2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Венко Андоновски доаѓа во Битола, на книжевна вечер во УТОПИА
Творештвото на Венко Андоновски припаѓа на втората категорија, литература што не нуди лесни одговори, туку бара внимание, мисла и време.
На 2 април 2026 (четврток), со почеток во 19:00 часот, во Книжевен клуб Утопија, ќе се одржи книжевна вечер со еден од најзначајните современи македонски писатели.
Венко Андоновски доаѓа во Битола, на книжевна вечер со наслов: Литература како сериозен разговор.
Во фокус ќе биде новата книга „Александар јава на запад“, но разговорот ќе се отвори и кон неговите претходни дела, кон темите што ги носи со години, јазикот како одговорност, верата и сомнежот, историјата и човекот во неа.
Оваа вечер нема да е класична промоција.
Разговор во кој литературата се сфаќа сериозно.

81 година Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Битола. Библиотеката е основана на 25 март 1945 и оттогаш расте, се збогатува со книги и денес има книжен фонд од околу еден милион книги и бројни списанија. Библиотеката испишува нови страници, остварени се партнерства со универзитетите, културните установи и локалната заедница, продлабочена е соработката со факултетите и наставно -научниот кадар, особено значајни се меѓународните соработки со Националната библиотека во Рим, Универзитетската библиотека во Кемниц, Националната библиотека на Малта и Градската библиотека ,,Марко Марулиќ- Сплит.

Одржана е првата меѓународна конференција на библиотекари и за прв пат после десет години одржан е саем на книгата. Ова е само еден дел од реализираните  активности на библиотеката.

137069ef 9bcd 4a4b 8339 1eee32867447

 

Синоќа на свеченоста беше промовирана книгата од проф. д-р Зоран Пејковски: „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Овој истражувачки труд ја третира природата и карактерот на творечкиот и креативниот гениј Св. Климент Охридски од времето на неговото дејствување преку сите креативни форми создавани под негово влијание во духовниот и културниот равој на македонски терен пројавени на синхрониски и дијахрониски план, како и неговата инспиративна пројава во современото уметничко творештво во Македонија – со главен акцент на книжевните остварувања, но и во документарната и филмската продукција.

Промотор на книгата беше проф. д-р Маја Јакимовска-Тошиќ, од Институт за македонска литература при УКИМ

dcc677d2 0d2e 4b57 b2db 0f7b41a3ffc3

 

Доделени беа наградите „Роднокраен автор за 2025“

Наградата за “Роднокраен автор за 2025 година “-поезија ја доби Ели Маказлиева

Маказлиева е писателка, поетеса за возрасни и деца, магистер по педагошки науки, уредничка на безброј книги, авторка, тим лидер и програмски уредник на многу домашни и меѓународни проекти, организаторка на повеќе литературни настани и добитник на повеќе национални и меѓународни награди и признанија. Авторка и коавторка на над 80 книги, поезија и проза за деца и возрасни

 

00c3524e ee67 42dc a9e1 0e8b3ace86f8

 

Наградата за “Роднокраен автор за 2025 година “-проза ја добива Гордана Такец.

Мината година за Гордана (Петров) Такец е плодна година исполнета со многу труд и работа и крунисана со 6 романи. 1.Како го преживеав Виетнам 2.Балканот е валкан 3.Руски Рулет 4.Јасмин 5.Нашите испуштени нешта и 6.Сага за малиот Леон. Организатор е на 7 уметничко литературни настани насловени; "АКО ОДАМ ВО БИТОЛА" и издавање на меѓународни антологии од група автори, како и активности тесно поврзани со книжевноста.

Наградата за „Животно дело на Роднокраен автор од Битола“ ја добива Зоран Пејковски

Зоран Пејковски е поет, драмски писател, драматург, прозаист, публицист, театарски критичар, научник и културен дипломат. Тој е доктор по културолошки студии на институтот за македонска литература при универзитетот ,, Св. Кирил и Методиј“ и професор по Драматургија на Факултетот за театарски уметности при Интернационалниот универитет ,, Европа Прима“- Скопје.

Тој е автор на 69 книжевни дела, вклучувајки: 22 збирки поезија и 6 поеми, 25 драмски текстови и 6 сценско-драмски рецитали, еден роман и еден препев, 5 научно истражувачки книги (четири од театрологијата и една од медијавистиката) и 3 публицистички книги.

Објавил над 50 научни и критички студии, рецензии и осврти, кои се сметаат за значајни придонеси во македонската литература и театарска мисла. Добитник е на бројни домашни награди и признанија меѓу кои: во 2024 награда за роднокраен автор за драма, во 2025 награда за роднокраен автор за поезија доделени од (НУУБ ,, Св Климент Охридски“ – Битола),  награда ,,Гоцева мисла“ за презентација на македонската литература во странство и други.

Добитник е и на бројни Меѓународни признанија :2016 -Почесен амбасадор на мирот, 2018- Европски медал за поезија и уметност  ,,Хомер“, Плакета и статуетка,, Зоран Радмиловиќ“, за придонес во културата на балканските народи и за развојот на културната соработка на Балканот и други.

Покрај книжевната и научната активност Пејковски ја извршува функцијата директор на Македонскиот културно-информативен центар во Софија и работи како дипломатски советник, афирмирајки ја македонската литература, култура и национална самобитност на меѓународната сцена.

