2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Коњановски да ги повлече неисправните решенија за данок на имот и да не ја замајува јавноста со цитирање на закони, изјави Жаклина Наумовска , советничка од СДСМ. 

„Коњановски една и пол година откако е стапен во сила новиот закон не успеа да ја прилагоди евиденцијата за имотот на граѓаните. Ние не ги оспоруваме членовите од законот кои ги цитира Коњановски, туку прашуваме зошто тој не ги почитувал тие членови и зошто навремено не ја извршил обврската за усогласување на фактичката состојба на имотот на граѓаните на Битола и наместо данок на граѓаните им одреди арач. Коњановски цитира одредби од законот, ама не ја цитира одредбата од член 39 според кој регистарот на недвижен имот е база на податоци што ги води општината и во согласност со Законот за општа управна постапка регистарот ги содржи имињата и адресите на даночните обврзници, вкупната вредност на земјиштето и зградите, вредноста на имотот, даночните стапки и решенијата за платен данок. Општината ги доставува податоците до Централен регистар и до Управата за јавни приходи, а не како што вели Коњановски, ги презема од Централен регистар.
 
Тоа што е уште потрагично, за својата неспособност Коњановски ги обвинува граѓаните на Битола кои, наводно, не пријавиле измени навреме, а притоа не гледа дека членовите за пријава кои ги цитира од законот се однесуваат на сосема друго. Повеќе од јасна е политиката на Коњановски - за својата неспособност секогаш бара вина кај други. Во овој случај, според Коњановски, граѓаните се виновни.Затоа, наместо да сее магла, уште еднаш го прашуваме Коњановски:
- Како тоа на сопствениците на деловни објекти во кои работаат повеќе од 20-тина години им се доставуваат решенија со трипати повисоки износи, како да се празни?
- Зарем не гледа Коњановски дека на чекор до неговата канцеларија секојдневно има редици на граѓани? И сите тие според него се несовесни?
- Колку граѓани досега реагирале на грешно издадените решенија за данок на имот?
- Што ќе се случи со граѓаните доколку во рок од 30 дена, од било кои причини, се спречени да побараат општината да ја ,,исправи својата грешка“ ако се има во предвид дека согласно правната поука во решенијата потпишани од Коњановски жалбата не го одложува плаќањето, а рок за тужба до Управен суд е 30 дена?
Го повикуваме Коњановски да ги повлече решенијата за данок на имот кои се спротивни на законот, да не ги малтретира граѓаните и да не ги изложува на дополнителни трошоци. Битолчани не треба да плаќаат за неспособноста на Коњановски и лакомоста на ДПМНЕ“, изјави Наумовска.  

На покана на Австриската библиотека од Битола, во НУУБ „Св. Климент Охридски“– Битола, се одржа работилница со љубители на германскиот јазик слушатели од Центарот за германски јазик „Илиеви“ и ученици од средните училишта „Таки Даскало“, Државното музичко училиште и студенти од Меѓународниот славјански универзитет под менторство на професорките Елена Сотиров и Кристина Атанасовска.Работилницата беше на тема „Лектири на германски јазик -читање и разбирање “.       

Раководителката на Австриската библиотека во Битола д-р Валентина Илиева ја водеше работилницата претставувајќи ги лектирите на германски јазик од Австриската библиотека. Лектирите можат да ги читаат членовите на библиотеката дури и со основните познавања на германскиот јазик. Еден текст од лектира од А1 ниво „Роња трча“ беше земен како пример за разработка. Ваквите лектири од веб страната на издавачката куќа можат да се симнат и да се слушаат како аудио книги, а најинтересниот дел од работилницата беше секако работата во парови на вежбите по секој текст, вежби кои ни овозможуваат проверка на разбраниот текст. Со големо внимание беше проследено и пребарувањето во книжевниот фонд на Австриската библиотека.
 
Учесниците со големо внимание ја следеа работилницата и изразија желба за почести работилници од овој вид. Малите речници и бележниците за книги беа само мал спомен од оваа работилница кои си ги понесоа учесниците како спомен од оваа дружба.
346982417 2022993481425720 516392445564903934 n
 
346078214 254127473946562 5171284288157406822 n
 
346046927 1033003581233306 484534401470356061 n
 
346863066 938478114143063 2159510289881860125 n

С О О П Ш Т Е Н И Е !

Се известуваат пензионерите од Општина Битола, Новаци и Могила – членови на Здружението на пензионери Битола, дека во мецес мај и почетокот на јуни пред почетокот на високите температури се организира и реализира планираната пролетна екскурзија.

Сите заинтересирани пензионери можат да се пријавуваат кај председателите на ограноците.

Времето и релацијата на екскурзијата ги договараат председателите на ограноците со пензионерите.

                            

                                       Здружение на пензионери Битола

На 13.05.2023 година во Битола продолжија активностите на проектот “FAST FORWARD” во чии рамки се реализираше четвртата работилница од модулот: ДОНЕСУВАЊЕ ОДЛУКИ И ДЕЛОВНО ПЛАНИРАЊЕ - ПАЗАРНА ВАЛИДАЦИЈА НА БИЗНИС ИДЕИ.

