АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општеството е збир на поединци, кои живеат на определен простор, во определено време, практикувајќи определена култура, споредувајќи определена слична свест односно психолошка слика за некои појави. Културата пак како еден од основните белези на општеството е се она материјално и нематеријално што човекот го создава за време на својот живот. Култура се формира врз база на некакви знаења, односно таа е резултат на човековите знаења умеења и вештини кои пак се усвојуваат преку процесот на воспитание и образование. Основата за постоење на се предходно е економијата односно материјалниот аспект на човекови пројави и форми на организирање. Поинаку кажано економијата е примарната дејност а образованието и културата се терцијални односно услужни дејности. За еден ваков поприлично сложен систем да постои и функционира, нужна е политиката која го организира надгледува, плански вложува и надградува овој процес.
Во нашата земја евидентни се процесите на руинирање на образовниот систем, културата , економијата а сето тоа е во суштина вина на политиката која се практикува во изминативе две децении. Преку ерозијата на економско производните услови на земјата по распадот на социјализмот, се распадна и морално иделистичкиот постамент на сите останати општествени столбови. Науката, културата, образованието, станаа и сеуште се само мртво слово на хартија. Хартија која што нималку не вреди доколку зборовите испишани на неа не произлегуват од практиката и не решаваат практични проблеми. Но од каде всушност започнаа овие проблеми? Виновник за овие состојби се пронаоѓа во онаа категорија што овој систем треба да го управува, стимулира и надградува а тоа е политиката сфатена во широка смисла на зборот. Долго време наназад овие општествени столбови не беа ништо повеќе од проста декорација на партискиот режим. Украс кој со време се претвори, во вносно поле за бројни партиски кадри кои, само седеа и допринесуваа односно може да се рече дека сеуште допринесуваат кон општиот колапс.
Економскиот аспект, основната движечка сила, безмалку веќе е мртов. Во вакви услови многу е тешко со малку финансии да се изведе нешто квалитетно, но не е невозможно. Со вистински кадри на вистинско место, со многу труд и постојанство навистина можат да се направат. Вистинските кадри пак не паѓаат од небесната шир туку тие треба да се формираат низ еден долг процес на образование. Во услови кога образовниот систем ви е руиниран до точка на формалистичко постоење, не може во суштина да очекувате никаков прогрес туку само дополнителен колапс. Палијативните реформи, разноразните партиски решенија, кои само номотехнички се менуваат а суштински се исти, едвај да може да се класифицираат како палијативни- привремени, површни, а научна фантастика е да се зборува дека тие нешто и ќе променат. Базирањето на политиките врз етнички,национален, па и верски концепт, представува само дополнителен товар на овој систем. Овие пристапи ширум ја отвораат вратата за политикантство со културните, научните и образовните проекти, па дури се отвара и врата за фашизмот, доколку истите средства ги распеделувата по определена групациска припадност од било кој вид. Постапките од ваков тип пак представуваат, погребение на и онака формално функционалните основни институции на општеството. Невложувајќи во системот на надградувајќи го, го осудуваме истиот на колапс, а општеството на уназадување.
Општествено уназадување, термин кој доколку се сфати во широк контекст е можеби најсоодветниот термин за оценување на движењата и процесите во современото македонско општество. Доколку успееме да го замислиме магичниот круг : политика, економија, образование, култура, како некоја уметничка креација односно како слика за целокупното македонско општество, тогаш верувам дека ќе согледаме слика која што никој не би сакал да ја гледа. Одговорноста за ова дело за жал нема да можеме да ја префрлиме само на политиката. Колективитетот наречен општество е воедно и главниот губитник но и главен виновник за ваквите состојби. Конформизмот на индивидуите, кои безкомпромисно прифаќаат се што ќе им се сервира, сервилно служејќи на теснопартиските цели и мегалолидерските хирови, се извршителите на бескрајната декаденција во форма на македонскиот маѓепсан круг: политика, економија, образование, култура.
Васко Гичевски, Студент на Институт за историја при Филозофски Факултет, УКИМ, Скопје
На првиот ден на пролетта во еколошки акции, битолските јавни претпријатија чистеа депонии во градот. Кревети, фотељи, телевизори, теписи, ќебиња и што уште не, можеше да се најде и во централното градско подрачје, но и во пооддалечените места.
Нови садници за Битола од општествено одговорни компании од градот.
По проширени и целосно реконструирани скали, битолчани годинава ќе можат да се искачуваат кон црквичето „Св. 40 маченици“, за време на одбележувањето на овој верски празник, соопштија од Општина Битола. Екипи на КЈП „Нискоградба“, по налог на Општината, ги завршија работните активности во вредност од околу 300.000 денари, кои покрај скалите, обезбедија решение за жителите на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“, во однос на истечните води.
Новите скали, во должина од четири метри имаат површина на газење од 32 сантиметри, нова платформа, а се обложени и со нова заштитна кошулица.
Во овој дел од населбата Баир, на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“, направени се канализациони приклучоци во должина од 45 метри, поставена е и нова шахта со атмосферска решетка, во која ќе се собираат атмосферските води, кои досега се излеваа на ѕидовите од околните куќи и им предизвикуваа големи проблеми на локалните жители. Направени се и нови 7 приклучоци на индивидуални куќи, во однос на фекалната и атмосферската канализација.
Поставен е потпорен ѕид во должина од 5,5 метри со висина од 1,40 метри. Поради непристапниот терен за работа со машини, се работеше рачно на ископ и поставување на цевките, од страна на вработените во КЈП „Нискоградба“.
На битолскиот рид Кркардаш, од каде градот се гледа како на дланка, на местото каде во 14 век загинале мачениците, се издига црквата „40 маченици“ која вечер и утре ја празнува својата слава.
Општинскиот одбор на Сојуз на борци-Битола подолг период забележува оштетувања на спомен-бистите во Градксиот парк во Битола,но и во околината на Битола каде има вандализам и сериозно оштетување на спомениците.Во летото 2018 година имаше период каде што беа кршени,туркани главите на спомен-бистите,обојувани и истите беа оштетувани таков случај беше со спомен-бистата на Панде Кајзеро.Моментално,покрај обоените спомен-бисти,сериозно се оштетени спомен-бистите на Стерјо Ѓоргиевски и Коле Љачевски-Љачето како и спомен-бистата на Томаќи Димитровски.
Наскоро повторно ќе се бележат пешачките премини, соопштија од Општина Битола. Бележењето ќе го прават неколку екипи на терен, најпрво во централното градско подрачје, особено на пешачките премини кај училиштата и фреквентните улици, а потоа, ќе се продолжи и во останатиот дел од градот.
Општина Битола, согласно потпишаните договори со операторот за изведување на пешачките премини, побара од изведувачот на сите места, на кои што бојата од претходното бележење на хоризонталната сигнализација во градот не се задржа во потребниот рок, да го повтори бојадисувањето на сопствен трошок.
Реновирани се соблекувалните и осветлувањето во фискултурната сала во Основното училиште „Климент Охридски“ во Битола со средства на Општината, РЕК „Битола“ и Советот на родители.
„Со реконструкцијата на соблекувалните во фискултурната сала се обезбедија подобри услови за учениците кои на број се 956 во училиштето“, рече директорката Гордана Анастасова.