АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
За Нова година на плоштадот Магнолија битолчани ќе ги забвуваат група „Боеми“, „Силви Бенд“, пејачот Сефедин Бајрамов и ди џеј Христијан Ѓаковски. Во настапот насловен „Кафана Широк Сокак“ кој започнува за време на најлудата ноќ од 22,45 и ќе трае половина час по полноќ, ќе настапат гурпата „Боеми“, како и актерите Илина Чоревска, Викторија Степановска Јанкуловска, Марјан Ѓоргиевски и Маја Андоновска Илијевски. На полноќ ќе има огномет, а потоа со настапот продолжуваат Боеми се до 1,30 по полноќ.
Новогодишната програма во организација на Општина Битола ќе трае два дена, во недела и понеделник и предвидени е богата детска програма со многу песни и пет театарски претстави.
Здружението на пензионери од Битола со новогодишни пакетчиња ги израдува децата со посебни потреби од Битола. Претставници од Здружението предводени од претседателот Томе Димитровски денес им подарија празнични пакетичња на учениците од деветте специјални паралеки во Основното училиште „Ѓорги Сугарев“. Дечињата благодарни што пензионерите се сетија на нив, им подготвија културно-уметничка програма.
Хуманата мисија во која постарите донираа се помладите продолжи во Заводот за рехабититација на деца со оштетен слух,говор и глас „Кочо Рацин“, каде исто така им го разубавија денот на штитениците подарувајќи им пакетчиња. Тие им возрастија со приредба. Истиот ден Здружението на пезнионери ги посети и дечињата од ЈЗУ Завод за рехабилитација слух говор и глас Битола, им подарија новогодишни пакетчиња и им посакаа среќа, радост и здравје во Новата 2019 година.
На Гинеколошко-акушерското одделение при Клиничката болница во Битола отворена е Роса школа за мајчинство наменета за едукација и обука на идните родители. Школата е отворена преку соработка на Пивара Скопје во партнерство со Министерство за здравство и Клиничката болница од Битола и всушност претставува резултат од кампањата преку која беше издвоен по 1 денар од секое продадено шише вода „Роса“ од 1,5 л за функционирање на школите.
Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Руската Федерација оствари средба со Сергеј Баздникин, амбасадор на Руската Федерација.
Претседателот Александар Кирацовски изрази благодарност за иницијативата за заедничка средба на Групата за соработка која воспостави и одржува долготрајни односи на дипломатско, како и севкупно ниво. Кирацовски информираше за актуелната работа на Собранието, како и за стратешката определба на Македонија за интеграцијата во ЕУ и НАТО алијансата.
Здружението на пензионери од Битола донираше чаршафи во Старскиот дом и Хосписот „Сју Рајдер“ во Битола. Собранието на Здружението на пензионери донесе одлука по повод Новогодишните празници да донира одредени средства во хуманитарни цели, посебно на млади со посебни потреби и пензионери. За таа цел денес претседателот Томе Димитровски со претставници од Здружението ги посети двата дома за стари лица и им донираше чаршафи за потребите на штитениците. Химанитарната акција продолжува деновиве со донирање на новогодишни пакетчиња во неколку училишта во Битола.
.
Смарт или паметни венецијанерки кои сончевата енергија ја претвораат во електрична и светлосна, па може да осветлат просторија или да наполнат мобилен телефон или таблет. Ова е изумот на младите иноватори од Основното училиште „Даме Груев“ од Битола: Андреј Јовановски и Христијан Николовски од деветто одделение, Михаил Јанакиевски осмо одделение предводени од наставничката по физика Валентина Степановска- Андонова. Овој креативен тим со иновацијата се претстави како еден од десетте најуспешни и најмлади тимови во државата, единствени учесници од Битола на работилницата „Повик за ученици-UPSHIFT – иноватори и претприемачи“ што неодамна се одржа во Маврово.
„Бевме вклучени во правење иновација, правевме смарт венецијанерки кои земаат сончева енергија со соларни панели и ја претвораат во светлинска енергија за бесплатно осветлување или за да можат да се полнат помали електронски апарати на пример, телефон. Наставничката предложи една идеја, а ние тројцата потоа ја надополнивме, па аплициравме за работилницата. По една недела чекање ни вратија дека сме еден од десетте одбрани тимови, а имало над сто од цела Македонија што сакале да учествуваат“, рече Андреј Јовановски, ученик од ОУ „Даме Груев“.
Француските војници кои се бореле на Солунскиот фронт (1915-1918) биле фасцинирани од издржливоста на македонската жена која за време на војната по полињата изведувала тешки физички работи за да го прехрани семејството. Ова го истакна францускиот полковник Макс Шивон, историчар и управител на Службата за историски и воени истражувања во Франција, на предавањето што го одржа во Битола по повод стоте години од Солунскиот фронт. Ваквиот впечаток го добил читајќи стотици писма кои француските војници им ги испратиле на своите роднини дома, а кои денес се зачувани во историските архиви во Франција.
Хорот „Сирма војвода“ кој функционира при Здружението на пензионери од Битола одржа целовечерен концерт во Малата сала на Центарот за култура. Под диригентство на Нико Наумов членовите на пензионерскиот хор изведоа петнаесетина староградски песни. За време на концертот имаше солистички и хорски изведби. Настапот истовремено се снимаше за да биде издадено DVD на „Сирма војвода“.
Не смее заштитата на животната средина да биде апсолутно на крајот од приоритетите. Државата треба да обезеди нормални прифатливи човечки услови за живот, а не да препушти единствено на стихија, на природа, да молиме да дувне ветерче за да се одвеат оние штетни материи што го загадуваат нашето опкружување, рече проф. д-р Контстантин Димитров, член на претседателство во Центарот за енергетска ефикасност на Македонија на трибината за аерозагадувањето што ВМРО-ДПМНЕ ја организираше во Битола.
Битолчанката Олга Ристевска (72) нема волонтерска книшка, нема евидентирани волонтерски часови, но таа едноставно е родена да биде волонтер. Целиот свој живот го минала помагајќи им на други лица, па за својата хуманост неодамна доби престижно признание за долгодишен волонтерски ангажман доделено од Советот за волонтерство на Општина Битола.