АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Офицерскиот дом во Битола нема да се заградува со никакви огради и ѕидови, посочуваат наделжените. На одредени места, според проектот, ќе бидат поставени потпорни ѕидчиња во висина од околу 30 сантиметри кои се дел од партерното уредување и за кои е добиено конзерваторско одобрение. Тие се подигаат со цел да биде заштитено земјиштето, а парцелата останува отворена за целата јавност. Во тек е партерно уредување на просторот околу објектот за што е изработен проект и одобрен од службите за заштита на културното и историско наследство.
По повод 18 април, Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети, утре, сите музеи и локалитети во земјава ќе бидат отворени со бесплатен влез за посетителите.
Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети, прогласен од ИКОМОС, а прифатен од УНЕСКО се одбележува во целиот свет, како и кај нас. Секоја година темите се актуелни, и се однесуваат на подигање на свеста на јавноста за значењето на светското културно наследство, на заштитата, чувањето и афирмацијата на непроценливото богатство откриено преку археологијата.
Годинава, фокусот е на темата „Промените на културното наследство“, која ги опфаќа прашањата за културното наследство кои се отвораат со климатските промени.
Во вторник, на 18 април очекуваме голем одзив кај јавноста, зашто македонската култура и уметност имаат светско археолошко богатство кое вреди да се погледне, почувствува и чува.
Отворени ќе бидат вратите на националните установи, заводи и музеи во Битола, Штип, Охрид, Прилеп и Струмица, на Стоби и Хераклеа, Спомен куќата на Тоше, Археолошкиот музеј, Националната галерија со сите свои објекти, Музејот на современата уметност, Музејот на македонска борба, Историскиот музеј во Крушево, Уметничката галерија во Тетово, „Др Никола Незлобински“ во Струга, Музејот на Западна Македонија во НОВ, во Кичево, Музејот на Тетовскиот крај, музеите во Куманово, Гевгелија, Природно-научниот музеј, Музејот на Северна Македонија.
Битолчанецот Матеја Зволу во 1911 година нарачал пијано од Штутгарт, Германија, по повод раѓањето на неговата ќерка Афродита. Дека ова не бил единствен случај, потврда е и клавирот марка „ербар“ произведен во Виена, кој го купил Данаил Бобол во 1931 година за роденден на својата ќерка. И семејството Спростран за женското чедо порачало клавир од Виена, кој пристигнал со воз, пишува Факултети.мк.
Наскоро собата ќе се реновира
Инспекцискиот надозр од ДЗСИ констaтирал недостатоци во врска со лекувањето и третманот на родилката В.К. чие машко бебе почина по породувањето во Клиничката болница во Битола. Од Инспекторатот соопштија дека за константираните недостатоци ќе бидат изречени прекршочни мерки за д-р М. В за правното лице и за одговорното лице во правното лице врз основа на чл.48-а ст.1 т.1 и 2 и ст.2 и 3, а во врска со чл.6 од Законот за евиденции во областа на здравството. Исто така, за д-р М. В ќе биде изречена и прекршочна мерка по чл.313 ст.1 т.2 од Законот за здравствена заштита.
Во врска со стручниот дел од лекувањето и третманот на родилката В. К и нејзиното починато новороденче ДСЗИ сега посочуива дека ќе иницира стручен надзор, согласно чл.296 од Законот за здравствена заштита.
Државниот санитарен и здравствен инспектортат вчера изврши вонреден инспекциски надзор во Битолската болница во врска со лекувањето и третманот на родилката В.К после кое дошло до смрт кај нејзиното новороднче. Од увидот во медицинската евиденција и документација која се води во пишана и во електронска форма, како и од изјавите дадени од докторите гинеколози – акушери кои учествуваа во лекувањето и третманот на родилката констатираное дека родилката В. К прв пат се јавила на преглед во установата на ден 08.04.2023г .Прегледот е извршен од дежурниот лекар на одделението за гинекологија и акушерство д-р М.В.
На ден 09.04. 2023 год. пациентката е примена на одделението за гинекологија и акушерство со искреиран упат од истиот дежурен лекар кој претходно го извршил прегледот,. Бил направен запис за прием и отворена историја на болеста. По изјава на дежурниот лекар , пациентката била примена на одделението поради болки. Бил направени ЦТГ записии земена крв за биохемиска анализа со потпис од дежурниот лекар д-р М.В. По приемот на пациентката на одделението за гинекологија и акушерство на 09.04.2023г во утринските часови, по изјава на д-р М.В дадена и е терапија, по што е пуштена дома поради тоа што „раѓањето не било започнато“, пациентката била отпуштена дома со препорака доколку се јават болки или прскање на воденикот, да се јави на одделението. Во медицинската евиденција не се внесени дадените препораки и нема отпусно писмо. Исто така нема евидентирано анамнеза и статус на пациенката од страна на дежурниот лекар кој го извршил приемот.
По изјава на лекарите специјалисти по гинекологија и акушерство кои биле дежурни во наредната смена ,на ден 09.04.2023г, пациентката В.К околу 14.00 часот се јавила на одделението и по извршениот клинички преглед во амбулантата направен е ЦТГ запис во 14.15 часот По препораката за прием заради отопчнато породување, со оглед на утврдената состојба при извршениот преглед, констатирано е дека за неа веќе е отворена историја на болест . Пациентката е примена во предродилна сала, направен е ЦТГ запис во 15.00 часот и извршено е породување по природен пат со употреба на вакум екстрактор при излез. Дежурните лекари во наредната смена изјавуваат дека при примопредавањето на дежурството не им било пренесено дека за пациентката В.К претходно е отворена историја на болест и извршен прием на одделението, ниту пак во рапортната тетратка на докторите или медицинските сестри е евидентиран приемот на истата во ноќните часови.
За време на породувањето присутен е и специјалист педијатар – неонатолог Од увидот во неонатолошкиот картон за лекување и третман на новороденото на В.К констатирано е дека уредно се пополнети сите рубрики. Родено е живо машко дете со АПГАР 2. По неуспешна 10 минутна реанимација од страна на неонатологот, повикан е анестезиолог и контактирана е ЈЗУ УК за детски болести и побаран е транспорт со инкубатор. И покрај упорната реанимација во траење од 2,35 часа во 18.25 ч. констатирана е смрт на новороденото од страна на присутните лекари специјалист педијатар – неонатологот и специјалист анестезиолог. Телото е предадено на обдукција со пополнети потврда за смрт и лекарски извештај за причина за смрт, а во пријавата за породување истото е нотирано .
Докторите специјалисти кој учествувале во лекувањето и третманот на пациентката и новороденото имаат лиценци за работа кои се во рок на важност.
Националната Установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола, Француската Алијанса од Битола и ООУ “Даме Груев“ – Битола заеднички го одбележаа празнувањето на католичкиот и православниот Велигден. Следната недела ќе се одбележи и празникот Бајрам.