АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На Гинеколошко-акушерското одделение при Клиничката болница во Битола отворена е Роса школа за мајчинство наменета за едукација и обука на идните родители. Школата е отворена преку соработка на Пивара Скопје во партнерство со Министерство за здравство и Клиничката болница од Битола и всушност претставува резултат од кампањата преку која беше издвоен по 1 денар од секое продадено шише вода „Роса“ од 1,5 л за функционирање на школите.
Школата за отворена ја прогласи д-р Владимир Милошев, државен секретар за здравство кој рече дека ова е трета по ред во Македонија, по двете во Скопје и Гостивар, а идната година ќе се отвори школа и во Штип.
„Сигурни сме дека Клиничката болница во Битола одговорно и стручно ќе се справи со предизвикот да го води ова школо и ќе ги охрабри идните родители за успешно родителство и ќе придонесе за безбедна бременост, како и балансиран начин на живот и после породувањето и во периодот на правилна нега и исхрана на детето“, изјави д-р Владимир Милошев, Државен секретар во Министерство за здравство.
Тој истакна дека целта на школата е создавање на здраво родителство, како за родителите, така и за другите членови на семејството и подготвеност за справување со сите предизвици кои ги носи идното родителство.
„Министерството за здравство ќе обезбеди стручна поддршка специјалисти по гинекологија и акушерство, специјалисти по педијатрија, како и патронажни сестри. Клиничката болница во Битола ќе помогне со специјалистите по гинекологија и акушество и неонатологија и сестрите акушерки кои ќе обезбедат поддршка и функционирање на оваа школа за родителство. Во Битола годишно се раѓаат околу 800 деца. Со овој проект ќе обезбедиме добра едукација за идно спремно родителство за околу 800 семејства од Битола и регионот“, додаде Милошев.
Д-р Жаклина Сервини, го поздрави проектот од општествена одговорност и неговата важност во насока на продолжување на успешната пракса за советување на идните родители во Битола.
„ Влажувањето во оваа мајчина школа значи едно поздраво и посоодветно поколение, а вложувањето во нашите деца е вложување во нашата иднина“ , рече д-р Сирвини.
Обуките се бесплатни и ќе бидат организирани во 5 тематски целини, а трудниците и сите заинтересирани идни родители и членови на нивните семејства ќе можат да се пријавуваат директно во Клиничката болница во Битола.
„Ова ќе значи многу за идните мајки, родители, да се советуваат и да добијат правилни совети како да ги згрижуваат нивните новородени. Има и закажани термини кога сите трудници доаѓаат на редовни часови, тоа е редовна обука и припрема пред раѓање и по желба на родителите школата е отворана во секое време за давање совети и нега за помош на идните мајки“, рече д-р Елизабета Чипуровска, началник на Гинеколошко-акушерското одделение. .
Запрашана дали ќе ги советуваат идните мајки да го избегнуваат царскиот рез и да одат на природно породување, докторката рече дека тие постојано работат на тој план и ги советуваат мајките дека безбедно и сигурно е природното раѓање, но по индикација се работат и интеврнции на царски рез на одделението.