АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Смок долг околу два метра денес бил забележан на улицата „Илинденска“ во Битола во близина на населбата Ушици. Смокот го виделе и фотографирале група деца кои си играле на улица. Раскажуваат дека змијата лазела низ улицата кога поминало возило и ја прегазило. Во близина на местото каде се појави змијата има паркче каде често пати си играт деца.
Прегазен смок денес бил забележан и во месноста кај Симпо во Битола. Овие змии не се отровни. Во април пак, битолчани видоа змија како лази по ѕидот од коритото на реката Драгор во близина на Безистенот.
Јавното претпријатие „Стрежево“ од Битола пред овогодинешната сезона за наводнување со сопствени финансиски средства го обнови возниот парк. Набавени се шест теренски возила, трактор и приколка, мулчер и десет мопеди, инвестиција вредна 100 000 евра. Средствата се обезбедени преку домаќинско работење на претпријатието и рационално трошење на средствата.
Утре се навршуваат 75 години од Десантот во Нормандија во Втората светска Војна. По тој повод Апла.мк ја пренесува животната приказна за Панде Матевски од Битола кој загинал за време на овој историски настан познат како Денот Д.
Градоначалникот Љубе Кузманоски од Новаци го посети стопанскиот двор на ЈП за комунален отпад од Дуги Рат, Хрватска ,каде што учествуваше на презентацијата на Планот за управување со комуналниот отпад и негова рециклажа. Двете општини се збратимени шест години, а делегација на Општина Новаци деновиве беше во посета на пријателите од Хрватска. Договорена е соработка на повеќе полиња.
Покрај работните обврски, дел до делегацијата на Општина Новаци која е во посета на хрватската збратимена општина Дуги Рат, на своја иницијатива, со зип линија го помина кањонот на реката Цетина во Хрватска кај Омиш. Катерина Чукалевска, Лилјана Најдовска вработени во Општината и советникот Александар Канзуровски, кои се дел од деветчлената делегација, ја изненадија јавноста со својата храброст. Тие со сајла го премостија кањонот каде највисоката точка беше 210 метри. Од снимениот материјал објавен на интернет ви застанува здивот, а не пак да се впуштите во овој потфат.
Не е првпат Пелистер да побели во јуни, на крајот од пролетта, па дури и на среде лето. Вакви појави имало и во други години освен вчера кога заврна снег на Пелистер, а Апла.мк ексклузивно го објави видеото од снежната вејавица на врвот Антена снимено од Пецо Стојчевски, вработен во предавателниот пункт на Македонската радио телевизија.
Така, според напис во весникот „Битољске новине“ , а кој го пренесува професорот Александар Стерјовски во неговата книга „Записи за злосреќи“, снег паднал до подножјето на Пелистер пред 86 години, поточно на 28 мај 1933 година.
Дали некогаш се прашувате себеси што е тоа што ве поттикнува да размислувате на некаков познат начин за Вас или само сте ,,во чудо,, кога некој размислува тотално спротивно од Вас. Можеби го сметате за будала, губитник, кукавица, глупав или препаметен? И вообичаено за Вас е тоа дека вашето гледиште е она правилното, а туѓото ,,погрешно,,. Едноставно не можете да разберете како му доаѓаат такви мисли и од каде?
Ако ви е важно да проникнете во себеси и да ја олесните, продлабочите или ја подигнете на едно ново ниво меѓусебната комуникација, треба да постанете свесни дека постојат востановени обрасци на размислување кај секој од нас. Тие се формираат во текот на животот моделирани од примерот кој сме го гледале, начинот на воспитување, однесувањето на нашите родители, околината во која сме раснеле, сопствената слика која сме ја формирале за себе, како и нашиот пристап кон сопствените порази и триумфи.
За да ја подигнеме на едно ново скалило комуникација со луѓето кои ни се важни мора за почеток да прифатиме дека она што е во нашиот ум, не мора да е во нечии друг. И скоро никогаш не е. ТЕРИТОРИЈА е се она што е надвор од нас. Она што е внатре во нас за секој од нас е различно и тоа се вика МАПА. Мапата е нашата сопствена перцепција и интерпретација на она што го гледаме надвор од нас. Кога ќе разбереме дека ,,Мапа не е територија,, и не постојат прогрешни и правилни мапи тогаш можеме да прифатиме сечие мислење поаѓајќи од тоа дека не мораме да исправаме нечија мапа и да ја доведуваме да биде согласно нашата.
Неможноста да се разбере нечија туѓа мапа е само образец во кој сме заклучени. Тој не ограничува да проникнеме во различниот модел на светот и преку активно слушање научиме нешто повеќе и за себе и за перцепцијата која ја интерпретира соговорникот. Од друга страна неможноста да се препознае гласот на егото и да се сведе на минимум може потполно да не попречи да прифатиме дека постои друго гледиште кое не е нималку слично на нашето и да го сметаме тоа за потполна лудост. Тоа не е толку страшно колку што е внатрешниот дијалог кој го водиме со самите себе, вртејќи ист филм како хрчакот во својата пластична топка.
Низ животните лекции кои ни ги овозможуваат секојдневните ситуации,по пат на искуствено учење или ,,учење од улицата,, ќе спознаеме одредени работи. Ако тоа се надополни со соодветна едукација се добива производ кој сте самите Вие со сосема друг образец во кој владее она ,,мапа не е територија,,. А кога тоа ќе го инкорпорирате во вашиот секојдевен mindset вашата комуникација и вашиот внатрешен дијалог ќе се движат по нов образец кој дава слобода и го подигнува квалитетот на вашата комуникација.
Ако сите знаеме дека од квалитетот на нашата комуникација е одреден квалитетот на нашиот живот тогаш да поченеме од себе и својата мапа.
Пишува,
М-р Билјана Галовска - NLP master coach, Предавач на Бизнис Академија Смилевски
Инфо:Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Земјиното тло во Албанија продолжува да се тресе и вечерва, само што потресите се со помала јачина од оние вчера утро.
Така, според официјаните мерења, во текот на ноќта од 20,10 до 23,27 часот биле регистрирани дури осум земјотреси со магнитуда од 2,0 до 4,4. На сите епицентарот бил на повеќе од сто километри североисточно од главниот град Тирана.
Сепак, се работи за помали потреси, па повеќето не се почуствувани во Македонија.
Земјотресите што вчера утро го здрмаа регионот на Корча во Албанија и достигнаа магнитуда од 5 степени според Рихтер, беа почувствувани и во Битола.
Средношколката Костантина Ушковска деновиве имаше самостојна изложба, а нејзините ликовни дела беа исложени во библиотеката на гимназијата “Јосип Броз-Тито” во Битола, каде таа учи. Нејзината љубов кон уметноста и сликањето се јави уште од мала возраст и се развиваше со текот на времето.
Сликите на Ушковска се решително контемплативни. Насловот на оваа изложба “Tell Me When We Draw The Line”, произлезе баш од нејзините чувства кон природата, луѓето околу неа, но и чувствата кон самата себеси. Нејзините дела се рефлексија на чувствата на човекот во секојдневието, и тие го опишуваат својот суптилен и задоволувачки шарм. Тензијата во нејзините дела влегува преку комбинација на релативна тишина и непријатната бучава, но сепак севкупно останува спокојството.
Поддршка за настанот на талентираната средношколка и дадоа професорот Александар Поповски и библиотекарот Драган Ристевски.