АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Неколку училишта од Битола денес се исклучени од струја поради напластени долгови. Се работи за школи кои подолг период имаат блокирани сметки. Вработени во битолските училишта велат дека засега се исклучени шест, а нема информација дали без струја ќе останат сите оние кои должат и имаат блокирани сметки. Од ЕВН потврдија дека има исклучување од струјната мрежа на битолски училишта
„Неколку месечните разговори со училиштата за изнаоѓање начин за расчистување на долгот не вродија со плод, па согласно законските прописи, како за сите корисници, така и за нив беше преземена последната мерка, односно исклучување. Остануваме отворени за изнаоѓање начин за расчистување на долгот“, рече Атанас Ковачевски, портпарол на ЕВН.
Од Општина Битола се огласија со писмено соопштение дека се работи за затекната состојба во образованието од претходната власт која предизвикува дополнителни проблеми во работењето на школите.
Битолчани очекуваа дека светски познатата оперска пејачка со битолско потекло Ана Синицки на вчерашниот концерт ќе ги почести со некоја битолска песна. Изненадување на вечерта беше нејзината моќна изведба на познатиот хит „Молитва“ од Виолета Томовска. Синицки во интервју за Апла.мк вели дека се одлучила за оваа песна зашто и Томовска е битолчанка, а текстот има силна порака која сакаше да им ја упати на битолчани.
И покрај напорите на Општина Битола за надминување на проблемите, училиштата во општината се во незавидната финансиска состојба, се огласи денес преку писмено соопштение градоначалничката Наташа Петровска.
Таа соопшти дека во школите наследиле долг од 4,5 милиони евра, па најголемиот дел училиштата се со блокирани сметки, а ова може да донесе и дополнителни проблеми во нивното натамошно работење. Долговите во училиштата се провлекувале со години наназад.
Советот на Општина Новаци донесе одлука секое прваче во Општина Новаци кое ќе се запише во ОУ ,,Славко Лумбарковски" и подрачните училишта ќе добие по 4.000 денари на почетокот на учебната 2018 година.
,,Овој надоместок е со цел намалување на давачките на родителите кои од први септември ќе испраќаат прваче во новата учебна година, кога семејниот буџет се преполовува за училишен прибор и книги", истакна градоначалникот на Општина Новаци, Љубе Кузманоски.
Со посебно известување кое ќе биде објавено на општинската веб страна ќе се известат родителите за доставување на потребните податоци .
Светски познатата оперска пејачка Ана Синицки која вечерва настапува на „Бит Фест“ има битолски корени и вели дека чест и е да настапува во Битола. Концерти имала ширум светот, но нагласува дека Битола секогаш и недостига бидејќи ја навраќа во детството.
Клиничката болница од Битола со сопствени средства набави нов ткивен процесор на Одделот за патологија. Ткивниот процесор е апарат со кој автоматски се обработува ткивен материјал, при тоа се скратува времето на обработка, се намалува потрошувачката на хемикалии кои се користат во процесот и се добиваат квалитетни ткивни исечоци од кои се изработуваат препаратите за микроскопска дијагноза.
Екипи на Службата за техничка сигурност при АД ЕЛЕМ, Подружница РЕК Битола од синоќа во 19 часот, со едно противпожарно возило се активно вклучени во ставањето под контрола на пожарот кој избувна на депонијата за смет Мегленци, што се наоѓа во непосредна близина на Комбинатот. Во координација со ЈП Комуналец од Битола кое стопанисува со депонијата Мегленци, вработени во РЕК Битола до денес напладне беа ангажирани во гаснењето на пожарот, односно неговото локализирање и остануваат на располагање до целосно ставање под контрола на ситуацијата.
Од вечера попладне гори депонијата Мегленци каде Битола го одлага комуналниот смет. Огнот досега зафатил два хектари од ѓубриштето кое се збира на површина од шест хектари. . Од Јавното претпријатие „Комуналец“ во соработка со Противпожаната единица од Новаци и вработени од РЕК од вчера попладне се на терен и се обидуваат пожарот да го стават под контрола.
Овој месец се навршија 50 години од учеството на битолската младинска работна бригата „Илинден 1903“ на работната акција „Сава 68“ на која се подигале насипи за спас на Загреб од поплавување од реката Сава. Според објавата на битолскиот историчар Владо Темелковски Лавчан на својот фејсбук профил, во акцијата учествувале 120 бригадири од Битола, а бригадата трипати била прогласена за ударна.