АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола во соработка со пчеларското здружение „Нектар “од Битола организираат промоција на „Пчеларски календар“ од авторите проф. д-р Александар Узунов од Факултет за земјоделски науки и храна од Скопје и м-р Борче Павлов професионален пчелар. Промоцијата ќе се одржи на ден 23 ноември (сабота) 2019 година, со почеток во 11 часот во просториите на Библиотеката.
Во „Пчеларски календар“ се опишани целогодишните активности во пчеларникот, апитехниката, фазите во функционирањето на пчелните семејства низ годината, согласно специфичностите на климатските и вегетациските услови во Македонија. Тоа е поткрепено со релевантни податоци за температурите, врнежите, како и фенолошкиот календар за цветање на некои медоносни растенија во Македонија.
Промоцијата влегува во новата програма на библиотеката „Хортикултурни библиотеки“ како дел од регионален проект поврзан со содржините екологија, хортикултура и подигање на свеста за важноста на живот во здрава средина, промовирана во Европа од стана на УНЕСКО – УН Агенда 2030 за влијанието на библиотеките врз потребите на заедницата.
Моника Стојчевска, дипломиран правник, вработена во Центарот за социјални работи во Битола, е новиот в.д. директор на оваа институција, дознава Апла.мк. Стојчевска е назначена на местото на досегашната директорка Сузана Вељановска со мандат од шест месеци.
Ж.З.
Претставата „Жени“, документарен театарски проект по текстови на жени болни од рак, во режија на Софија Ристевска Петрушева, продолжува да ја полни салата во „Интимен театар“ во Битола. Ова е трет месец како се прикажува, а интересот не спласнува. По синоќешната изведба наградена со овации, претставата ќе се игра и овој петок со почеток од 20 часот во Интимен театар. Во „Жени“ играат трите најодважни кои го победија ракот и предрасудите, па јавно проговорија за битката со оваа тешка болест- Невена Стерјова, Трендафилка Киклевска и Катерина Петровска.
(Фотографија од храбрите жени, учеснички во претставата)
Инаку, претставата е работена по автентични случки и текстови на жени болни од рак, но користени се и авторски текстови на Билјана Крајчевска, како и текстови од „Три сестри“, на А.П.Чехов. Ова е жив театар кој зборува отворено за проблемите на најголемиот дел од жените во Битола кои водат лавовска борба со оваа опака болест.
„Иако сме во 21 век, темата која ја претставивме, борбата со ракот, се уште е табу тема. Ние, што некои не нарекуваат ‘глумци’, иако по вокација не сме тоа, сепак сме активни актери во борбара со ракот. И верувајте, многу храбро се носиме со тоа“, велат жените од претставата.
Инаку, целта на овој театарски проект е да се подгигне свеста за редовни прегледи и брзо дијагностицирање на болеста која има епидемски размери, посебно во Пелагонискиот регион.
Ж.З.
Република Албанија отвори Почесен конзулат во градот на конзулите, Битола. Ова е тринаесетти конзулат што се отвора во новата битолска историја. Конзулатот е сместен на Широк Сокак каде што се наоѓаат и дел од другите конзулати,а за почесен конзул е назначен Имер Селмани, поранешнен вицепремиер и екс министер за здравство, како и кандидат за претседател во 2009 година од партијата Нова демократија кога беше наречен и македонски Обама зашто покрај Албанците привлече и македонски гласачи.
Најголем дел од 633 ученици од основните училишта во градот одговориле дека многу ретко (48,4 проценти) или никогаш (33 проценти) не фрлаат отпад на несоодветно место. Ова се само дел од резултатите добиени од анонимата онлајн анкета што ја спроведе Регионалното географско друштво „Геосфера“ од Битола во рамки на прокетот „Разбудете ја еко- свеста во себе“ финансиран од Фондацијата отворено општество Македонија.
Мртво новороденче било донесено вчера од страна на родителите во Клиничката болница во Битола, соопштија од Битолската полиција. Вчера околу 13,35 часот од Болницата во СВР Битола било пријавено дека кај нив е донесено починато новороденче без траги на насилство.
Полициски службеници констатирале дека бебето било донесено од родителите Р.А.(24) и Р.Н.(24), двајцата од Битола. По наредба на јавен обвинител, телото на починатото бебе ќе биде предадено за обдукција. Од СВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Младите генерации да не заборават никогаш низ што врвеле нашите претходници за да ја стенат слободата, порача Данка Јанковска на промоцијата на фото-монографијата „Црвениот виор на Тоде Ивановски“ посветена на нејзиниот татко, партизан и голем уметник.
Вистински вулкан, како што впрочем беше насловен и концертот, се случи вечерва во Центарот за култура на последната вечер од Фестивалот на музика од светот со настапот на Џамбо, оркестарот Агушеви и специјалниот гостин, битолскиот кларинетист Благојче Трајковски.