат во Општината не може да се темели на лични пријателства и пазарења, треба да се темели исклучиво на закон и факти. Градoначалникот треба да им се извини на сите советници и на сите граѓани на Општина Битола за сите лаги што ги има пласирано во врска со работата на Советот во јавност во изминатите неколку месеци. Според решението кое е стигнато во Општината сепак не сме згрешиле. По она што е стигнато во Општината, значи дека Советот работи како што налага законот и со решението се уважува жалбата што ја поднесов“, рече претседателката на Советот Габриела Илиевска на денешната прес конференција во врска со одлуката на Второстепената комиција која ја уважи нејзината жалба и го укина решението на инспекторот за локална самоуправа во кое пишуваше дека постапила неправилно со прекинувањето на 26 седница на Советот
Илиевска обвини дека решението стигнало во Општината пред четири дена, а таа молчела.
„Зошто за решението на чиј приемен штембил јасно се гледа дека пристигнало во Општината на 10 август дури вчера кога во некои медиуми пишуваше за него, Општината испрати соопштение до јавноста, а претходно кога се работеше за лажни вести во кои не го испочитува нити рокот кој требаше да го чекаат, ги соопштуваа радосно“, рече Илиевска.
Таа уште праша зошто Општината на новинарите со вчерашното соопштение не им го пушти решението од Второстепената комиција како што правеше претходно со другите решенија од инспекторот за локална самоуправа?
„Новинарите се доволно едуцирани за да сфатат што пишува во решението. Зарем очекуваше Општина Битола како што тие пишуваат на нивната интернет страница дека Габриела е крива и во ова решение да пишува дека Илиевска е во право. Тоа е крајно непознавање на она што се нарекува инспекциски надзор“, додаде таа.
Таа уште ја обвини Општината за игнорантен однос, дека за се што планираат Поинаку дознава од медиумите.
„Градоначалникот неколку месеци наназад се колни дека сака да работи заедно, транспаретно, дека мора да ги оставиме политиките надвор од Советот итн. Јас како претседател и мојата советничка група во ниеден момент не сме исконтактирани од градоналалникот и Општината и не сме запознати со она што го планира Општината“, рече таа.
За неа е спорно како ќе се отпоивика донесениот ребаланс кога е изгласан со мнозинство гласови, дури и од советниците од ВМРО-ДПМНЕ и објавен во службено гласило.
Ж.З.
Со членството на Република Северна Македонија во НАТО – Алијансата и по усогласувањето на домашното Законодавство, домашните компании имаат можност да учествуваат на набавките објавени за потребите на НАТО и земјите-членки, чија вредност надминува 5 милијарди евра годишно.
Министерството за одбрана формираше Центар за поддршка на компаниите при учество на тендерите на Алијансата кој нуди целосна, сеопфатна поддршка за секоја домашна компанија која ќе пројави интерес.