 

3c0b8eef c7d8 4dbd aba1 beddc2cd98ff

На свеченоста се обрати м-р Емилија Стефановска Давкова, директор на Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Битола

„Како истакната институција од областа на културата во Македонија, ќе се пофалам дека за прв пат добивме делегиран буџет за што пред сѐ морам да ги истакнам одличните проекти од библиотечната дејност, со коишто повторно во текот на целата година планираме богати настани со сите категории на корисници од најмладите -претшколска возраст до трето доба, а во делот на меѓународната соработка, ќе одиме во Алхамбра- Гренада -Шпанија, Мароко- Казабланка; Даблин-Ирска; Сплит Хрватска и секако на ИФЛА најважната интернационална федерација на библиотекарскиасоцијации која ќе се одржи во Бусан-Јужна Кореја.

Понатаму, годинава, ќе се инвестира во просторијата за музикалии, проект од 2013 година, каде првата фаза беше тогаш реализирана, но сега се дадени доволно средства за доопремување на просторијата како професионална соба за учениците и студентите кои се заинтересирани за некнижниот библиотечен фонд, во што спаѓаат ЦДа, винил- грамофонски плочи, др електронски изданија за што ќе има и голем ТВ екран и слопрема за работа. Во неа ќе се служат и освежителни и топли безалкохолни напитоци а целата просторија е наменета пред сѐ да ги привлечи младите ентузијасти, но и сите истражувачи во пријатната атмосфера преку современиот мултимедијален пристап на библиотечно работење. Исто така, оваа година, ќе извршиме доопремување и на просторот кај постојаната музејска поставка, со застаклување на изданијата на Библиотеката и други раритетни книги и стари ракописи. Во рамки на тоа, ќе направиме и соба на св. Климент Охридски , со што во преговори со туристичките агенции планирам да се реализираат туристички посети со влезница со симболична сума за што туристите ќе го видат и нашето пишано наследство, како и првитепечатарски машини од Гутенберг на коишто е испечатен вториот број на весникот Нова Македонија и Прогласот на АСНОМ!  

Во делот на издаваштвото за оваа година имаме аплицирано за библиографии за роднокрајните автори, посебна книга за роднокрајните автори, како и книга за богатата меѓународна соработка на Библиотеката со истакнати Светски центри и библиотеки.  

А во делот на инвестиции, со ребалансот на буџетот очекувам конечно да се одобрат средства за санација на кровната покривка- старото крило на Библиотеката што е под Законот за заштита на културното наследство и е дел од Широк Сокак- културно обележје на нашиот град Битола, но и Македонија, како целина!

Нашата Библиотека располага со современи дигитални читални, кои во текот на изминатата година дополнително ги збогативме со нова компјутерска опрема, бесплатен интернет и мултимедијални содржини. Од самиот почеток на мојот мандат, интензивно работиме на дигитализација на старите и ретки книги, а библиотекарите континуирано вршат селекција на изданија кои, согласно законските прописи, се прогласени за културно наследство. Нашата цел е тие да бидат соодветно конзервирани, заштитени, застаклени но и дигитално достапни, како и презентирани во рамки на Музејската поставка на Библиотеката.

Уверена сум дека со заедничка енергија – на сите вработени во библиотеката, заедно со сите граѓани, наставниците, учениците, студентите, професорите, истражувачите и сите љубители на книгата – ќе ја зацврстиме и унапредиме улогата на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола како амблем на знаењето, инспирацијата и културниот развој во нашиот град и пошироко“, рече Стефановска Давкова .

ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА СПОРТСКИ ИГРАЛИШТА ВО ОУ „ДАМЕ ГРУЕВ“

 
На уште една локација почна да се работи во новата градежна сезона. Станува збор за изградбата на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“, што е проект од вториот владин повик, преку министерството за образование и наука.
 
Денеска локацијата ја посетија градоначалникот на Битола Тони Коњановски, претседателот на Советот Бојан Бојкоски и секретарот на општината Борче Димитровски, а од одговорните за проектот беа информирани со текот на работите.
 
Станува збор за отворени повеќенаменски игралишта во училишниот двор и тоа терени за ракомет, кошарка и одбојка со вкупшна површина од 1311 м2.
Проектот предвидува поставување и на тартан подлога со дебелина од 13 милиметри, а вкупната асфалтна површина ќе биде на 2081 м2.
Околу терените ќе биде направена и пешачка патека во бехатон на површина од 294 м2, асфалтирање на пристапниот дел до игралиштата, паркинг простор, хортикултурно уредување и поставување на урбана опрема.
 
Вкупната сума на проектот е 15.507.414 денари.
 
И ова училиште се приклучува кон другите основни училишта кои ќе имаат нови спортски терени, што е заложба на општината учениците да имаат модерни и современи услови за спортските активности.
Пешачката патека во центарот на Битола пак стана паркинг! Пред еден месец Општина Битола во соработка со јавното претпријатие „Паркинзи“ со столпчиња означи пешачка патека од двете страни на дел од улицата „Св.Кирил и Методиј“ во централното градско подрачје во Битола која води од кај Градската библиотека кон зградата на поранешната општина.
Столпчиња требаше да го спречат паркирањето на автомобилите кои го попречуваа движењето на пешаците, бидејќи улицата е еднонасочна. НО ПОПУСТО, не се почитуваат новите сообраќајни правила!
 
А.Б 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани