АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Додека во Битола времето е магливо и облачно, Ниже Поле е огреано од сонце. Токму тоа го потврдуваат фотографиите од Ски центарот „Ниже Поле“'- Стрежево објавени на фејсбук. Местото е одлично за уживање овие зимски денови, има снег, сонце и чист воздух.
Од денот на нашето раѓање до последниот наш здив, тежиме да живееме љубов, да дишеме љубов и да имаме некој што не сака такви какви што сме. Имаме чувство дека такви ќе сме потполни. И кога на свесно ниво не признаваме, на несвесно посакуваме да бидеме омилени (што значи сакани) во друштво, помеѓу роднини, во семејството, на работа, но сите ќе се согласите со мене дека кога ќе речеме ЉУБОВ помислуваме на партнерски односи. И, некои од Вас можеби се запрашале: Како на некој им оди од рака таа љубов да ја имаат толку долго со тој интензитет или како некои се заедно со својата сродната душа, а Вие не?!
Верувам дека секој од Вас вложил многу за да успее една врска во која сметал дека има љубов и на крајот можеби се разочарал или бил повреден. И верувам дека некои врски се раскинуваат и покрај тоа што љубовта продолжува да трае. Постојат бракови во кои нема љубов, а се среќни,а изгледа постојат и бракови во кои има љубов, а се чувствува некој млаз несреќа.
Постоењето на љубовта не ги решава сите проблеми, нити пак може да направи чуда тие да не постојат. Таа може само да биде погонско гориво за ракетно ласирање на желбата да се истрае во нивно решавање преку поддршка, разбирање и присуство. И, таквата љубов се вели во песните дека ретко постои. Се појавува прашањето зошто?
Сетете се на почетокот на вашата врска, на вашето запознавање и на тоа што најмногу ви се допаѓаше кај вашиот партнер. Сетете се на тоа колку често имавте потреба да бидете заедно, дури верувавте дека не постоела таква љубов со таков интензитет. И низ времето вие еден до друг, се заборавивте еден со друг затоа што имавте попаметна работа - заеднички обврски, одговорности, стресови и други луѓе. Тогаш љубовта се зема ,,здраво за готово,, и се става во контејнер на кој пишува ,,се подразбира,,. И се она што го имате со вашиот партнер се подразбира затоа што постои во вашиот живот. Не се радувате на заедничкото кафе затоа што се подразбира, не дискутирате на некоја тема затоа што се подразбира, не уживате во заедничкото време затоа што се подразбира дека ,,немате време за заедничко време од обврските,,. Така ја убиваме љубовта со куршумот наречен – подразбирање- и станува жртва која некогаш била херој за кој сме биле спремни да градиме споменик. А, потоа таа “не чини” толку многу..... и се мисли дека “некој надвор вреди повеќе или гради поубаво.” И така врските стануваат тешки, токсични, неискрени и стресни, затоа што се смета дека ЉУБОВ е само кога е убаво и кога се ужива.
Иако некои љубови е предвидено да завршат, други да се случат, секогаш постои една вистина. Таа вели ЉУБОВТА не може да опстане сама од себе, неа и треба внимание, добар збор, разбирање, понекогаш и борба за неа, за таа да може да се храни и да живее. Секој ден треба да бидеш љубов пред да побараш љубов, да дадеш љубов пред да очекуваш и да дефинираш што за тебе значи љубовта и како таква да ја живееш, а не само да ја подразбираш.
Во моите мисли кога зборувам за љубовта секогаш се стиховите од првото послание на светиот апостол Павле до Коринтјаните во кое се вели:
“Љубовта е долготрпелива, полна со добрина,
Љубовта не завидува,љубовта не се превознесува,
Не се гордее, не прави што не е пристојно,
Не бара свое, не се срди, не мисли зло,
На неправда не се радува, а на вистина се радува,
Се извинува, во се верува, на се се надева, сé претрпува.”
Па, да се прашаме “Дали сме љубов”????????
Пишува: м-р Билјана Галовска НЛП тренер и коуч, предавач на Бизнис Академија Смилевски
(Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на Апла.мк. Затоа Апла.мк не сноси одоговорност за содржината на истите)
Роза Ѓалевска долгогодишна медицинска сестра имаше среќа да ѝ падне парето од мазникот што го сврти медицинскиот тим од Детското одделение при битолската болница, синоќа во ресторанот „Грне“. Роза за „Апла.мк“ рече дека парето ѝ се паднало и лани и годинава, а се случувало и во изминатите години да биде среќлија кога вртеле мазник со колективност од работа.
Бројката од 80 девојки кои тренираат фудбал во Женскиот фудбалски клуб „Топ гол“ покажува дека кај битолчанки има интерес за спортот кој до неодамна важеше за машки. Битолскиот клуб е еден од најстарите женски фудбалски клубови во земјава, а секоја година расте интересот за упис.
„Голем број битолчанки играат фудбал. Женскиот фудбалски клуб Топ гол постои 12 години и е еден од најстарите клубови за женски фудбал во земјава. Целото опстојување е од самофинансирање и со спортистки од нашиот град. Со спортските ваучери и помошта од АД ЕСМ ќе имаме можност да побараме и некое зајакнување. Но, главна цел и обврзани сме тие средства да ги искористиме за девојки од градот Битола“, вели основачот и тренер на „Топ гол“ Кире Грбевски.
(Основачот и тренер на „Топ гол“, Кире Грбевски, првиот од десно)
Тој додава дека интерес има, кај нив тренираат 80 девојки, а досега четири пати биле младински шампиони на Македонија. Имаат 12 репрезентативки скоро во секоја од четирите категории, а работат со неколку тренери.
„Организациски сме поставени како машките клубови, но со помал буџет. Сега со донациите и спортскиот ваучерски систем се надеваме дека таа рабта ќе се промени и ќе биде подобро“, рече Грбевски.
Ж.З.
АД ЕСМ денес потпиша договори за финансиска поддршка на спортски клубови од Битола по основ на таканаречен спортски ваучер систем. РК „Пелистер“ ќе добие 8,5 милиони денари, КК „Пелистер“ 2,5 милиони денари, ФК „Пелистер“ поддршка од 1 милион денари, ЖРК „Пелистер“ 750.000 денари. Поддршка врз основа на спонзорства и донации ќе добијат и Кугларскиот клуб Пелистер и Женскиот фудбалски клуб „Топ гол“.
Од понеделник секој ден од 11 до 13 часот во Националната универзитетска библиотеката „Св. Климент Охридски“ ќе им се читаат бајки на децата, во детската читална. Проектот е насловен „Да им читаме на децата“.
Од Библиотеката порачуваат: „Треба само да ги донесете Вашите деца без мобилни телефони!!!“
Нема ограничување на возраста.
Книгите се нешто волшебно. Тие им овозможуваат на децата да откријат нови светови, да запознаваат нови работи и да учат за минатото, но исто така имаат и преобразувачка моќ.
Националната Установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ - Битола и „Сумнал“ - здружението за развој на Ромската заедница започнуваа да реализираат краток бесплатен курс од 7 часа за ИТ вештини од областа на фотошоп, илустратор и видео едитирање.Часовите ќе се одржуваат еднаш неделно и ќе траат до средината на февруари 2020 година.
Овој курс ќе го држи волонтерот Андреи од Романија кој е дел од ЕВС проектот „Кажи да за промена“ финансиран од Еразмус + програмата.
Сите заинтересирани ќе треба да носат свој лап-топ (може и двајца на еден).
За подетални информации и пријавување на е-маил
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Следниот час ќе се одржи на ден 16.01.2020 година, со почеток во 17 часот во Читалните, во просториите на Библиотеката.
Можност да се пријават уште 5 лица.
Општина Битола бара измени на Законот за старо градско јадро донесен во 2015, зашто поради големиот опфат и потребните дозволи ги кочи инфраструктурните зафати. Дури и за да изгребе асфалт или да изврши рехабилитација на некоја улица на Општината ѝ требаат дозволи од битолскиот Завод и музеј и од Управата за заштита на културното наследство. Тоа се зафати кои треба да се изведуваат во континуитет и не ја нарушуваат споменичната целина, а сепак, потребна е бројна документација што ја одолговлекува постапката.