2win800x200

Во Хераклеја живот имало до 11 век

Април 09, 2022

Во Хераклеја животот не завршил во шести век туку траел до 11 век, рече археологот Енгин Насух за време на презентацијата на резултатите од проектот „Смарт- кул –тур“.

„Тоа е периодот на опстојување на Херраклеја , четврти век стара ера па се до 11 век нова ера. Онаа тероија дека во Хераклеја во 6 век завршува животот веќе не постои. Тоа веќе не важи. Имаме нови сознанија за континиуитет на градот. Со доѓаањето на христијанстсвото театрите престануваат да се употребуваат и доаѓа до едно многу брзо заградување на театарот и градење на нови објекти . Тоа е една станбена целина, која испадна на крај дека е макростанбена, се простира и десно од тетарот кон Католичките гробишта. Се работи за еден поголем дел од градот и во посиромашна фаза на живење кога се објектите од камен и кал“, рече Насух.

  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани