
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
ЈП „Пазари“ денеска комплетно го изми Новиот реонски пазар во Битола. Поради настанатата ситуација со коранавирусот ЈП „Пазари“ во изминатите неколку дена ги дезинфицира и ги изми двата пазари Градскиот зелен пазар и Новиот реонски пазар, како и управната зграда на ЈП „Пазари“ и објектите со кои стопанисува.


Во вонредна состојба, кога надлежните апелираат да се остане дома и да не се дига паника со коронавирусот,битолчанец наречен „Ritko mdfk“ снима скриена камера заплашувајќи ги граѓаните на Битола дека ќе им мери температура и ќе уапси. На снмиката наречена „Битола под карантин поради коронавирусот“ Ритко е облечн во бел мантил со хирушка капа, туба и прскалка за дезинфекција.
Ги споделуваме овие фотографии од наш читател, кој за да ги испочитува препораките граѓаните да не се групираат повеќе од 5 лица, сам пешачеше по течението на Ротинска Река.
Здружението на пензионери Битола, ги известува сите пензионери, дека е во постојана координација со ОО на Црвениот крст Битола и Општина Битола за снабдување и потреба од основни средства за хигиена, храна,лекови како и други услуги за нашите пензионери.
Апелираме да се почитуваат препораките за заштита и спречување од вирусот COVID-19 од Министерството за здравство и Владата на РСМ, да се седи дома и да не се излегува надвор без потреба .
Доколку имате потреба од овие услуги јаветесе на телефоните 047-236-019 и 070-381-749. и најбрзо ке бидете услужени во вашите домови.
Ве известуваме дека на терен се излезени легитимирани волонтери –тимови, кои вршат достаување на храна, средства за хигиена, лекови за сите пензионери и грагани
Останете дома, грижата за јавното здравје е грижа и обврска на сите нас.
Здружение на пензионери Битола
Општина Новаци со екипи од ЈКП "Комунална Хигиена" -Новаци продолжува со превентивните мерки против Covid-19 (коронавирус), со миење на локалните улици, дезинфекција на јавни површини и објекти.
Активностите за чистење и дезинфекција се со цел да се подигне нивото на јавната хигиена и да се заштити здравјето на граѓаните од ширењето на коронавирусот.
Општина Новаци е на висина на задачите и спроведувањето на мерките со што активностите ќе продолжат и во наредните денови .

Од локалната самоуправа апелираат до граѓаните за поголема свест и почитување на мерките и препораките од Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија.
Општина Новаци им стои на располагање со помош и поддршка на сите граѓани од општината преку Оперативниот штаб и тимовите со волонтери од секое населено место , на дневна основа, преку вршење на инструкции и превземање на мерки за заштита од коронавирусот согласно препораките од Влада , Министерството за здравство и другите државни институции и препораки, набавка по итна постапка на заштитни средства , намирници ,средства за хигиена и лекови за вработените во институциите и жителите на општината.
