2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Кркардаш во минатото и денес- верба што трае седум века (фото Љупчо Машлак)

Март 21, 2019

 

Кај манастирчето, така баирчани од памтивек си ја викаат црквата „40 маченици“ на Кркардаш, чија слава се празнува денес. Манастирчето за нив отсекогаш е место за молитва зашто и без да се исчакачат таму со поглед од улицата можат да го дофатат и да се помолат. Место за желби зашто веруваат дека кога ќе запалат свеќа крај белиот камен каде што прострадале мачениците, таа ќе им се исполне.

Место за душевен мир зашто генерации и генерации на ширинката околу храмот во природа се одмарале и ги полнеле батериите. Место за дружба, прошетка, рекреација. Место за величенствена панорама зашто од таму како на дланка се гледа Битола, па посетителите често пати од горе знаат со поглед да ја бараат својата стреа.

Крај манастирчето пораснаа генерации и генерации баирчани, битолчани. Вербата кон 40 маченици кои прострадаа за христијанската вера остана силен и по седум века од нивната погибел. Секоја година вечерта на 21 март и следниот ден едночудо битолчани се искачуваат на стрмниот рид за да запалат свеќа, да се помолат за здравје, а и да поуживаат во природа. Околу 5000 луѓе секоја година за Кркардаш доаѓаат на Кркардаш.54515037 336499460315699 7475515317423177728 n

Најголемиот дел од нив се млади. Посено децата и тинејџерите од Бајрот, Ушици, Бела Чешма, Стрелиште не би пропуштиле на ваков ден да не се качат горе. Таму ќе запалат свеќа, ќе влезат во храмот, потоа го разгледуваат панаѓурот, се возат на вртелешка и се дружат. Просто човек да не поверува дека ваков тип на дружба би ги привлекло во време кога младоста им е заробена од виртуелниот свет на интернетот.

По младите вчерта во црквичката остануваат постарите на посен грав. Понекогаш се случува на утро да има причесна за оние кои постат.54222266 430023674434868 99165602249179136 n

54435593 2260948660593336 5914460658568527872 n

Со Кркардаш пукнува и пролетта. Но, и кога не се годело времето, врнело, луѓето газеле во кал и се качувале горе. А кога сонцето грее, празникот бил налик на излет зашто со часови се седело на околниот рид и се уживало во топлото време, во пролетта и глетката. Само што некогаш и ридот беше поубав. Зелен со сенки од борови и миризба на багреми. Сѐ додека шумата не почна секоја година некој да ја пали, па прерасна во ливада.

И денес река од луѓе се слева кон „40 маченици“. Вечрта за жал, сѐ уште не беше исушено цемнетото од проширените и реновирани скалила, па беше поставена ограда и натпис дека уште е меко за газење и затоа се затворени. Поради ова сите посетители се упатија кон погорниот приод. Тоа беше единствениот пат кон манастирчето, не земајќи ги во предвид околните земјени патчиња кои до местото водат низ шума. Поради ова беше густо на скалите, но луѓето беа трпеливи и без проблем се разминуваа. Па, ова е верски празник, а верата нѐ учи на трпение и толеранција.54727672 872728839736296 2687310077320232960 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани