2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Пензионерите се една од нашите приоритетни целни групи, тоа се наши сограѓани за кои креираме политики со кои сакаме да им го подобриме квалитетот на животот, рече за средбата во Битола со Здружението на пензионери, министерката за труд и социјална политика Тренчевска.

„Затоа ги организираме овие средби со здруженијата на пензионери за да разговараме за проблемите со кои што се соочуваат, за да ги изнесеме наштите предлози за политики кои што навистина секогаш кога ги креираме, сакаме да ги креираме во консултација и дијалог со оние за кои што тие политики се наменети“ рече министерката Јованка Тренчевска.

Обуката на професионалните пожарникари, во услови кога во државата кадарот е дефицитарен, заглави во административните лавиринти и контрадикторноста во законите. Година и пол Центарот за обука на пожарникари „Пегаз-ЕДУ“ од Битола не може да врши обуки за професионални пожарникари зашто не му ја верификуваат програмата. Центарот за образование на возрасни прво делумно ја прифати и врати на дополнување, потоа ја одби, а откако Државната комисија за одлучување во управна постапка ја прифати жалбата на „Пегаз –ЕДУ“ и постапката ја врати на повторно разгледување, Центарот се прогласи за ненадлежен.

 

„Програмата која треба да ја верификува Центарот за образование на возрасни, од само ним познати причини не сака да ја верифицира. Иако се запазени сите рокови и услови од Законот, едноставно се изјаснуваат дека се ненаделжни. За ова време трпиме загуба зашто се вложени огромни средства, лични, без државата да вложи, а најмногу трпат самите граѓани зашто дефинитивно во државата не постои Центар за обука на професионални пожарникари, а секое лето имаме пожари со големи последици“, вели Костадин Поповски од „Пегаз-ЕДУ“, магистер по заштита на пожари кој 40 години работи во полето на заштитата на населението.

 

Тие бараат да им се дозволи програмата за обука на професионални пожарникари според член 11 (14) од Законот за пожарникарство, кој предвидува вработениот пожарникар во рок од една година да добие сертификат за стекната квалификација пожарникар, издаден од институција овластена од Министерството за образование, во спротивно му престанува вработувањето.

 

Од Центарот за образование на возрасни, на нешто прашање зошто не ја верификуваат програмата, се повикаа на членовите 7 и 12 од истиот закон. Велат „таму е наведено дека програмата ја донесува директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, a обуките се спроведуваат во Центарот за обука на Дирекцијата“.

Членот седум се однесува на сезонски пожарникари кои во услови на опасност од пожар ги ангажираат Општините, а не на професионални.

Од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) одговараат дека не вршат обуки за професионални пожарникари, не се овластени за тоа.

„Дирекцијата за заштита и спасување не е овластена од Министерство за образование и не организира редовни обуки за професионални пожарникари вработени во ТППЕ. Дирекцијата за заштита и спасување во Центарот за обуки на ДЗС организира обуки на сопствените сили и на сите инстутуции кои имаат формирани сили за заштита и спасување. Центарот за обука на Дирекцијата за заштита и спасување организира обуки и на сезонски пожарникари по барање на Општините“, ни одговори раководителот на Одделението за обуки при ДЗС, Рамадан Асани.

Контрадикторноста во законот е во тоа што член 12 дозволува стручно оспособување да враши Центарот за обука на Дирекцијата за заштита и спаусвање, а членот 11 (14) за професионални пожарникари тоа да биде овластена институција од МОН.

Центарот за обука на пожарникари „Пегаз-ЕДУ“ постои десет години и досега има спроведено два образовни циклуси по програма верификувана во Бирото за образование на возрасни лица и со акредитација од Министерството за образование и наука. Имаат обучено 140 професионални пожарникари од цела држава. Центарот е опремен по европски стандарди, а обучувачи се доктори и магистри на науки за заштита од пожари и меѓународни инструктор

Поради високите температури кои деновиве ја зафатија територијата на државата, Министерството за здравство апелираше граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита на здравјето, а особено да внимаваат и да преземаат соодветни мерки за заштита од УВ зрачењето. Доколку УВ индексот е повисок од 8, задолжително да се користи крема со заштитен фактор и капа, како и да се внимава движењето надвор да биде во сенка.

УВ зрачењето и топлината се најсилни во периодот помеѓу 10 и 14 часот и се препорачува во тој период да биде што е можно помала изложеноста на сонце. Воедно, посетителите на плажа треба да имаат предвид дека белиот песок и другите светли површини рефлектираат УВ зрачење и може двојно да ја зголемат изложеноста на зрачењето. Денес УВ индексот инесува осум.

Од Министерството препорачуваат во текот на екстремно топли денови, да се остане повеќе во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка. Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце заштитни очила и капа. За сончање да се користи крема со висок заштитен фактор. 

За да не доаѓа до дехидтратации да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци. Воедно, да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна. При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри. 

Поради високите температури и зголемената можност за појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба, термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу кус рок по подготовката, а ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во ладилник на плус 4 степени Целзиусови и пред употребата истата да се загрее на сто степени. Се препорачува да се избегнуваат производи кои не се термички обработени.  

На хронично болните лица се препорачува редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари. 

Министерството за здравство заедно со Комисијата за следење на ефектите од високите температури при Министерството, во континуитет и на дневна основа ја следат состојбата и доколку има пораст на температурите согласно најавите од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе бидат предложени соодветни превентивни мерки. 

На Националното првенство на младинци/ки, 24 - 25.06.2022 во Скопје битолските атлетичари блескаа.

 - Наталија Чона на 100 метри, на 3то место, со личен рекорд од 13.22

- Христијан Котевски на 100 метри, освоено 3то место со личен рекорд и време 11.65 и второ место на 400 метри со време 52.98

- Стефан Туловиќ, освоено шесто место на 100 метри, со време 12.17

 - Најмладиот учесник на натпреварот, десетгодишниот Илија Петровски, на 100 метри оствари одличен резултат од 17.47, и пред него претстои блескава иднина.

На натпреварот со нив беше тренерот на АК „Олимп“, Вера Велјановска. 

287337302 1849199705277189 900620953308113261 n

АД ЕСМ понуди цена на произведената електрична енергија од 48 евра за мегаватчас за периодот јули-декември 2022г. Цената за претходното шестмесечје, јануари-јуни 2022г изнесуваше 41е/МWh.

Корекцијата на цената мора да се гледа во контекст на енормното зголемување на цените на енергенсите на глобално ниво, како и нивната недостапност, особено во период на грејна сезона. Цените на мазутот, јагленот, гасот и електричната енергија забележуваат исклучително поскапување и тешкотии при набавката, што влијае врз производната цена на електричната енергија од АД ЕСМ.

Кога се анализира понудената цена од 48 евра за мегаватчас треба да се земе предвид дека цените за електрична енергија на берзата HUDEX за периодот јули-декември 2022г. се движат меѓу 320 и 360 евра за мегаватчас. Доколку АД ЕСМ пресмета пазарна цена кон ЕВН Хоме тогаш крајната цена за граѓаните би била приближна до бројките од берзанските цени.

АД ЕСМ и натаму се обидува да одржува колку што може пониска цена и корекциите да бидат во рамките на тоа што е неизбежно за да се обезбеди функционалност на компанијата.

За периодот јули-декември 2022, ЕСМ ќе ги обезбеди вкупните количини на електрична енергија кои му се потребни на ЕВН Хоме, односно 100% да ги покрие потребите на граѓаните и малите потрошувачи (законот за оваа година го обврзува ЕСМ за 60%), како и  целосно покривање на техничките загуби во системот на ЕВН Електродистрибуција и целосно покривање на техничките загуби во системот на МЕПСО. Исто така, ЕСМ се обврза да обезбеди и дополнителни 10% енергија доколку ЕВН Хоме го побара тоа во текот на договорниот период.

Конзумот на ЕВН Хоме е зголемен за 27% , поради префрлањето на потрошувачи од слободниот на регулираниот пазар (деловни субјекти, општини, јавно осветлување).

Од тие причини, АД ЕСМ го зголеми планот за производство на електрична енергија за 2022г. за 20% од производството во 2021г.

 Дополнителните потреби на ЕВН Хоме и на ЕВН Електродистрибуција ќе ги задоволиме со дополнителна набавка на јаглен за зголемување на производството од термоелектраните Битола и Осломеј, како и обезбедување доволни количини мазут за работа на ТЕЦ Неготино.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани