2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

НЕМА ПОВЕЌЕ ПАТУВАЊЕ ДО СКОПЈЕ ЗА ПРЕГЛЕД НА ДЕЦАТА СО НЕВРОРАЗЛИЧНОСТИ, објави Клиничката болница Битола, најавувајќи го неврологот д-р Данило Нонкуловски! 

 FB IMG 1774611515350
"Има патишта кои се премногу долги и тешки, особено кога по нив се тргнува со дете кое бара посебна грижа и внимание.
Долго време, многу наши сограѓани, беа принудени да ја бараат помошта далеку од дома.
Доаѓа крај на непроспиените ноќи и на тешкиот товар од секој километар поминат кон Скопје. Завршува времето кога нашите дечиња мораа да поминуваат низ мачни патувања кои им ја одземаа силата и кога родителите - херои со немир во срцето чекаа по туѓи ходници, само со една желба, нивното дете да ја добие потребната грижа.
 
Со огромно задоволство во пресрет на месецот на аутизмот, соопштуваме дека Клиничка болница - Битола склучи договор со доц. д-р Данило Нонкуловски - детски невролог, кој отсега ќе ги врши прегледите во нашата установа. 
Без дополнителни трауми, без долги патувања, во сигурни раце, во својот град.
Нашите најмили, нашите ПОСЕБНИ дечиња и вие, родители ХЕРОИ, сте во нашиот фокус.
Вашата насмевка сега ќе цвета дома, во Битола! 
Патот до здравјето не треба да биде мачење, туку прегратка која ве пречекува дома, во Битола.
 
• Отсега, секоја ваша насмевка е и наша заедничка победа, објавија од Клиничата болница Битола.  FB IMG 1774611519899

Надлежните институции испитуваат што ги предизвикало стомачните тегоби на кои вчера се пожалија работници во комбинатот, објави 360 степени.

Битолското Основно јавно обвинителство ги координира дејствијата за целосно испитување на сомненијата за труење со храна во РЕК „Битола“, поради што лекарска помош од вчера до денеска претпладне побарале стотина лица. Дека ОЈО Битола е известено за случајот информираа од Јавното обвинителството на Република Северна Македонија, откако претходно беше соопштено дека Државниот санитарен и задравствен инспекторат (ДСЗИ) привремено ја затворил кујната во Рударско-енергетскиот комбинат (РЕК) „Битола“.  „Во однос на сомненијата за труење со храна во РЕК ‘Битола’, Основното јавно обвинителство Битола е известено и ги координира дејствијата за целосно испитување на настанот“,велат од Јавното обвинителството.  Надлежните испитуваат што ги предизвикало стомачните тегоби на кои вчера се пожалија работници во комбинатот. Тие тегобите ги пријавиле откако јаделе лазањи со сос во мензата на комбинатот.

СДСМ донесе одлука за распишување на внатрепартиски избори и на критериуми за избор на претседатели. Одлуката е донесена на седница на Централниот одбор на СДСМ одржана синоќа.  560163144 1230048605832561 1501310920061592837 n

Повикот е отворен за самокандидирање за претседатели на СДСМ во петнаесетина општински организации.

"Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги повикува сите заинтересирани членови на Општинските организации на Битола, Кавадарци, Ѓорче Петров, Крива Паланка, Карпош, Неготино, Шуто Оризари, Пробиштип, Зелениково, Чешиново Облешево, Арачиново, Липково, Боговиње, Делчево, Градско и Претседател на Градската организација на СДСМ-Скопје, да поднесат кандидатури за претседател, а притоа да ги исполнуваат критериумите од Правилникот за кандидирање и избор на Претседател на Општинската организација на СДСМ и Претседател на Градската организација на СДСМ-Скопје, објавија од партијата.

Партијата објави критериуми и бара идниот претседател да ужива висок углед и кредибилитет во локалната заедница и регионот на живеење, да ја има поддршката од сите етнички заедници во својата локална средина. Од граѓаните и населението да биде прифатен како совесен и исполнителна личност која се вбројува помеѓу оние со највисок јавен и професионален углед, на локално ниво да поседува силни политички и организациски способности и да поседуваа вештини за јавен настап.

Заинтересираните кандидати своите програми за работа треба да ги достават во период од 27.03.2026 до 02.04.2026 година до Претседателот на СДСМ Венко Филипче. Меѓу имињата кои се "вртат" во јавноста за иден претседател на СДСМ Битола, се Зоран Стојчевски, Софија Ристевска-Петрушевска, Јане Велкоски, Анета Сердарова, Борче Корлевски, Благој Лазаров ... 

ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ ЗА БРАНИТЕЛИТЕ ОД ВЕЈЦЕ! Во Битола ќе се игра за чест, не само за победа

 
На 28 април 2026 година, Битола нема да биде само град на фудбал. Ќе биде град на сеќавање.
 
Во спортската сала „Д-р Јован Калаузи“, со почеток од 10:00 часот, ќе се одржи турнир во мал фудбал посветен на бранителите од Вејце.
 
Не е ова само турнир.
Ова е ден кога топката ќе се тркала за оние што не се вратија.
Ден кога секој гол ќе биде потсетник, а секој аплауз, благодарност.
 
