АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со претставата на Народниот театар од Битола "Јулие Цезар (RES PUBLIKA или KOSA NOSTRA)" вечерва започна шестото издание на "Битола Шекспир фестивалот". Претставата е во режија на белградскиот режисер Златко Паковиќ, а ја третира темата на политичкото убиство, чин кој се извршува за спас на републиката или во интерес да се дограби повисока државничка позиција.
За првпат на стартот од битолското културно лето „Бит Фест“ соопштено е колку ќе ги чини битолчани двомесечното културно инјектирање.
„Во името на транспaрентноста за првпат отворено ќе се знае сумата потрошена за културата ова лето. Одобрени средства во програмскиот дел се 5 240 000 денари и тоа 3 240 000 денари од буџетот на Општина Битола и за првпат 2 милиони денари од буџетот на РМ. Вкупната сума е неколкукратно пониска од изминатите години, не затоа што не треба да се троши, туку затоа што локалната самоуправа мора да мисли на сите аспекти на животот во општината од култура до инфраструктура“, рече градоначалничката Наташа Петровска..
Јавното претпријатие „Стрежево“ од Битола ги известува сите индивидуални корисници на вода за наводнување од системот на ЈП „Стрежево“ Битола дека ќе може да склучуваат договори за снабдување со вода за наводнување, за сезоната 2018 година, во Дирекцијата на претпријатието- Службата за наплата, почнувајќи од 07.30 до 15.30 часот , секој работен ден од 30.05.2018 година (среда) заклучно со 01.07.2018 година..
Руската принцеза Александра Наришкина ја водела руската болница во реонот на мариовското село Скочивир за време на Солунскиот фронт. Ова е запишано на информативните паноа прикачени крај селото кои содржат информации за воените дејствија во регионот.
Имено, во околината на Битола во периодот на воените дејства од 1916 до 1918 година постоеле повеќе болници, истурени санитетски единици на сите армии вклучени во војната на ова подрачје. Една од најзначајните болници се наоаѓала во село Скочивир, а формирана и раководена од руската принцеза Александара Наришкина. Таа во 1916 година отворила болница за сојузничките воени единици во Солун, а една година подоцна свој оддел оваа болница имала и во Скочивир во Мариово.
Со европски пари уреден е рекреативен парк крај мариовската река Коњарка, во близина на новачкото село Скочивир. Преку проектот за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција насловен како „Жива природа, жива историја 2“ беа доделени 80 000 евра за да се уреди едно од омилените место за рекреација во општина Новаци.
Советот на Општина Битола денес донесе заклучок за изнаоѓање на решение за санација на опожарениот дом „Копанки“. Според заклучокот, Советот се обврзува дека ќе обезбеди 100 000 евра за обнова на домот. Воедно беше упатен и повик до Планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“ да продолжи со разговори со градоначалничката на Битола за градење на взаемно прифатливи услови за изградба на домот во интерес на општо добро. Понатаму, беше истакнато дека Општината во овој момент нема законски основ за вложување зашто стопроцентен сопственик на домот е Планинарското друштво.
По натегањата, препукувањата и дискусиите на седницата, баклавата на крај ја заблажи атмосферата во битолскиот Совет. На првата работна средба, своите колеги со баклава по повод неодамнешниот празник Рамазан Бајрам ги почести советникот Бурим Керими од ДУИ. Баклавата беше домашна и вистински деликатес. Советниците се облажија по завршувањето на седницата. Меѓу оние кои седнаа на трпезата не беа советниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери зашто тие веќе претходно ја имаа напуштено седницата поради револт од промената на името.
Возило цитроен Ц3 утрово било опожарено на улицата "Цар Самуил" во Битола, потврдија од СВР за Апла.мк.
Неофицијално, се работи за семејно возило на еден од поранешните менаџери на ИМБ.
Фасцинантна фотографија од невремето кое попладнево беснееше над Битола направи битолскиот фотограф и камерман Агим Џело. Фотографскиот запис е направен од месноста Смолево на патот кон Студентскиот дом, токму во моментите на кулминација на бурата во градот. На неа се гледа како од небото паѓа гром, најверојатно на излезот од Битола кон Прилеп. Фотографијата е доказ дека и нешто убаво може да се изроди од страшното невреме, барем кога уметноста е во прашање.
Обилните врнежи дожд кои паднаа попладнево во Битола поплавија улици во повисоките делови од градот, како во населбата Баир и околу неа. Реки од вода течеа по улиците Караорман, Мирче Ацев, Козара, Дебарска и други, при тоа попречувајќи го нормалното одвивање на сообраќајот во тој дел од градот. По овие улици беше невозможно да се движат пешаци дури траеше невремето.