За време на работилницата, младите учесници од Пелагонискиот регион ги презентираа своите бизнис идеи разработени во CANVAS формат притоа разработувајќи ги најважните аспекти на секој стартап и тоа: потенцијални клиенти, value proposition, канали на дистрибуција, маркетинг и промоција, потребен инвестициски капитал, расходи и клучни активности.

Со цел поголем импакт од работилницата, за време на истата со учесниците беше дискутирано и за поими и практики кои се од исклучителна важност за раст и развој на секој бизнис во почетна фаза како што се бизнис акумен, лидерство и ефикасна комуникација.

Како и кај претходните три работилници, според коментарите и евалуацијата од страна на учесниците, целта на работилницата беше постигната: учесниците имаа можност да ги разработат и валидираат своите бизнис идеи но и да стекнат нови знаења и вештини кои ќе им помогнат да ги реализират своите претпремачки планови и да ги креираат своите бизнис успеси истовремено применувајќи иновативно размислување и пазарна логика.

Проектот “FAST FORWARD – развој на вештини на младите од Пелагонија за подобра иднина” е имплементиран од Здружението за унапредување на развојни процеси ПРО ЛОКАЛ од Битола со поддршка од Американската Амбасада во Северна Македонија.

про4

про3

про2

про

„Постоеше непишано правило кај учениците од Средното ветеринарно училиште во Битола на кој било лош професор да му се избушат гумите. Во исто време, имаше правило никогаш да не се наштети на велосипедот на Владимир Костов, зашто беше толку добар, но и многу опседнат со литература, па не би знаел да си го поправи“, раскажа писателот Божин Павловски една од многуте анегдоти за неговиот поранешен професор, писател и почесен член на МАНУ, Владимир Костов (1932-2023).

Во програмата за култура за 2023 година, во делот традиционални настани/манифестации/фестивали, најмногу пари од Општина Битола доби здружението во сопственост на кумашинчето на братот на Тони Коњановски, Зоран Коњановски, обвинија од СДСМ. 

„Продукцијата која постои само една година и лани го организира својот прв настан, од Општината доби 300.000 денари. Бараше 700.000, ама комисијата одлучила дека 300.000 се доволно. Регистрирана на домашна адреса на кумашинчето на Зоран Коњановски, со само една година постоење, аплицирала во делот традиционални фестивали и добила 300.000 денари од Тони Коњановски. Кaква случајност, нели? Во истата категорија во која аплицирала и добила 300.000 денари продукцијата на кумашинчето на братото на Тони Коњановски, Зоран Коњановски, се пријавиле и неколку други фестивали кои со години постојат и го богатат културниот живот на Битола, но добиле помалку пари од продукцијата во подем“, пишува во соопштението на СДСМ. 
 
 

Денес 9 мај 2023 година во 75-тата година од животот почина познатиот карикатурист, новинар и естраден работник Миле Милевски. Работниот век го помина како новинар во весникот на трговското претпријатие „Јавор “ од Битола, а беше познат по тоа што работеше како тапанар и пејач во групата „Боцкин“. По повод неговиот јубилеј 50 години магазинот за хумор и забава „Без навреда“ го објави следниот текст:

50 ГОДИНИ ЈУБИЛЕЈ

- Миле Милевски е роден во социјализмот, жртва на демократијата, без споменик на коњ покрај Драгорот кај на Сали мостот.

- Првата карикатура ја објавил во „Остен“ 1969 година. Ја нацртал во студентската населба „Медицинар“ во Скопје. Карикатурата била посветена на еден заболекар кој во количка полна со клешти и други дрангулии оди по улица и вика: Заби поправам. Уште тогаш пред 50 години Милевски предвидува што ќе се случува во здравството денес.

- Објавувал во Студентски збор, Нова Македонија, Трудбеник, Битолски весник, Јеж, Паулиха - Љубљана, Дело, Без Навреда, Слободен печат...

- Учествувал на повеќе светски фестивали и светски галерии во Скопје, Истанбул, Акшехир, Антверпен, Токио, Пескара и Толетино - Италија.

- Безброј карикатури. Над 1500 афоризми.

- Награди: Секоја објавена и хонорирана карикатура.

- Над 100 хумористично-сатирични раскази.

- Повеќе од 50 хумористично-сатирични песни, препеви.

- Член и оснивач на групата БИК (Битолски карикатуристи).

- Беше десет години инвентар во „трудо“, а сега е вработен во ПИОМ.

- Религија: Се колни во извршителките и се крсти за здравје и слава на нивната неславна професија.

- Автор е и изведувач на песната „Минаа 30 лета“ за која го има напишано текстот посветен на вечната болка - печалбарството.

0

карикатура

Посмртните останки ќе бидат изложени утре 10 мај 2023 година од 10 до 12 часот во црквата „Св. Димитрија“, а погребот ќе се изврши на буковските гробишта.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани