
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
ГРУПА НА ТРГОВЦИ - БИТОЛА
БАРАЊЕ
До сите релевантни институции во Република Северна Македонија
Почитувани,
Имајќи ја во предвид новонастанатата ситуација и препораките на Министерството за Здравство, со цел заштита на граѓаните, наша обврска е да ве известиме дека се соочуваме со сериозни проблеми во поглед на нашата ликвидност. Имено, во предходниот период сите ние се обезбедивме со роба, неопходна за престојната пролетна сезона, заради престанок со работа сето тоа ќе оди во расход. Намалената ликвидност и тешката финансиска состојба со која се соочуваме ќе не принуди најпрво да ги отпуштиме вработените, потоа да ги раскинеме договорите за закуп, а потоа и целосно да ги затвориме нашите фирми. Тоа, гледано на подолг рок не би било во наш прилог, а секако не е ни државен интерес. Со оглед на тоа што и ние придонесуваме во државната каса, најпрво со тоа што не сме на нејзин терет, а потоа затоа што редовно си ги плаќаме сите режиски трошоци и обврски кон државата, сметаме дека треба да бидеме опфатени со мерките за помош на фирмите и дејностите погодени од кризата. Едногласно апелираме до сите надлежни институции на Република Северна Македонија, под најхитно да се земат во предвид нашите барања:
- Целосно покривање на трошоците по основ плати и придонеси за сите вработени се до решавање на кризната состојба, за месец март да се обезбеди 50% од пропишаната минимална плата
- Замрзнување или одложување на сите наши обврски кон државата (по основ ДДВ и други даноци)
- Ослободување од плаќање на наемнина за користење на деловен простор кој е во државна сопственост или дирекно дејствување кон сопствениците на деловни објекти за ослободување од плаќање на наемнина до решавање на кризната состојба и ослободување од закупнина во износ од 50% за месец март
- Одложување на ратите по основ кредити или лизинг на рок не пократок од 6 месеци
- Обезбедување на кредитни линии со поволни или безкаматни стапки за сите фирми од секторот трговија.
Во надеж дека нема да се соочиме со бран отпуштања од затворање на работни места, што би предизвикало дополнителен товар на државата преку мерката за материјално обештетување на вработените, очекуваме да биде погоре наведеното земено во предвид и соодветно реагирано по истото, во најкус можен рок, но не подолг од 31.03.2020год.
Со почит, Група на Трговци од Битола
Зонското паркирање е десеткувано, празни се паркинг местата на улиците, а празни се и затворените паркинзи низ градот. Од јавното претпријатије велат дека од 90 илјади паркирани возила дневно, бројот е намален на 10 до 15 илјади.
Државните електрани заедно со РЕК Битола, ФОД и синдикалните организации од овие компании, со екипа од 50 опремени и обучени лица, на повик на Општина Битола денеска започнаа со дезинфекција во сите влезови на станбените единици во Нова Битола.
Со првиот чекор во наплатниот центар на трите јавни претпријатија „Водовод“, „Нискоградба“ и „Комуналец' , ќе ве пречекаат вработени од претпријатијата кои ќе ви понудат дезинфекција на рацете со соодветно дезинфекциско средство. Ако се знае дека честото миење на рацете е неопходно за да се ограничи ширењето на инфекции, во овој случај со дезинфекција на рацете се намалува ризикот од пренесување на вирусот и се штитат не само граѓаните кои дошле да ги платат сметките за вода, туку и вработените во наплатните центри, велат од јавните претпријатија. Вработените љубезно ќе ве информираат дека дезинфекцијата е добар начин да ги неутрализирате бактериите и вирусите на нашите раце. Средството за дезинфекција за раце тоа го прави на оптимален начин, така што вашето здравје ќе биде добро заштитено додека се допираат одредени површини каде што има поголема феквенција на луѓе.
-Ме изненади гестот на вработените, и тоа многу позитивно, веднаш штом влеговме во новиот наплатен центар љубезно ни понудија дезинфекција на рацете, и за тоа им сме благодарни, бидејќи и ние како граѓани допираме различни површини, предмети, други лице, облека, што може да има честички. Вака безбедни се и граѓаните, ама и вработените во наплатниот центар. Добро е што јавните претпријатија и институциите се грижат за нас граѓаните, вели битолчанка.

ЈП „Водовод“ претходно ги презеде сите превентивни дезинфекциони мерки за сите објекти на претпријатието, а тие мерки ќе се повторуваат и во иднина, по потреба. Вработените имаат на располагање заштитна маска и ракавици, а средства за чистење на рацете со раствор на алкохол се поставени во сите работни простории. Во ова јавно претпријатие согласно одлуките на Владата за превенција од ширење на Ковид 19 на огласните табли поставени се информативни содржини за превенција од ширење на Ковид 19.



