АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Живи „статуи“ ги пречекуваат битолчани и гостите на Фестивалот на монорама деновиве низ центарот на Битола. Годинава новина е дневната офф-програма која од 12 до 15 часот се случува на делови од Широк Сокак со учество на актери од Статуа Фест, а централна точка на оваа придружна програма e Јагода на крајот од оваа пешачка позната зона на Битола, каде актерите живи статуи и познатите артисти од битолската електронска сцена ќе имаат своја програма.
Широк Сокак со живи статуи:
14.05 Виктор Апостоловски
15.05 Dejan Dex
16.05 Bobba Funk
17.05 Ace Mice
18.05 Berryqyat
19.05 Chiko
20.05 Acika
21.05 Joss
На 14 мај, во Центарот за култура во Битола, под мотото „Помеѓу“ започа 23-то издание на Интернационалниот фестивал на Монодарамата на кој дојдоа професионални актери од 11 држави, а ќе изведат вкупно 13 монодрами.
Битола до 21 мај ќе биде вистински фестивалски град, каде ќе гостуваат монодрами од Велика Британија, Ерменија, Хрватска, Шпанија, Азербејџан, Полска, Израел, Бугарија, Молдавија и Романија, со уметнички сензибилитет на новодефинираните театарски тенденции.
Женската ракометна екипа од гимназијата „Јосип Броз –Тито“ од Битола е шампион на државната манифестација „Гимназијада 2022“ што се одржа во Струмица, единствен спортски настан за најдобрите спортски училишни екипи од средните училишта во Република Македонија. Машката ракометна екипа е вицешампион со освоено второ место на истите натпревари. Ментори на младите рекометари од Горната гимназија се професорите Михајло Сиљанов и Антонио Трпковски.
Почна рехабилитација на патниот правец од Сопотница до Железнец, Демирхисарско, по барање на жителите од овој крај. ПАтот кој е дел од регионалната сообраќајница Битола – Кичево, не е реконструиран повеќе од 40 години. Инвестицијата е со вкупна вредност од 127 милиони денари, а се реализира во соработка со ЈП за државни патишта и ЈП за одржување на регионалните и магистрални патишта.
„Дадовме збор пред граѓаните и драго ми е што денеска сме повторно тука во Сопотница, да извршиме увид на овој толку важен патен правец за жителите на општина Демир Хисар. Во овој момент се поставува нов асфалт, така како што им ветивме на жителите, очекуваме оваа градежна сезона да продолжиме со рехабилитација и на другите патни правци предвидени во годинешната програма,“ изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.
„Со рехабилитацијата на овој пат ќе се овозможи побезбеден сообраќај на оваа делница, како и подобри услови за мештаните,“ изјави директорот на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта, Костадин Ацевски.
За Демир Хисар и за жителите од Сопотница ова е од огромно значење за локалниот живот, потенцираше Марија Кочовска, пратеник во Собранието на Република Северна Македонија. Таа истакна дека оваа реконструкција се прави прв пат после 1976 година.