АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолската писателка и поетеса Гордана Такец оваа сабота со почеток од 12 часот во Малата сала на Центарот за култура во Битола ќе го организира арт-уметничкиот литературен перформанс „Ако одам во Битола“ со што ќе го послави својот 70-ти роденден и половина век творештво. Во склоп на перформансот предвидено е и поетско читање од страна на триесетина поети од Македонија, а ќе бидат доделени и награди на десетина истакнати граѓани од државата од различни области на нивното делување.
Постојат размислувања и сомнежи кои во иднина дополнително и детално ќе треба да се истражат дека во Битола се снимало уште пред 1905 година, односно пред браќата Манаки да ја купат прочуената „Камера 300“.
Филмофилот, познавач на делото на првите сниматели на Балканот и еден од иницијаторите за создавање на Фестивалот на филмска камера во Битола, Стевче Хаџи Антоновски вели: „Постојат согледувања, не можам да ги потврдам со целост дека и порано Манакиеви се занимавале со камера, но да оставиме истражувачите тоа да го докажат“.
Започна жирирањето на 52 простигнати филмови за учество на 26-от Интернационален фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“ во Битола. Меѓународното стручно жири во состав: мајстор на аматерскиот филм Љупчо Петровски , проф. д-р Андон Андонов од Бугарија, проф. д-р Мишо Нетков од Скопје , Владан Анѓелковиќ од Белград и м-р Димитар Спасевски од Битола деновиве ќе ги погледнат сите филмови и ќе го направат изборот за филмови во официјална конкуренција. Фестивалот ќе се одржи на втори и трети ноември, в очи Денот на ослободувањето на Битола кога најдобрите ќе бидат наградени со Гран При, Златна, Сребрена и Бронзена Камера 300, Плаќета за најдобра режија, репортажа, монтажа и други специјални награди.
„Родителите на дел од учениците се приморани сами да ги сносат трошоците, додека останатиот дел на ученици не одат на настава со што е нарушен воспитно-образованиот процес, а притоа се врши притисок врз наставниците да не ги запишуваат за отсутни со цел да се прикрие реалната состојба. По една година власт и она кое што дотогаш го имаа учениците, а им е загарантирано со закон, го немаат, немаат бесплатен превоз и се уште немаат учебници по сите предмети. Наместо да ги обезбедат учебниците што недостасуваат, на учениците им се наложува да фотокопираат со што повторно се удира врз џебот на родителите“, обвини Стефановска Јовчева на прес конференцијата посветена на состојбите во образованието.
Случаи на шест заболени ученици шуга од Средното општинско училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар биле пријавени во Центарот за јавно здравје во Битола. Според соопштението на Центарот за јавно здравје, учениците се на возраст од 17 и 18 години, а случаите биле пријавени во петокот.
Државна видеолотарија како општествено одговорна компанија се вклучи во активностите со кои денес, 16 октомври се одбележува Светскиот ден на храната и ден на борба против гладот.
Битолчани предлагаат проширување на пешачките зони во централното градско подрачје. Во истражувањето што го спорведе Здружението „Геосфера“ од Битола од 770 анкетирани битолчани, дури 63 проценти одговориле дека треба да се зголеми бројот на пешачки зони во градот.
На дадениот линк од веб страницата на РГД Геосфера-Битола прикажани се резултатите од спроведената анкета и визуелно со кликање врз картата во Google Maps, прикажани се предлог пешачките зони во град Битола по сугестија на граѓаните.
Клекнувајќи на колена со букет црвени рози во рацете 75 годишниот битолчанец Томе Галовски симболично по втор пат ја побара за жена неговата долгогодишна сопруга Лилјана (71). На ваков романтичен начин овој брачен пар од Битола деновиве ја прослави златната свадба или половина век заеднички живот. Прославата се одржа во потесниот круг на семесјството, а истата вечер Томе го славеше и својот 75-ти роденден. Блиските роднини им подарија заедничка врамена фотогрфија.
Од 30 000 прегледани деца на територијата на Македонија, десет проценти имале проблеми со видот. Овој податок денес на Меѓународниот ден на белиот стап го соопштија од Лајонс клубовите во Битола кои веќе петта година го спроведуваат проектот за рано откривање на проблемите со видот кај малите деца.
Некои од конзулите во Битола останувале по една до две години, а некои до крајот на животот. Најдолго во Битола останал австро- унгарскиот конзул Франц Едлер фон Кнапич. Тој тука ја доживеал и најголемата радост, раѓањето на неговата ќерка Едле фон Кнапич, но и завршетокот на својот животен пат. Конзулот фон Кнапич засекогаш останал во Битола. Починал во 1886 година, а дваесетина години порано и конзулот Франц Зелнер во 1863 година исто така животот го завршил животот во Битола.