Преку спортот, Битола ќе застане обединета, со едноставна порака, не забораваме.
 
Хероите не заминуваат.
Тие остануваат во секој чекор, во секој натпревар, во секое срце.

Книжевниот клуб УТОПИА како алтернативна театарска сцена: дуо-драмата „Љубовни писма“ ја воодушеви битолската публика. 

 Messenger creation ED5399F7 878B 4AE7 AC5C 7A8B97320EC7
Со камерната дуо-драма „Љубовни писма“, која се одигра во просторот на УТОПИА Битола доби уште една потврда дека современиот театар не мора да живее исклучиво на институционални сцени.
 
Претставата, во изведба на реномираните актери Верица Недеска и Игор Ангелов, донесе интимна, суптилна и емотивно прецизна интерпретација на текст што преку писма ја следи сложената врска меѓу два лика низ период од пет децении.
 
Верица Недеска, актерка со богато театарско, телевизиско и филмско искуство, позната по својата сценска дисциплина и емоционална длабочина, уште еднаш потврди дека минимализмот е нејзина силна страна. Нејзината интерпретација се движеше меѓу тишина и експлозија, градејќи лик што публиката го чувствува, а не само го гледа. Messenger creation 0EF4C9E2 5A51 42FC 9469 81E6CA63B908
 
Игор Ангелов, актер со долгогодишна и разнолика кариера, препознатлив и по своите авторски и монодрамски проекти, ја донесе својата карактеристична сценска прецизност и суптилна иронија. Неговото присуство на сцената не е наметливо, туку органско, што ја прави комуникацијата со публиката директна и искрена. Messenger creation 80872F03 6EED 4C8D A1EC 4B4DE9BF765F
 
„Љубовни писма“ за првпат се изведува надвор од Скопје (каде што се игра во DUDE кафетеријата), а битолската публика имаше ретка можност да ја доживее оваа камерна форма во простор што природно ѝ одговара.
 
Со ова гостување, UTOPIA продолжува да се позиционира како нова, алтернативна театарска сцена во Битола, простор за монодрами, дуо-драми и камерни претстави кои бараат блискост, концентрација и вистинска емоционална размена со публиката.
 
Ова е второ вакво театарско гостување во УТОПИА, по претставата „Сите најубави нешта“ на ОХО продукција во режија на Дејан Пројковски, по текстови на Данкан Мекмилан а во изведба на Игор Ангелов, што дополнително ја зацврстува идејата за клубот како место каде театарот се враќа на својата суштина, актерот и гледачот во директен однос.
 
Со вакви програмски избори, УТОПИА не само што отвора нов простор за театар во градот, туку и создава публика што бара повеќе од класичната сцена. 

НА СЛЕДНАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ И УРБАНАТА ОПРЕМА СО НОВИ ЕЛЕМЕНТИ

 
8-та седница на Советот на Општина Битола е закажана за вторник 31 март, а пред неа расправите во матичните комисии.
 
Пред советниците ќе се најде одлуката за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Битола за 2026 година, потоа програмата за измени и дополнување на програмата за развојни планови на Општина Битола за периодот од 2026 до 2028 година, како и измените на програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Битола за 2026 година, измените и дополнувањата на програмата за економски развој на Општина Битола за 2026 година и измените и дополнувањата на програмата за финансирање и изработка на Урбанистички планови на подрачјето на Општина Битола.
 
Меѓу точките од дневниот ред и програмата за поставување на урбана опрема на јавни површини на подрачјето на Општина Битола, како што се и електричните полначи за автомобили и автобуси, локации за полнење на електрични велосипеди и паркомати.
 
Советниците ќе носат и одлука за поставување урбана опрема – тезги и трицикла на подрачјето на Општина Битола.

Нова пешачка патека за битолчани покрај реката Драгор! -Со денешното бележење на паркинг местата на зона Б7 се оформи и пешачката патека на улица Булевар 1ви мај со цел непречено движење на пешаците на оваа локација, информираат од ЈП Паркинзи Битола.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) привремено ја затвори кујната во Рударско-енергетскиот комбинат (РЕК) „Битола“ откако работници во комбинатот вчера се пожалиле на стомачни тегоби. Тегобите ги пријавиле откако јаделе лазања со сос во мензата на комбинатот. На Инфективното одделение на Клиничката болница во Битола вчера до 15 часот на преглед се јавиле 81 работник, а ноќеска и претпладнево лекарска помош побарале уште 30 лица.

По пријавата на случајот, во кујната на РЕК „Битола“ вчера е извршен вонреден инспекциски надзор од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство, ДСЗИ, Центарот за јавно здравје Битола и Институтот за јавно здравје Скопје, при што се земени мостри од храна и брисеви од работни површини, како и од вработени во кујната. - Кујната на операторот со храна е времено затворена, односно дадена е забрана за вршење на дејност подготовка и послужување на храна од истата сè до завршување на инспекциската постапка и добивање на уредни наоди од лабораториските испитувања на земените мостри и брисеви. Наредено е вонредно чистење и дезинфекција на објектите и опремата и спроведување вонредни санитарни прегледи за сите вработени лица“,соопштија од АХВ.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани