2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Утре, сабота, во 12 часот на трибината „ На прав пат“ што ќе се одржи во Центарот на култура во Битола ќе присуствува претседателот на СДСМ и премиер на Република Северна Македонија, Зоран Заев, градоначалничката Наташа Петровска и претседателот на комисијата за спорт при СДСМ, Наумче Мојсовски, најави советничката и секретар на ОО СДСМ Битола, Жаклина Наумовска. заклина

„За само две години направивме повеќе во корист на граѓаните од единаесет години. За две години ги зголемивме платите, пензиите, отворени се повеќе фабрики и повеќе работни места, инвестирано е во патишта, исплатени и доделени субвенции. Со домаќинското работење на локалната власт, образованието и градинките функционираат непречено. Станавме предводници на концептот 50-50 на жени во политиката! За две години од заробеност постигнавме и достигнавме да имаме силна преспектива и обезбедена иднина. Од изолирана земја, сега сме земја светол пример за сите. Стануваме 30та земја членка на НАТО“, рече Наумовска.

Холот на Гимназијата „Јосип Броз Тито“ денес беше полн со штандови здрава храна. Таму за првпат се одржа македонско-словенечки доручек со цел да се влијае кај учениците да се хртанат здраво, но да се поттикнат и школите за воведување здрав оброк за учениците. Настанот беше организиран под покровителство на Амбасадата на Република Словенија и „Бага фуд“ од Битола, а во соработка со Гимназијата и Словенечкото здружение „Триглав“ од Битола.

Младинскиот културен центар од Битола по повод петти декември Меѓународниот ден на волонтерите, додели два златни сертификата за волонтерство и тоа на Граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“ и на Ротари клубот Битола Широк Сокак.

Република Бугарија донираше 40 000 евра за реконструкција на подрачните училишта „Гоце Делчев“ во селата Радобор и Чарлија во општина Могила. Денес реконструираните школи ги посети бугарската делегација предводена од  министерот за здравство на Бугарија Кирил Анaниев, бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов и бугарскиот конзул во Битола, Димитар Иванов. 

Првата дама на Република Северна Македонија  Елизабета Пендаровска засади дрвце во дворот на училиштето во новачкото село Бач. Таму денес беше промовирана донацијата од Република Бугарија во износ од 45 000 евра со што се реновира покривот и внатрешноста на училишната спортска сала. Градоначалникот на Новаци Љубе Кузманоски ги пречека министерот за здравство на Бугарија Кирил Анaниев, бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов и бугарскиот конзул во Битола Димитар Иванов. 

По пауза од четврт век Народниот театар од Битола во своја продукција на сцена поставува детско-младинска претстава. „Си беше еднаш во иднината“ е новата премиера работена по текст на Сашо Кокаланов, а во режија на Срѓан Јанаќијевиќ, закажана за во петок.

„Како продуцент на претставата сум особено горд што после 25 години со поддршка на Министерството за култура продуцираме една детска и младинска претстава. Имавме обиди и минатите години, но за жал не добивме средства од Министерството да ја ревитализираме или реанимираме детско-младинската сцена во Тетарот во Битола. 25 години беа потребни затоа што некој своевремено решил дека аплицирајќи до Министерството за култура тоа ќе го одземе правото да се добие проект кој би го нарекол целовечерен. Не би рекол дека тоа е некаква незаинтересираност иако би требало да се обрне повеќе внимание зашто тоа е публика која понатаму треба да се едуцира и би требало да се потрудат да го направат тоа макар и на мускули“, рече на денешната прес конференција Иван Јерчиќ, директор на НТБ.

Уметничката директорка Илина Чоревска рече дека нити еден режисер или драматург нема дојдено со детски текст или со предлог да работи детска претстава.

„Тоа говори за тоа колку ние немаме однос кон најмладата публика која мораме и треба да ја едуцираме за театар. Ние сме направиле непоправлива штета во тој поглед. И ова е текст направен по нарачка на Народниот театар од Битола и благодарност до режисерот што се нафати зашто имавме добиени друга претстава од Министерството за култура, а и тие изгледа во пресрет да го сменат текстот’’, рече Чоревска.

Режисерот Јаниќијевиќ рече дека важно е да се имаат младински претстави зашто театарите кога немаат редовен детски репертоар, кога работат претстави за деца, тие се за најмладите, а а младинците се заборавени.  

„Постојано има една театарска дупка во образованието, се воспитуваат децата театарски до седум-осум години и кога е најважно за младите од 8 до 19 години многу ретко се случуваат претстави. Дури и Театар за деца и младинци по повеќе од 20 години постоење има две- три младински претстави што е многу малку во однос на другите стотици претстави“, рече режисерот.

Претставата е приказна за две деца Адила, бегалка од Истокот со папагалот Рамин и Андреа чии родители не се дома, но цело време е со својот андроид.   

„На една група деца им велам нацртајте вазна, а не знаат што е вазна, не знаат да нацртаат овошја, не зборувам за папаја туку за наши овошја. Нивните братчињата и сестричињата ги отпишуваат од училиштето ‘Ѓорги Сугарев’ и ги запишуваат од други училишта поради предрасуди. Дечиња велат дека учителките, место да доаѓаат 10 минути порано, стигнуваат 10 минути подоцна на час. Претставата ќе отвори еден куп такви проблеми’, рече актерот Никола Пројчевски.

Во претставата ликот на Адила го игра  Сандра Грибовска, на Андреа Анастазија Христовска,  таткото Мартин е Огнен Дранговски, мајката Матеа -Валентина Грамосли, палагалот Рамин -Никола Пројчевски, Нова-Никола Стефанов, полицаецот Менде Филип Мирчевски, бабата Менче Елена Моше. 

Ж.З.

Обемот на проблемот со насилството врз жените и девојчињата станува алармантен. Една од три жени во Европа е жртва на физичко или сексуално насилство. Речиси сите жртви на трговија со луѓе поради сексуална експлоатација во рамките на ЕУ се жени и девојчиња. Во земјите во развој едно од три девојчиња е во брак пред да наполни 18 години. Мора и кај нас во Македонија да нѐ загрижува тоа зашто постојат малолетнички бракови и се зголемува нивниот број, рече Фатма Бајрам Аземовска од „Сумнал“ -Здружение за развој на Ромската заедница во рамки на кампањата „16 дена активизам за спречување на насилството врз жените и девојчињата“ која започна од 25.11.2019 година и трае до 10.12.2019 година.

Најстариот факултет во Битола, Техничкиот, кој опстојува половина век е дивоградба. Факултетот бара од Општина Битола согласност за да отпочне легализација зашто дел од земјиштето каде е изграден е општински. Одуката на денешната седница треба да ја донесат битолските советници. Техничкиот факултет сака да покрене постапка за легализација за да може да постави фотоволтаици. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани