АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
И по 115 години од Илинденското востание, а сѐ уште не се знае каде се крие знамето на Главниот штаб на Битолскиот револуционерен округ, кого го сочинувале Даме Груев, Анастас Лозанчев и Борис Сарафов, а на кого му биле пренесени сите овластувања за Илинденското востание.
Дел од македонските историчари претпоставуваат дека знамето љубоморно се чува во некое депо во Софија, Бугарија.
Создадени се услови за уште поголема поддршка во Собранието за патот по кој тргна Македонија, а тоа е спроведување на реформите и членство во НАТО и ЕУ, изјави генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски на денешната прес конференција и ги повика сите пратеници да се вклучат во процесот на помирување и обединување.
Синоќа панда првиот снег на Пелистер како што се гледа и на фотографијата на планинарот Јонче Илиевски направена на врвот Антена. Илиевски вели дека снегот паднал уште вчера вечер во повисоките делови на планината над 2400 метри надморска височина, но снежната покривка засега е тенка и изнесува само неколку сантиметри.
За некои битолчани улицата се уште останува најпогодно место за да се ослободат од отпадот во домовите. Така, деновиве некои од жителите на улица „Дебарска“ во Битола стариот телевизор го фрлиле на улицата. Потоа, некој го размонтирал на улица и ја зел внатрешноста, а сега пластиката се крши и расфрла по улицата.
Прилепчанецот Љупчо Ристески, автор на аметерскиот документарен филмот „Клучарот Цако“ е добитник на гран-при „Плакета Милтон Манаки“ на 26.Интернационален аматерски документарен филм „Камера 300“ во Битола.
„'Златната камера 300' заврши во рацете на авторите од Србија Драго Латиновиќ и Илија Галоња за филмот 'Зоб'. 'Сребрената камера 300' ја доби битолчанката Ема Лазарова за филмот 'Никогаш повеќе' посветен на депортацијата на битолските Евреи. 'Бронзена камера 300' е доделена на филмот 'Без смисла' на Ролф Мандолези од Италија“ соопшти Стевче Хаџи Антоновски претседател на Фестивалот.
„Наместо да пиеме кафе на Широк Сокак и кажано по битолски да скитаме (шетаме), се фативме за работа да го средиме чикмачето (сокаче) кај Бела Чешма да ни биде убаво и ние тука да доаѓаме, да се дружиме“, рече Надица Коловска, средношколка од гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола.
Таа е дел од групата предводена од Младинската невладина организација „Форум 16“ што си зеде за задача да се сопротивстави на гласините што се шират дека младите се мрзливи, апатични, неработливи и дека по цел ден пијат кафе на Широк Сокак.
Непознати лица со месеци потпалуваат штали, бали добиточна храна и уништуваат ниви во пелагониското село Могила. За десет месеци изгореа околу 5.000 бали сено, слама, луцерка, над 1.000 килограми собран тутун, a земјоделски производи се уништени и по нивите. Пожарите избувнуваат навечер, најчесто по полноќ, кога нема луѓе по нивите и шталите. Мета бил имотот на Општина Могила, на луѓе од локалната власт и други вработени во општински институции.
Последниот од серијата пожари се случил на шести октомври, кога биле запалени шталата и плевната на Илче Велевски, вработен во спортската сала во Могила. Општетениот сопственик се сомнева дека некој ги потпалил намерно, додека тој со семејството бил на свадба..
Статуата на Атена Партенос пронајдена во Хераклеја денес ги краси витрините на Народниот музеј во Белград. Изложената статуа за време на посетата на музејот во Белград ја сними Ирена Ружин, доктор од областа на туризмот и ја објави на својот фејсбук профил.
Вечерва горат старите турските гробишта во Битола. Жителите од населбата Ушици реагираат дека гори веќе подолго време, пожарот се шири со големи пламени јазици и веќе се доближува до куќите и предизвикува паника кај населението. Се соменваат дека се работи за подметнат пожар зашто се појавил доцна попладнево. Фотогрфијата ни ја испратија жители од зградите во близина и велат дека пламените јазици се толку високи што можат па се видат дури и преку покривите на околните куќи. Ова не е првпат да се палат турските гробишта во Битола. Годишно по неколку пати горат, посебно во летниот период кога се обраснати со густа вегетација. .