2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Времениот објект што деновиве е поставен на Шеталиште пред влезот на Стадионот ќе биде coffee to go станица, се јави на социјалните мрежи сопственикот Гордијан Петровски и во објавениот ФБ статус тврди дека ги има извадено сите потребни доволи.

„Овој објект ќе биди coffee to go станица, секако има уште многу работа за да го добие својот вистински изглед. Објектот уште не е готов, во наредните денови ќе се финишира се и тој ќе се вклопи во целост со скејт паркот. Просторот кај што е поставен не е зелена површина, не е место кое е заштитено со закон како музејска и историска вредност и ги имам сите дозволи, а исто така си ги платив уредно. Тоа можите да си го проверите и во Општина, а заедно со се елаборатот можам да ви ги испратам ако сакате на сите поединечно, заедно со сите решенија од УЈП, Централен регистар и Државен пазарен инспекторат“, напиша Петровски.

Вакви станици имал видено на неколку места, во неколку паркови во Хрватска, каде работел изминатите години.

„Јас во социјалниот живот сум никој и ништо, дете од просечна фамилија, се разбира ако бев богато лигајчарче ќе ги немав овие проблеми, сите ќе идевте да ми честитате и ќе ми се восхитувавте на идеата. Но, сите да сте здрави и живи, за неколку дена местото ќе биде разубавено и ќе му вдахниме живот. Јас не сум правник, туку само еден млад угостител кој се обидува да се бори на домашен терен, а не да оди во странство, но за легалноста на сето ова ве упатувам во Општина Битола за подетални и стручни информации. А за изгледот на местото, за жал ќе мора да почекате уште неколку дена, не не послужи и времето. А скептиците, повторно ќе бидат разочарани, бидејќи местото ќе биде разубавено, а не нагрдено“, напиша сопственикот, посочувајќи дека одвај чека цело лето да се дружи со битолчани со музика, кафе, цеден портокал, протеин, сенка и чист воздух.

За идејата и инвестицијата на младиот битолчанец под неговиот ФБ статус му лајкнуваат и лица кои партиципираат во локалната власт.

Времениот објект во вид на трафика кој е поставен на битолското Шеталиште пред влезот за Стадионот, предизвика реакција од министерот за локална самоуправа Горан Милевски. Тој на неговиот ФБ профил напиша:

„Капиталните инвестиции на оваа наспроти претходната власт.

Офицерски дом во Битола наспроти новиот гулабарник.

Јавна установа за сите граѓани наспроти приватно гранапче.

Промените на поинаку започнаа во Битола на најјако.

Капиталните иновативни решение веќе се видливи.

Разликите се како куќарките од приказните со трите прасенца“.

277813681 396161025850454 6514612358057838037 n

277803917 396161089183781 8092755551876167576 n

На 09.04.2022 во 23.30 чaсот на наплатна станица Сопот, од страна на полициски службеници Одделот за сериозен и организиран криминал – Единица за недозволена трговија со дрога, во координација со СВР Велес, СВР Битола и во содејство со Единица за службени кучиња од слобода е лишен Д.Д.(33) од Битола, поради основи на сомнение за извршено кривично дело по чл. 215 од Кривичниот законик.

Имено, при преглед на патничко возило „БМВ“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Д., биле пронајдени и одземени ќеса со кокаин и едно пакување со марихуана. Лицето е приведено во СВР Велес за понатамошна постапка, а за случајот е известен Јавен обвинител и по негово документирање против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Расцветаа магнолиите на Магнолија- рај за очите.

Фото панелите поставени врз стариот рудник за јаглен „Осломеј“ во Кичево ќе произведуваат ,,зелена” електрична енергија, нема да го загадуваат воздухот и околината, а просторот околу нив ќе биде засејан со трева, која истовремено ќе го врати еко-системот и ќе спречи насобирање прашина врз фотонапонските панели и намалување на нивната ефикасност, соопштија од ЕСМ.

„Од тие причини, проектот Фотонапонска електрана во Осломеј е значен не само заради неговите енергетски вредности, туку е важен и од еколошки аспект за поблиската и подалечната околина на РЕК Осломеј. Електраната во моментот е функционална, веќе го користи сонцето кое го има во изобилие на ова поднебје и дава придонес во вкупното дневно производство на АД ЕСМ“, соопштија од Компанијата.

Во Хераклеја животот не завршил во шести век туку траел до 11 век, рече археологот Енгин Насух за време на презентацијата на резултатите од проектот „Смарт- кул –тур“.

„Тоа е периодот на опстојување на Херраклеја , четврти век стара ера па се до 11 век нова ера. Онаа тероија дека во Хераклеја во 6 век завршува животот веќе не постои. Тоа веќе не важи. Имаме нови сознанија за континиуитет на градот. Со доѓаањето на христијанстсвото театрите престануваат да се употребуваат и доаѓа до едно многу брзо заградување на театарот и градење на нови објекти . Тоа е една станбена целина, која испадна на крај дека е макростанбена, се простира и десно од тетарот кон Католичките гробишта. Се работи за еден поголем дел од градот и во посиромашна фаза на живење кога се објектите од камен и кал“, рече Насух.

  

ЈП ,,Водовод"  ги известува граѓаните дека на ден 07.04.2022 ( четврток), поради дефект на водоводната мрежа ПВЦ Ф -225, со прекинато водоснабдување  ќе бидат корисниците од :  С.Кравари, с.Егри, с.Оптичари, с.Меџитлија, Терминал и Кромберг Шуберт.
 
Прекинот ќе трае од 09:00 часот до завршување со санацијата.
 
ЈКП Водовод Битола ги известува корисниците на вода за пиење дека започнува со редовно читање на состојбите на водомерите за потрошена вода за пиење  во пролетниот период. За таа цел, се молат корисниците да ги исчистат своите водомери од зимскиот период,  за полесно да бидат достапни на  инкасантската служба на ЈКП Водовод Битола, за  да може слободно да се евидентира состојбата за потрошената вода за пиење
 
 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани