АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Мордехај Нахмијас бил истакнат партизан, познат по прецизниот истрел, кој за жал не го спасил од смртта на два месеца пред ослободувањето, загинал заедно со својата сограѓанка, Естреја Овадија-Мара на Кајмакчалан.
По подолг период се бојадисува внатрешноста на Гиманзијата „Јосип Броз Тито“ во Битола со средства одбезбедени од Општина Битола. Викендов таму се одвива молерски зафат. Ова е едно од средните училишта во Битола со најголем број на ученици. Градоначалничката Наташа Петровскана на својот фб профил напиша дека претходно внатрешните простории на објектот цела деценија не биле бојадисани.
Во Кино сојузот на Македонија од в година ќе се отвори школа за документарен филм со цел да се пиривлечат што повеќе млади лица да работата на тоа поле, но и да се стекнат со повеќе знаења. Ова беше соопштено на синоќешното отворање на 27. Интернационален фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“ во Битола.
Општина Битола потпиша договор за реконструкција на улицата „Партизанска“ на потегот од кружниот тек кај маркетот „Веро“ па сѐ до улицата „Методија Андонов- Ченто“. Изведбата ќе чини над 19 милиони денари, а изборот на фирмата бил направен по пат на електронска аукција уште на 25 септември годинава.
Посебното издание „Прилози“ од 1980 година посветено на академик Михајло Апостолски, кој бил и почесен член на Македонското научно друштво од Битола, е дел од ретките литературни трудови во рамки на изложбата „Книги: историја, иднина“ отворена вечерва по повод 4.Ноември- Денот на ослободувањето на Битола. Со оваа значајна изложба на преку 400 книги со различни стручни тематики, кои покажуваат колку Битола имала и има кавлитетни автори, научници, истражувачи од различни области, започна празничната програма за одбележување на Денот, која ќе трае четири дена.
„Секоја награда е важна, задоволен сум од постигнатото во животот, а наградата од мојот град Битола само потврдува дека има луѓе кои знаат да ги валоризираат трудот“, вели Благој Стефановски- Баге годинешен добитник на наградата „4-ти Ноември“ за животно дело што Општина Битола ја доделува по повод Денот на ослободувањето на градот.
Откако го освои вечниот град Рим, долгоочекуваниот филм на најнаградуваниот македонски режисер Милчо Манчевски доаѓа во Битола. Проекциите премиерно започнуваат вечерва, први ноември, со почеток од 20 часот во киното во Центар за култура во Битола. Филмот ќе се прикажува викендов и в понеделник, така што проекцијата во сабота и понеделник се од 20 часот, а во недела е од 22,15 часот.
„ Врба“ е македонска филмска приказна, која се појавува моќно, драматичен еп за три македонски жени и нивната желба за семејна љубов. Ја следи приказната за трите жени кои не го менуваат светот или општеството, но нивната борба да станат мајки ги прави хероини во филмот. Главните улоги ги толкуваат: Сара Климоска, Наталија Теодосиева, Камка Тоциновски, Ненад Нацев, Никола Ристески.
Ж. З.
Н.У. Завод и музеј Битола со својата тактилна изложба предизвика големо внимание кај лицата со попреченост во Србија. Изложбата која вчера, 29ти октомври беше отворена во Роднокрајниот музеј во Књажевац, ќе биде поставена уште во неколку градови во Србија.
На отварањето, за изложбта и концептот зборуваа раководителот на проектот Д-р Ирена Ружин, програмски раководител од Н.У.Завод и музеј Битола, м-р Јове Парговски, еден од авторите на тактилните слики и стручен соработник за дигитализација на културното наслество, Милена Милошевиќ Мициќ –кустос советник, а изложбата ја отвори Директорот на Роднокрајниот музеј м-р Александар Ристиќ. Тој истакна дека бројката од 12.000 слепи и слабовиди лица во Србија е поттик и понатаму да се размислува за различниот пристап до културното наследство до тие посетители и дека соработката со Битола со задоволство ја продолжува.
М-р Дејан Раденковиќ, член на Управниот одбор на Сојуз на слепи од Србија, посетител со попреченост, за медиумите изјави дека е воодушевен и задоволен, дека оваа изложба е одлична, една од најдобро организираните изложби, технички и содржински.
На дваесетте панели се претставени експонати од колекцијата на битолскиот музеј преку фотографии и текстови, а за слепите и слабовидите лица се изработени тактилни слики и текстови на брајово писмо на српски јазик. На панелите се поставени и кодови преку кои се пристапува и до аудио интерпретација за експонатите и видеа со презентација на знаковен јазик.
Во претходните Н.У.Завод и музеј Битола покажа дека овој пристап е одличен за слепите лица бидејки им дава можност преку допир тие ги доживуваат експонатите.
Гостувањето со тактилна изложба е резултат на повеќегодишната соработка на двата музеи особено во делот на зголемување на пристапноста на музеите за лицата со попреченост. Тимот за овој проект, посетуваше голем број на обуки организирани од Балканаска музејска мрежа, а при подготовката консултираше повеќе експерти како и Здруженијата на лица со попреченост.
Претходно двата музеи го реализираа проектот Музеј во куфер, повеќе обуки, семинари и работилници за пристапност, во двата града.
Целта на двата музеи е поставките да бидат достапни за сите лица со ралични попречености.
Оваа изложбата е поддржана од Министерство за култура.
(Инфо од Завод и музеј-Битола)